Македонија
Сервер – Ќе ги нарекувам Македонците – Македонци
Ќе ги нарекувам граѓаните на Македонија, како што сакаат да се нарекуваат, а тоа е Македонци
Ќе ги нарекувам граѓаните на Македонија, како што сакаат да се нарекуваат, а тоа е Македонци.
Ова во интервју за гласот на Америка на македонски јазик го изјави Даниел Сервер од Американскиот институт за мир, кој со години се занимава со Балканот.
„Секое решение на кое обете страни може да се согласат е чесно решение. Како што реков навистина не ми е битно што е на парче хартија во ОН. Ќе ги нарекувам Македонците-Македонци се додека не побараат да престанат“, рече Сервер, коментирајќи го предлогот Северна Македонија.
Мислам дека САД треба да извршат поголем притисок врз обете страни за обострана спогодба, смета Сервер, додавајќи дека факт е оти Грците имаат сила преговарачка позиција затоа што се членка на НАТО и на ЕУ и Македонците треба тоа да го имаат предвид.
Одговарајќи на прашањето зошто компромисот за името и натаму се чини далечен, рече „Навистина не знам. Мислев дека ова одамна ќе беше решено. Почна и да ми станува неважно“, рече Сервер во интервју за гласот на Америка на македонски јазик./крај/воа/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од неколку скопски општини
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, соопшти дека денеска поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија ќе останат:
· Од 10:30 до 14:30 часот, дел корисниците од с.Горно Нерези (Карпош);
· Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците Ул. Чаирска од бр. 40 до бр. 90, ул Цветан Димов од бр. 4 до бр. 20 (општина Чаир);
· Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците дел од потрошувачите околу манастир св.Илија – Чардак и Етновила Весница (општина Чучер Сандево);
· Од 07:30 до 16:00 часот, корисниците ПВ Метало Солар, Фабрика ИЦЕМАК, Дел од ул.1, над маркет Давидов, до кружен тек (општина Аеродром).
Македонија
Прекинато водоснабдување за дел од улицата Максим Горки
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска поради дефект на улична цевка од ф 200мм на ул. Максим Горки бр 13, без вода ќе останат корисниците на дел од ул. Максим Горки.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Утрото ведро и студено, преку денот претежно сончево време
Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје утрото ведро и студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Следува период на стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Во петок и сабота по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.