Македонија
Етнос: Груевски инсистира на двојна формула
Груевски предлага верзија на американската идеја за двојно име од 2008 година, пишува весникот „Етнос“, толкувајќи го вчерашното писмо на премиерот Никола Груевски до неговиот грчки колега Лукас Пападимос.
Груевски предлага верзија на американската идеја за двојно име од 2008 година, пишува весникот „Етнос“, толкувајќи го вчерашното писмо на премиерот Никола Груевски до неговиот грчки колега Лукас Пападимос.
„Етнос“ во барањето на Груевски за грчка поддршка за отворањето на пристапни преговори на Македонија со Европската Унија препознава верзија на американскиот предлог од 2008 година за влез на Македонија во НАТО под привремената референца. Ваквите идеи, според „Етнос“, водат кон задржување на уставното име Република Македонија за домашна употреба и негово користење во билатералните односи и сите меѓународни организации во кои Грција нема право на вето, и користење на привремената референца во сите останати случаи.
Груевски вчера од Пападимос побара Грција на декемврискиот Европски Совет да поддржи отворање на пристапни преговори на ЕУ со Македонија, одлука, што според него ќе има позитивно влијание за внатрешните реформи, меѓуетничките односи, како и на регионално ниво. /крај/ethnos/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Од понеделник 50 автобуси се вклучуваат во јавниот превоз
Од понеделник 50 автобуси се вклучуваат во јавниот превоз, а до Нова Година уште дополнителни 20, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„На мое големо задоволство, денес остварив средба со приватните превозници. Со добра координација и заедничка волја, за помалку од 48 часа откако ја преземав функцијата градоначалник на градот Скопје, успеавме да постигнеме договор кој значи конкретен чекор напред, а тоа е дека веќе од понеделник 55 автобуси повторно ќе сообраќаат низ скопските улици“, рече Ѓорѓиевски.
Најави дека до Нова година во системот ќе бидат вклучени уште 20 автобуси, со што, како што кажа, јавниот превоз ќе биде целосно нормализиран.
Ѓорѓиевски, исто така, најави дека до март следната година, во соработка со Владата и Министерството за транспорт, ќе бидат обезбедени уште 80 нови автобуси.
Македонија
Сè повеќе случаи со лажни сообраќајки, охридската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат
СВР Охрид ја известува јавноста дека деновиве, повторно зачестија случаи кога, засега непознати лица, преку телефонски јавувања на нивните фиксни или мобилни телефони, се обидуваат да ги измамат граѓаните, претставувајќи се како полициски инспектори.
Притоа, тие им кажуваат дека членови на нивните семејства направиле сообраќајни незгоди и дека треба итно да дадат пари за наводна помош при понатамошната постапка за членот на нивното семејство да не оди во затвор и да биде ослободен од кривичен прогон.
„Aпелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите телефонски јавувања и веднаш да ги пријават на телефонскиот број 112 или лично во најблиската полициска станица. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување и документирање на ваквите пријавени настани“, велат од СВР Охрид.
Македонија
Митески го доби мандатот за градоначалник: Аеродром ќе добие значајни проекти, кои ќе го подобрат квалитетот на животот
Дејан Митески денеска го прими уверението и официјално ја презема функцијата градоначалник на Општина Аеродром.
„Од овој момент започнуваме со работа – посветено и искрено. Нема време за чекање! Ќе бидам градоначалник кој слуша и е достапен за сите. Во следниот период Аеродром ќе добие значајни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот на сите жители – повеќе уреденост, зелени површини и подобра инфраструктура“, рече Митески.
Тој додаде дека Аеродром ќе биде општина за сите аеродромци – без разлика на партија, верување или припадност.

