Свет
Секс скандал во американската амбасада
Обезбедувањето на амбасадата на САД во Авганистан е под истрага на Сејт-департментот заради недолично однесување и сексуални прекршоци
Американските власти доколку се покажат за точни овие обвинувања, најави дека ќе го раскине повеќемилионскиот договор што го има клучено со приватната компанија за обезбедување ArmorGroup. Според овој договор склучен во јуни годинава за ангажирање на 450 обезбедувачи во следните пет години на компанијата ќе и’ бидат исплатени 189 милиони долари. Обвинувањата за вработените од компанијата како обезбедување на американската амбасада во Авганистан, се содржат во извештајот на независна набљудувачка комисија. Извештајот содржел изјави за закани и застрашувања од страна на обезбедувањето, како и фотографии од забави на кои неговите припадници се полуголи и видливо во алкохолизирана состојба. Комисијата наведува дека најмалку еднаш во просториите на амбасадата обезбедувањето довело проститутки, што за американските власти е сериозен престап во кршењето на безбедносните мерки.„Очекуваме брза и ефективна акција, откако ќе биде спроведена целата акција. Во Кабул очигледно се случувале нешта за кои не бевме свесни, но искрено сметам дека требаше да знаеме порано затоа“, изјавил портпаролот на Стејт-департментот, Иан Кели. Претседателката на надзорната комисија Даниел Браун, изјавила дека со овој проблем треба да се занимава сериозно Конгресот а не Стејт-департментот, кој според неа ја има истата одговорност како и компанијата. Комисијата ја води истрагата анализирајќи изјави, фотографии и електронски пораки меѓу службениците на компанијата, откако претходно земале изјави од сите ангажирани во обезбедувањето на амбасадата. Американските медиуми наведуваат дека во една од електронските пораки се опишуваат детално случувања од базата „Саливен“, кaко што се тортура и уринирање по луѓето на кои притоа им се упатуваат закани. Од филијалата на ArmorGroup на Флорида не сакале да го коментираат случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

