Свет
Насилства во Мексико во пресметки на нарко банди
NULL
Најмалку 14 лица загинаа во три одвоени напади, во ноќни клубови на северот на Мексико. Мексиканските власти проценуваат дека нападите се поврзани во војните на нарко-картелите во оваа земја. Девет лица се убиени, а 11 ранети, кога вооружени лица отвориле оган во два ноќни клуба во сојузната држава Коауила, кајо се граничи со Тексас. Нешто подоцна петмина се убиени во Сиудад Хуарес, град во кој многу чести се пресметките на нарко-картелите, изјави портпаролот на обвинителството на државата Чивава, Артуро Сандовал. Во исто време, во државата Гереро, во градот Акулаку полицијата пронашла тела на петмина мажи. Американска агенција пренесува дека мексикански војник убил четворица, наводни трговци со дрога, во пресметка која се случила во пацифичката држава Најарит. Повеќе од 35.000 лица се убиени во насилствата поврзани со трговијата со дрога, од моментот кога претседателот на Мексико, Фелипе Калдерон во декември 2006 година, започна голема офанзива против нарко-картелите во државата. крај/танјуг/н.ц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

