Свет
Обама во април во Турција

Американскиот претседател Барак Обама во април ќе престојува во Турција, каде ќе присуствува на Форумот на Алијансата на цивилизации
Американскиот претседател Барак Обама во април ќе престојува во Турција, каде ќе присуствува на Форумот на Алијансата на цивилизации.
Ова синоќа го најави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, кој додаде дека посетата ќе се реализира на 6 и 7 април.
“Нашите разговори на 6. и 7. април со Обама се од посебно значење за Турција и САД“, изјави Ердоган за телевизијата ТГРТ.
Теми на средбата ќе бидат билатералните односи, Ирак, Иран, блискоисточниот мировен процес за кој Турција понуди да биде посредник, како и Либан и Кипар.
Алијансата на цивилизациите започна во 2004 година на иницијатива на Шпанија, а потоа ја поддржаа ООН.
Целта на овој втор Форум е јакнење на дијалогот меѓу културите, особено меѓу западниот и муслиманскиот свет.
Првиот форум е одржан во 2008 година во Мадрид./крај/бе/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел: Се согласуваме на примирје

Владата на Израел утрово потврди дека го прифаќа предлогот за прекин на огнот што го предложи американскиот претседател Доналд Трамп.
„Израел ќе одговори одлучно на секое прекршување на примирјето“, велат од владата.
Тие се согласуваат со примирјето, како што наведуваат, бидејќи клучните цели на операцијата против Иран биле постигнати.
Израелските власти наведуваат дека ја отстраниле двојната непосредна егзистенцијална закана од Иран – поврзана со нуклеарно оружје и балистички ракети.
Израел, исто така, тврди дека му нанел тешки загуби на иранското воено раководство и дека десетици клучни цели на иранската влада биле уништени во нападите.
Според изјавата на последниот ден од операцијата, израелските сили погодиле владини цели во центарот на Техеран, елиминирале стотици членови на Баши – милиција што ја користеле иранските власти за задушување на протестите – и неутрализирале уште еден висок ирански нуклеарен научник.
„Државата Израел им се заблагодарува на претседателот Трамп и на Соединетите Американски Држави за нивната поддршка во одбраната и учеството во елиминацијата на иранската нуклеарна закана“, се додава.
Трамп утрово објави дека официјално стапил во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Иран, а истото беше соопштено и на иранската државна телевизија. Трамп првично околу полноќ ја сподели информацијата за постигнато примирје, но Иран тогаш негираше и истрела нови проектили, пришто загинаа четири лица.
Свет
Иранска ТВ: Трамп го молеше Техеран за примирје

Иранските државни медиуми утринава ја објавија веста за прекинот на огнот што го објави американскиот претседател Доналд Трамп меѓу Иран и Израел, тврдејќи дека примирјето всушност му било наметнато на Израел по, како што велат, успешниот воен одговор на Иран на американската агресија.
Како што потсетуваат, Иран вчера изврши напад врз американската воена база во Катар, како одговор на американските воздушни напади завчера врз иранските нуклеарни постројки.
Во извештајот на иранската државна телевизија се наведува и дека Трамп побарал примирје „на начин што наликува на молење“, обидувајќи се на тој начин да оформи наратив за домашната јавност во која Иран ги совладал своите противници во воена и дипломатска смисла.
Трамп, сепак, на својата социјална мрежа Truth Social претстави сосема поинаква верзија на настаните. Тој тврди дека Израел и Иран му се обратиле речиси истовремено и му порачале: „мир“.
„Знаев дека времето е токму сега“, додаде Трамп во објавата.
Свет
Tрамп објави прекин на огнот: „Примирјето е во сила, ве молам не го кршете“

Американскиот претседател Доналд Трамп утрово објави дека официјално стапил во сила прекинот на огнот меѓу Израел и Иран.
„Примирјето сега е во сила, ве молам не го кршете! Доналд Џ. Трамп, претседател на САД“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
Трамп првично околу полноќ ја сподели информацијата за постигнато примирје, но Иран негираше и истрела нови проектили. Шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, по првичната објава рече дека во оваа фаза нема договор за прекин на огнот и дека иранските вооружени сили ќе продолжат да се борат до последен момент. Сепак, тој рече дека Иран е подготвен за примирје доколку Израел ја прекине својата нелегална агресија врз иранскиот народ најдоцна до 4 часот наутро по Техеран.
Во текот на ноќта Иран истрела ракети кон Израел, при што загинаа четири лица, според последните информации.
Подоцна иранската државна телевизија објави дека прекинот на огнот стапил во сила.