Свет
Најмалку 24 убиени припадници на Ал Каеда во Јемен
Во воздушни напади изведени ноќта меѓу сабота и недела, убиени се 24 припадници на јеменската ќелија на глобалната терористичка организација Ал Каеда, соопштија министерството за одбрана и претставници на локалното племе.
„Шеснаесет терористи се убиен во воздушниот напад на градот Куд, во близина на Зинџинбар, во јужниот дел од земјата“, се вели во соопштението на јеменското министерство за надворешни работи што го пренесуваат агенциите.
Од мај 2011 година, градот Зинџубар и околината се под контрола на припадниците на Ал Каеда.
Уште осум лица осомничени дека и’ припаѓаат на Ал Каеда, настрадало кога нивното возило било погодено од ракета во југоисточниот дел на државата, изјавил еден од локалните племенски водачи кој додал дека нападот бил извршен со американско беспилотно летало.
САД имаат тесна соработка со властите на Јемен во борбата против тероризмот. Нападите на американските беспилотни летала често се насочени врз припадниците на Ал Каеда чиишто бази се на југот и југоисток од државата, иако Вашингтон официјално ги негира ваквите операции.
Вооружениот конфликт меѓу исламистичките бунтовници и владините сили во јужниот дел на Јемен продолжува од крајот на мај 2011 година, кога неколку стотици екстремисти користејќи ја политичката и безбедносна нестабилност во земјата ја преземаа контролата во неколку градови во провинцијата Абијан, вклучувајќи го и административен центар Зинџиба. Ланскиот септември јеменските власти објавија дека го ослободиле поголемиот дел од градот, но во неговата близина континуирано досега се водата борби со бунтовниците.
Осиромашената земја во којашто истовремено екс-режимските сили се борат и со ќелии на терористичката глобална мрежа Ал Каеда, од јануари 2011 година е потресувана од речиси секојдневни масовни протести, со кои се бараше оставка на режимот, како и ставање крај на корупцијата и невработеноста, а сега судско гонење на поранешниот претседател Салех и неговите блиски.
Речиси 40 отсто од населението на Јемен опстојува со приход од два американски долара на ден или помалку, а една третина се бори со хронична глад.
Противниците Салех бараа негово заминување од функцијата, иако неговиот мандат истекуваше на крајот од 2013 година. Протестите инспирирани од востанијата во Тунис и во Египет го доведоа до работ на пропаст 32-годишното владеење на актуелниот претседател Али Абдула Салех. Тој во почетокот повика на прекин на насилствата, затоа што немал никаква намера да си поднесе оставка.
Салех стана претседател на Северен Јемен во 1978 година, а по повторното обединување на Северен и Јужен Јемен во 1990 година, застана на чело на новоформираната унитарна Република Јемен./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Градоначалник од Јапонија ги нарекувал соработниците „идиоти“ и „човечки отпад“, јавно се извини откако градски службеник ги обелодени навредите
Градоначалникот на јапонскиот град Јокохама, Такехару Јаманaка, се извини откако беше обвинет за вербално малтретирање на соработниците, нарекувајќи ги „идиоти“ и „човечки отпад“, пренесе Би-Би-Си.
На прес-конференција, директорот на градската служба за човечки ресурси, Џун Кубота, изјави дека градоначалникот Јаманaка повеќепати користел навредливи изрази кон вработените, вклучително и кон него лично. Според Кубота, Јаманaка ги нарекувал службениците „бескорисни“, „глупави“ и „неквалитетни“, давал коментари за нивниот изглед и ги споредувал со животни.
Кубота го обвини и за закана, посочувајќи дека му било кажано дека треба да изврши „сепуку“ – ритуално самоубиство – доколку не успее да обезбеди кандидатура на градот за една меѓународна конференција. Тој побара јавно извинување и иницирање на истрага. Во Јапонија е исклучително невообичаено активен градски службеник да го обвини актуелниот градоначалник.
Првично, Јаманaка ги негираше обвинувањата на својата лична веб-страница, но подоцна јавно призна дека ги изговорил зборовите „идиот“ и „човечки отпад“, и се извини. „Искрено сакам да се извинам што го оптоварив директорот на човечки ресурси“, изјави тој.
Објасни дека изјавите биле дадени во контекст на разговори за оценување на вработените. „Ќе размислам за сè. Ќе внимавам повеќе на моите зборови и однесување“, додаде. Сепак, Јаманaка ги негираше обвинувањата дека давал коментари за изгледот на соработниците.
Најави дека се разгледува можноста за истрага која ќе ја надгледува заменик-градоначалникот, и рече дека искрено ќе соработува доколку биде спроведена.
Кубота, како реакција на извинувањето, изјави дека Јаманaка негира дел од изјавите кои навистина ги дал. „Градоначалникот ништо не разбира. Не можам да го прифатам ова како извинување. Сакам да се промени“, порача Кубота.
Свет
Meлони го прослави роденденот во Јапонија и објави аниме-селфи со јапонската премиерка
Италијанската премиерка Џорџа Мелони го прослави својот 49. роденден во Токио, за време на средбата со јапонската премиерка Санае Такаичи. Такаичи ѝ приреди торта и подароци, а двете лидерки направија заедничко селфи, чија „аниме“ верзија Мелони подоцна ја објави на социјалните мрежи, пренесе Скај њуз.
Due Nazioni lontane, ma sempre più vicine.
Amicizia e sintonia con @takaichi_sanae 🇮🇹🇯🇵 pic.twitter.com/LbRlnoeQcZ— Giorgia Meloni (@GiorgiaMeloni) January 16, 2026
На средбата беше најавено продлабочување на соработката меѓу Италија и Јапонија во областа на безбедноста, економијата и технологијата. Двете се први жени премиерки во своите држави и најавија унапредување на односите во „посебно стратешко партнерство“.
Фото: ЕПА
Свет
Исчезна авион во Индонезија
Авион ATR 400 на лет од Џогјакарта кон Макасар го изгубил контактот во индонезиската провинција Јужен Сулавеси, јавија денеска локалните медиуми.
Леталото на компанијата Indonesia Air Transport требало да слета на Меѓународниот аеродром Султан Хасанудин во Макасар. Контактот наводно бил изгубен околу 13:17 часот по локално време, додека авионот летал над подрачјето на Марос, пренесе Синхуа.
Индонезиската агенција за пребарување и спасување Basarnas во Макасар соопшти дека тимови се упатени на сомнителна локација, откако од AirNav Indonesia добиле податоци со координати.
Според информациите, потрагата се спроведува во областа Леанг-Леанг во регентството Марос.
Шефот на операции на Basarnas во Макасар, Анди Султан, изјави дека првичните информации укажуваат оти авионот бил на пат кон Макасар кога е изгубен контактот.
Во заедничката операција за пребарување и спасување учествуваат три тима со околу 25 лица.
Началникот на полицијата во регентството Марос, Даглас Махендраџаја, изјави дека полицијата ги проверува наводите за губење на контактот со авионот, додавајќи дека информацијата сè уште не е официјално потврдена.

