Свет
Палестинци отвориле оган врз автомобил со Израелци
Палестинци отвориле оган врз автомобил со израелски таблички во Западниот брег на реката Јордан, неколку часа пред истекот на мораториумот за подигање нови еврејски населби на окупираните палестински, јави доцна навечер во недела Associated Press
Стрелањето се случило на автопатот во близина на градот Хеброн или на палестински Ал-Халил, и според израелската полиција со полесни повреди се здобил маж кој управувал со автомобилот во кој била и неговата бремена жена..Порталот на израелскиот весник Haaretz, пишува дека ранетиот во нозете Шарон и неговата сопруга Нета Цукер сами се довезле до една крстосница каде ги пресретнала полициската патрола која ги пренесла до болницата. Порталот потсетува дека на почетокот од септември Хамас ја презема одговорноста за двата напада насочени кон еврејските доселеници. Првиот беше кога беа убиени двајца мажи и две жени еврејски доселеници исто така на автопатот во близината на градот Хеброн, и вториот два дена подоцна кога беа ранети две лица во подрачјето источно од Рамалах кое е политичкиот центар на окупираниот Западен брег.Двата напада се случија на почетокот од преговорите меѓу израелската и палестинската страна. За вечерашниов се’ уште никој ја нема преземено одговорноста.Десетмесечнито мораториум за изградба на еврејски населби на Западниот брег, беше воведен во ноември 2009 г. а истекува во недела на полноќ (26 на 27 септември). Меѓутоа, Палестинците се’ уште очекуваат информации дали Тел Авив ќе се реши да го продолжи, ниту од Израел, ниту од САД кој е единствениот посредник во директните израелско-палестински преговори кои продолжија во почетокот на септември во Вашингтон.Претходно, владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека мораториумот не е проширен, изразувајќи подготвеност за компромис по ова прашање.Сепак, Палестинците сметаат дека преговорите се бесмислени додека трае изградбата на еврејските населби и се заканија со напуштање на преговарачкиот процес.„Ако Израел не го продолжи мораториумот, мировниот процес ќе биде губење време“, изјави претседатело на Палестинскиот национална админситрација, Махмуд Абас, во неделата навечер за време на состанокот со претставници на француската општествени дејци од еврејска заедница во Париз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата Франциско паднал во својата резиденција и си ја повредил раката
Папата Франциско утрово падна во својата резиденција и ја повреди десната рака, но се помина без скршеници, соопшти Ватикан.
Поглаварот на Католичката црква, кој во декември го прослави 88-от роденден, е само повреден, а раката превентивно му била имобилизирана.
Според написите во медиумите, папата Франциско во последните години се соочи со низа здравствени проблеми, а ова е негов втор пад во последните неколку недели. На почетокот на декември се појавил со голема модринка на брадата, откако во текот на ноќта паднал и удрил во ноќната маса.
Тој исто така користи инвалидска количка од 2022 година поради проблеми со подвижноста предизвикани од болки во колената. Но, во својата автобиографија „Надеж“, која неодамна ја објави, тврди дека е во добра здравствена состојба и ја исклучува можноста да се повлече од функцијата. Тој, сепак, признава дека „реалност е едноставно дека сум стар“, пренесува CNN.
Тој изјавил и дека на почетокот му било непријатно да користи инвалидска количка, но додава: „Староста никогаш не доаѓа сама и мора да ја прифатите таква каква што е“.
„Црквата се води со глава и срце, а не со нозе. Јас земам физиотерапија два пати неделно, користам бастун, правам што повеќе чекори и продолжувам понатаму“, вели верскиот поглавар, пишува медиумот.
Свет
(Видео) Додека си заминуваше, новинар му постави прашање на Бајден, тој се насмеа и одговори: „Дали е тоа шега“
Американскиот претседател во заминување Џо Бајден со одговор на новинарско прашање за тоа кој ќе ја добие заслугата за договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.
– Дали е тоа шега? – одговори Бајден на прашањето дали тој или неговиот наследник Доналд Трамп ќе добијат заслуги за договорот, кој може да стави крај на 15-месечниот конфликт во Газа, пренесе „Хил“.
Израел и Хамас постигнаа договор во средата за прекин на огнот и ослободување на заложниците, како што објави „Тајмс оф Израел“. Договорот ќе стапи на сила во недела на 19 јануари, потврди премиерот на Катар, шеикот Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани.
Трамп јавно ја прослави веста за договорот, пред неколку часа за подоцна да биде објавено официјално соопштение од Белата куќа. Новоизбраниот претседател, исто така, ја презеде заслугата на себе, велејќи дека договорот немаше да биде постигнат без неговата победа во ноември над ривалката Камала Харис.
Објавувајќи го договорот со Харис од негова страна, Бајден призна дека тој ќе биде имплементиран откако ќе ја напушти функцијата и рече дека неговиот тим работи со тимот на Трамп што доаѓа. Трамп треба да положи заклетва во понеделник, пишува „The Hill“.
– Исто така, би истакнал дека овој договор е развиен и преговаран под моја администрација, но поголемиот дел од неговите одредби ќе бидат имплементирани од следната администрација. Во текот на овие неколку дена разговаравме како еден тим – рече Бајден во обраќањето од Белата куќа.
Тој, исто така, посочи дека договорот го има истиот рамковен договор за кој неговата администрација помогна да се преговара во мај, и дека Израел успеа да го ослаби Хамас благодарение на американската помош.
– Знаев дека овој договор ќе треба да го спроведе следниот тим, па му реков на мојот тим тесно да се координира со овој што доаѓа, да се погрижиме сите да зборуваме во еден глас, бидејќи тоа го прават претседателите на Америка – изјави Бајден.
Свет
Захарова му одговори на Руте: Почнете да учите руски – веднаш
Изјавата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дека ако aлијансата не ги зголеми трошоците за одбрана, жителите на Европа набргу ќе мора да учат руски или да одат на Нов Зеланд, е националистичка, изјави портпаролката на МНР на Русија, Марија Захарова.
Покрај тоа, таа ги советуваше граѓаните на земјите од ЕУ и НАТО веднаш да почнат да учат руски јазик.
„Мислам дека ова е болно. Се прашувам дали Нов Зеланд е навреден поради тоа што го третираат со презир? Не сум ни сигурна што е поодвратно во оваа изјава на Руте – дали се работи за лага за руската експанзија или за национализам. Притоа, не само во однос на нас, туку и на Нов Зеланд“, нагласи Захарова.
Таа рече дека Руте треба да зборува за тоа дека Европејците се веќе под надворешна контрола и потсети дека во Европа има американски бази и американско нуклеарно оружје до кои самите Европејци немаат пристап и немаат контрола.
„Има и американски нарачки, чиј гас треба да се купи и кои цивилни инфраструктурни проекти треба да се уништат. Европската Унија долго време работи како што диктираат Соединетите Американски Држави“, ја оцени портпаролката актуелната ситуација во ЕУ.
Таа иронично ги советуваше граѓаните на земјите од ЕУ и НАТО веднаш да почнат да учат руски јазик.
„Можете да го направите тоа бесплатно или како процент од БДП на вашите земји, како што сакате. Тоа е прекрасен јазик“, изјави Захарова.
Дипломатот потсети дека рускиот јазик е еден од официјалните јазици на Обединетите нации и дека на него се напишани дела кои се составен дел на светските уметнички класици.
„Не гледам зошто рускиот јазик да не се учи“, заклучила Захарова, пренесува „Спутник“.
Претходно, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги предупреди земјите од Европската Унија дека за неколку години ќе мора да го научат рускиот јазик или да одат на Нов Зеланд доколку не одвојат значително повеќе пари од сегашните два отсто од БДП за воени цели, пренесоа светските медиуми.