Македонија
Влада:Казни за попишувачите што се прават болни
Сите боледувања и други документи врз основа на кои учесниците во пописот од редовите на администрацијата бараат изземање, ќе бидат предмет на проверка од стручни (лекарски) комисии и секоја злоупотреба ќе се казни со закон.
Сите боледувања и други документи врз основа на кои учесниците во пописот од редовите на администрацијата бараат изземање, ќе бидат предмет на проверка од стручни (лекарски) комисии и секоја злоупотреба ќе се казни со закон. Ова се вели во владините заклучоци доставени до јавноста, а во врска со процесот на попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија.„Сите лица кои што се избрани за попишувачи од редот на државната и јавната администрација се задолжени да ја почитуваат законската обврска и да учествуваат во пописот, а раководителите на институциите се задолжуваат да ги ослободат овие лица од тековните работни обврски, исто така, како што налага законот“, се вели во заклучоците.Понатаму се бара обезбедување на максимална логистичка поддршка на активностите кои што ги спроведува Државната пописна комисија од страна на сите државни институции, а особено Државниот завод за статистика.„На општините им се препорачува да овозможат максимална помош и поддршка на терен на сите кои што се вклучени во тековниот попис“, се вели во владините заклучоци. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Големата измама на Влен за Отворен Балкан: од ‘антинационален проект’ до стратешко партнерство на Скопје со Белград“, велат од ДУИ
„Додека беа во опозиција, партиите од коалицијата Влен дадоа големо ветување: Првиот ден на власт, ќе ја повлечат Северна Македонија од Отворен Балкан! Со тоа ветување ги измамија гласачите, го користеа како политичко оружје за да ја напаѓаат претходната влада, водеа жестока кампања, нарекувајќи ја оваа иницијатива штетна за земјата и антинационален проект според насоките на Албин Курти“, велат од ДУИ.
„Но денес, на власт и без легитимитет, не само што не ја повлекоа земјата од Отворен Балкан, туку нивната влада сега го гледа како позитивен проект, а Скопје и Белград се претворија во стратешки партнери во регионот.
Денес нивниот главен партнер е Иван Стоиљковиќ, најекстремниот претставник на руските и српските интереси во Северна Македонија!
Некогаш го нарекуваа Отворен Балкан национално предавство, а денес нивните министри подготвуваат документи и спроведуваат политики во рамките на оваа иницијатива!
Како се нарекува ова? Безскрупулозна хипокризија, срамна измама кон граѓаните или предавство на принципите и изборните ветувања? Оваа власт го загуби секој кредибилитет! Оваа влада нема ниту принципи, ниту интегритет, ниту достоинство! Нема зборови кои можат да ја оправдаат оваа измама кон гласачите, државата и националните интереси!“, соопшти ДУИ.
Од таму најостро го осудуваат овој „политички фалсификат“ и бараат итни одговори на неколку прашања.
„Зошто ги излажавте граѓаните? Зошто земјата не се повлече од Отворен Балкан? Како Северна Македонија стана дел од „српскиот свет“, ставајќи го Стоиљковиќ на чело на Охридскиот договор“, прашува ДУИ и додава дека државата не може да биде водена од „измамници, хипокрити и луѓе кои не си стојат на зборот“.
Македонија
СДС го оставиле Груби да ја пљачка Македонија за да им трае власта, за и тие да продолжат слободно да крадат, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„СДС се претвори во партија на уценети политичари. СДС му слугуваше на ДУИ и уште му молчат. Исплашени да не прозбори и ги издаде, СДС молчат за Груби. Скоро два месеци скандалите и криминалите на Груби ја брануваат македонската јавност, само од СДС збор не се кажува за него. Ги нема да се оградат и да го повикаат Груби да се врати во државата и да се соочи со правосудните органи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Од Груби се откажа и ДУИ, ама СДС од него не се откажува. Низ вода Груби го пушти и САД кои што го ставија на црната листа поради криминал и корумпирање на судии за влијание на судски одлуки.
Ако за криминалите на Артан Груби знаеле САД, новинарите, медиумите и пошироката јавност, не е можно за тоа да не знаеле СДС.
СДС знаеле за криминалот а Груби, но свесно му дозволија да ограбува Македонија преку Лотарија, министерството кое го водеше и од кое на фирмата на брат му доделуваше тендери во вредност од неколку илјади евра.
Дека Груби крадеше од државните институции можеше да се види по тоа што во центарот на градот, на улица Македонија се стекна со ексклузивен дуќан по багателна цена. Како и по скапиот автомобил, која ако не изгореше нема да знаеме дека го има, а јавноста ја убедуваше дека тоа бил на негов другар кој му го дал да го користи.
Но, каков е тој другар кој би отстапил скап и луксузен автомобил на другар, освен ако не е како Прпарим Бајрами, со кого заедно би го делеле пленот од македонските институции.
За ваквото криминално дејствување одговорноста е кај СДС, кои при очи слепи се правеле и му дозволите да ја плачка Македонија, за да останат подолго на власт и да продолжат и тие со нивното крадење“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Филипче со честитка до Милановиќ: Неговата победа е потврда дека граѓаните на Хрватска ги препознаваат и поддржуват социјалдемократските вредности
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче упати честитка до Зоран Милановиќ за неговата убедлива победа во вториот круг од претседателските избори во Хрватска.
„Неговата победа е потврда дека граѓаните на Хрватска ги препознаваат и поддржуват социјалдемократските вредности. Сигурен сум дека Зоран ќе продолжи да ја води Хрватска во правилна насока обезбедувајќи напредок, стабилност и развој за своите граѓани.
Ти посакувам успешен мандат, Зоране, и се надевам на успешна соработка меѓу нашите две партии и зајакнување на односите меѓу нашите две пријателски земји“, се наведува во честитката на Филипче.