Македонија
Министерот Ивановски на самит за информатичка технологија во Бразил

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, во вторник и среда ќе учествува на Глобалниот јавен политички самит за информатичка технологија, кој се одржува во Сао Паоло, Бразил.
Тој ќе има свое обраќање пред претставници на ИТ компании на Латинска Америка за достигнувањето на Република Македонија во ИКТ сферата, како и за бенефициите и предностите што ги има земјата за привлекување на странски директни инвестиции.
Инаку, главна тема на самитот е “Ефективните јавни политики за реализација на ветувањата на дигиталната ера“, каде преку панели, дискусии и презентации ќе се развие анализа на јавните политики и практики кои овозможуваат развој на информатичките технологии на ниво на земјите.
Целта на настанот е да се нагласи важноста на секоја земја во работата на дигиталната агенда за да обезбеди сите влади, бизниси и граѓани да учествуваат и да го зголемат економскиот, социјалниот и културниот развој преку бенефициите на дигиталната ера.
Овој самит се одржува секоја втора година во организација на Светската федерација за ИТ асоцијација (WITSA). /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Зеленски: Украина високо ја цени непоколебливата солидарност на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода

Украина високо ја цени непоколебливата солидарност и силниот глас на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода, достоинство и правото да живееме во мир, напиша претседателот на Украина на социјалната мрежа X, покрај честитката од претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, по повод Денот на независноста на Украина.
I sincerely thank President @gogamkd for the warm congratulations on Ukraine’s Independence Day and for the principled and uplifting words of support. Ukraine highly values North Macedonia’s unwavering solidarity and strong voice in support of our freedom, dignity, and the right… pic.twitter.com/jLnA9eBcJY
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 24, 2025
„Искрено ѝ се заблагодарувам на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за нејзините топли честитки по повод Денот на независноста на Украина и за нејзините принципиелни и инспиративни зборови на поддршка. Украина високо ја цени непоколебливата солидарност и силниот глас на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода, достоинство и правото да живееме во мир“, напиша Зеленски.
Македонија
Герасимовски: Во тек се обуки за наставниот кадар за развивање на вредносниот систем и на моралните норми кај младите генерации

Од денеска, па сѐ до среда, во просториите на Младинскиот центар „Матично“ се одржува серија обуки на тема „Улогата на наставниците и стручните соработници во пренесување на вредностите и моралните норми кај младите“.
Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека обуките се наменети за директорите на основните и средните училишта, еден стручен соработник од секое училиште, како и избрани наставници кои активно се вклучени во воспитно-образовниот процес.
„Предавачи на обуките се искусните професорки Татјана Стојаноска Иванова, Анета Бараковска, Калина Сотироска Иваноска и Софија Георгиева од Институтот „Европски соѕвездија“, кои ќе пренесат современи методологии и практики за развивање на вредносниот систем и моралните норми кај младите генерации. Како општина, редовно организираме вакви обуки со цел да обезбедиме континуирана поддршка на младите и да го унапредиме воспитно-образовниот процес. Инвестирањето во едукацијата на наставниците и стручните соработници е вложување во иднината на нашите деца. Со вакви активности градиме здрави генерации кои ги почитуваат вистинските вредности“, вели Герасимовски.
Македонија
Во Кичево поставен првиот млекомат за свежо млеко во државата

Во центарот на Кичево денеска официјално беше ставен во употреба првиот млекомат за свежо млеко во Македонија.
Жителите на Кичево и околината имаат модерен пристап до свежо кравјо млеко произведено од Земјоделската задруга „Крнино“ составена од членови од Манастирот „Св. Богородица Пречиста“.
Млекоматот е обезбеден со средства од Европската Унија преку проектот АгроСмарт, спроведуван од МРФП – Македонската развојна фондација за претпријатија, Хемера и ЦЕП Можности.
„Млекото што се нуди преку млекоматот е свежо, со зачувани природни хранливи својства, без додатоци и конзерванси и во контролирани хигиенски и температурни услови, а освен млеко, потрошувачите имаат можност да си купат и сирење“, рече Станоја Станојовски од Манастирот „Света Богородица Пречиста“, која е дел од Земјоделската задруга Крнино.
„Млекоматот е пример како треба да се одвива модернизацијата на македонските фарми и да се осовременува продажбата на локалните земјоделски производи со достапните средства од Европската Унија“, рече Лазар Неданоски од Македонската развојна фондација за претпријатија, која го спроведува проектот АгроСмарт, финансиран од ЕУ.
На настанот присуствуваше и Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој рече дека модернизацијата на земјоделството е во фокусот и на политиките и програмите на Министерството.
Дел од промоцијата беше и посета на фармата со крави во близина на манастирот „Света Богородица Пречиста“, каде е инсталирана линија за молзење крави и млекарата за производство на млечни производи.