Свет
Завршено грабнувањето нa мексиканскиот авион, уапсени седум лица

Група вооружени мажи попладнево киднапираа авион со 104 аптници и барале разговор со мексиканскиот претседател Фелипе Калдерон, но по кусо време го принудиле екипажот да слета и ги пуштиле сите заложници
Авионот на Aeromexico Flight во моментот е изолиран со тројца грабнувачи, Боливијци, јавуваат светските агенции. На аеродромот во Мексико Сити авионот е опколен од специјалци и федералната полиција, а сведоци изјавиле дека виделе стотина луѓе како излегуваат оод него. Се’ уште не се знаат мотивите на грабнувачите, но тие порачале дека доколку не им биде овозможен разговор со мексиканскиот претседател ќе активираат експлозив. Претседателот Фелипе КАлдерон веќе се наоѓал на аеродромот кога стигнало барањето на киднаперите за разговор со него. Летот 576 на мексиканската авиокомпанија започнал во Канкуна, а грабнувачите го натерале пилотот седум пати да го надлета Мексико Сити. Според се’ уште непотврдени информации на новинските агенции, заложничката драма е завршена откако специјалците влегле во авионот и го ослободиле екипажот, при што биле уаспени седум лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Судот на правдата на ЕУ: Изгубен миленик на лет се смета како изгубен багаж

Судот на правдата на Европската унија донесе одлука дека домашните миленици кои се превезуваат со авион се сметаат за „багаж“, а не за патници.
Одлуката следи по случај во кој куче исчезнало при пренос до авион на лет од Буенос Аирес до Барселона, по што сопственичката побарала 5.000 евра отштета.
Судот оцени дека, според Монреалската конвенција, авиокомпанијата не е должна да исплати поголема отштета од онаа предвидена за изгубен багаж, освен ако патникот претходно не доставил специјална изјава за вредноста на пратката.
Во одлуката учествувале и двајца претставници од Хрватска – судијата Синиша Родин и адвокатката Тамара Ќапета.
Свет
Евакуирано средно училиште во Италија по истекување на амонијак

Во италијанскиот град Пескара беше евакуирано државното средно училиште „Маркони“ откако во просториите се почувствувал силен мирис од непознато потекло, поради што на многумина им се слошило.
Според италијанските медиуми, повеќе од 1.000 ученици биле итно евакуирани, а неколкумина се хоспитализирани, меѓу нив и пожарникари кои пристигнале на интервенција, пренесе „ТВ Раи“.
Првичните информации укажуваат дека причината најверојатно е истекување на амонијак од лабораторијата, иако не се исклучува ниту можноста за цурење гас од климатизацијата.
Заменичката градоначалничка на Пескара, Марија Рита Карота, нареди итно затворање на училиштето до понатамошна проверка.
Свет
Мерц: Без реформи, Европа ќе стане пиун на Азија и САД

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, предупреди дека Европската унија ризикува да ја изгуби својата економска независност ако итно не спроведе реформи за зголемување на конкурентноста.
Во обраќање пред германскиот парламент, во пресрет на самитот на ЕУ во Брисел, Мерц рече дека во наредните години ќе се решава дали Европа ќе остане независна економска сила или ќе стане „пиун на економските центри во Азија или Америка“.
Тој ја повика ЕУ да го намали бирократскиот товар за компаниите, да го зајакне единствениот пазар и да потпише нови трговски договори, особено со јужноамериканскиот блок Меркосур до крајот на годината.
Мерц се соочува со растечки притисок дома поради економската стагнација во Германија, која се влошува поради царинските политики на американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој истакна дека решенијата за европската економија веќе постојат во извештаите на Марио Драги и Енрико Лета, кои предлагаат продлабочување на внатрешниот пазар и јакнење на конкурентноста, додавајќи дека тие препораки треба веднаш да станат дел од агендата на Европската комисија.