Македонија
Адвокатите ќe ја напуштат “Пајажина”
По денешното одложување на истрагата за случајот “Пајажина” со детали околу судската постапка со соопштение до јавноста се обрати адвокатскиот тим на осомничените. Во соопштението пишува:
По денешното одложување на истрагата за случајот “Пајажина” со детали околу судската постапка со соопштение до јавноста се обрати адвокатскиот тим на осомничените.
Во соопштението пишува: “Одбраната на сите обвинети има сознанија дека обвинителски тим веќе трет ден се наоѓа во Охрид каде веќе е напишано обвинението и се чекаат резултатите од вештачењето кое според истражниот судија треба и е наредено да се изготви до утре 22.03.2011 година”.
Исто така адвокатскиот тим незадоволен од текот на истрагата соопштува : “Сериозно се размислува и став е на сите бранители да ја откажат одбраната, за да не дадат легитимитет на вака водена постапка и не бидат гол декор во незаконското постапување на судот”.
За денес во 10 часот во Биротo за судски вештачењa во Скопје на закажаното вештачење од судот се јавија сите потпишани бранители од овој поднесок и обвинетите доведени од притворското одделение на затвор Скопје, како и обвинетите кои се во куќен притвор.
Пред да почне вештачењето бранителите побарале да се води официјален записник. Но бидејќи истражниот судија, а и обвинителот не биле присутни во просториите на Заводот за судки вештачења и немало кој да води записник адвокатите велат дека биле принудени приговорот за непостоење услови за вештачење да го доставиме преку архивата на суд, за судијата и јавноста да знаат зошто немало услови да се одржи вештачење.
Од одбраната се изненадени од сознанието дека во наредбата издадена од судијата на вештите лица е даден краен рок истото да се заврши утре , па според нив останува нејасно доколку обвинетите бараат увид во доказите поради нивната обемност како тоа ќе го сторат за еден ден. Адвокатите обвинуваат дека судот така сака да создаде алиби дека е вршено вештачење.
Сите забелешки околу истрагата адвокатскиот тим ги известил надле надлежните институции во државата , а ќе ги извести и сите странски амбасади и меѓународни организации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

