Свет
Индиски министер за здравство: хомосексуалноста е болест
ОН и активистите за борба против сидата бараат оставка од министерот за здравство на Индија, Гулам Наби Азад, откако хомосексуалноста ја нарече болест
ОН и активистите за борба против сидата бараат оставка од министерот за здравство на Индија, Гулам Наби Азад, откако хомосексуалноста ја нарече болестАзад на меѓународната конференција во Њу Делхи за ХИВ/СИДА изјави дека хомосексуалноста „е болест која во Индија дошла од други земји“ и дека таквиот секс е „неприроден“. „Таквиот секс не би требало да постои, но постои. Многу е лесно да се најдат жени – сексуални работнички и да се образуваат, но оние мажи кои имаа секс можат многу тешко можат да се идентификуваат“, смета Азад. На конференцијата присуствувале и премиерот Манмохан Синг и многу други високи функционери од владеачката гарнитура, но тие тврдат дека заминале пред министерот да ја даде неславната изјава. Изјавата на Азад предизвика жестоки реакции кај претставниците на ОН. „Тоа е голема несреќа, случај за жалење и целосно неприфатливо еден министер да биде толку нечувствителен кон чувствителните општествени групи како хомосексуалците“, смета Ананд Говер, Специјален известувач на ОН за здравјето.Хомосексуалност во Индија е декриминализирана дури во 2009 година, но антихомосексуалните предрасуди се сеуште многу силни во земјата. /крај/bbc/сс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На таткото на момчето убиец од Србија му е продолжен притворот за уште 60 дена, има сомнение дека може да го повтори делото
Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 60 дена на Владимир Кечмановиќ, таткото на момчето кое на 3 мај уби девет негови врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“.
На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот поради сомнение дека доколку биде пуштен на слобода за краток временски период ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што постои основано сомнение дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, соопштија од тој суд.
Во обвинението за тешко кривично дело против општата безбедност се товари Владимир К., а за сторено кривично дело недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи, мајката на момчето Миљана К.
Свет
Шест лица загинаа во напад на џамија во Авганистан, непознато лице пукало во цивили
Најмалку шест лица загинаа, а едно лице е рането во џамија во авганистанскиот град Андишех во областа Гузара, изјави авганистанскиот министер за внатрешни работи Абдул Матин Кани.
Тој изјави дека „непознато вооружено лице пукало во цивилни верници во џамијата“ вчера во 21 часот по локално време, пренесува Ал Џезира.
Меѓу убиените е и имамот на џамијата во која се молеле шиитските муслимани.
Ројтерс јавува дека меѓу жртвите има и дете.
Свет
Седум Палестинци загинаа, а 32 се ранети во израелски бомбардирања
Седум Палестинци загинаа, а најмалку 32 се ранети во израелско бомбардирање на блокираниот Појас Газа, јавува дописникот на ВАФА.
Тој рече дека израелските воени авиони извршиле серија воздушни напади врз северните и западните делови на бегалскиот камп Нусејрат, при што загинале четворица Палестинци, а 15 други се ранети.
Тој додаде дека израелски воени авиони извршиле три воздушни напади врз населбата Заитун во Газа, при што загинале три лица, а десет се ранети.
Борбени авиони го нападнаа и градот Џабалија и бегалскиот камп во северниот појас, при што беа повредени седум лица, меѓу кои три деца.
Во меѓувреме, израелската артилерија ги гранатираше бегалските кампови Ал-Буреј и Ал-Магази во централниот појас, населбите Тал ал-Хава, Шеик Ијлин и аз-Зајтун во градот Газа, како и кулата Шеик Зајед во Беит Лахиа.
Во јужната зона, артилерија нападна цивилни куќи во источниот дел на градот Кан Јунес.