Македонија
Вратени 40 баратели на азил од Австрија
Минатата недела 40 баратели на азил се вратени од Австрија во Македонија. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска се сретна со австрискиот конзул Сузан Смит за да разговараат за зголемениот број на апликации на лица кои бараат азил во Австрија.
Минатата недела 40 баратели на азил се вратени од Австрија во Македонија. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска се сретна со австрискиот конзул Сузан Смит за да разговараат за зголемениот број на апликации на лица кои бараат азил во Австрија.
Измамените граѓани, повеќето од Радовиш плаќале по 500 евра за посредување и плус патни трошоци до Австрија, па севкупно давале и по 1.000 евра на туристички агенции, за да добијат азил во Австрија.
„Им била ветена месечна финансиска поддршка од страна на Австрија во висина од 400 евра, и во случај на враќање ,единечна помош во висина од 5.000 евра за реинтеграција при враќање. Освен тоа се ветувало дека децата кои ќе бидат родени на територија на Австрија, дека ќе добијат австриско државјанство. Австриската амбасада би сакала уште еднаш да посочи дека таквите ветувања се сосема погрешни. Значи ниедно од лицата кои беа вратени не добиле никаkва финансиска помош. Освен тоа во Австрија не важи правото за добивање на државјанство по територија, сите што се родени не добиваат австриско државјанство“ изјави Смит.
Сега дополнително се подготвуваат администартивни процедури за враќање на сите преостанати баратели на азил, вкупно 114 за Австрија.
„По ниту еден критериум не ги исполнуваат условите заради кои на едно лице може да му се определи право на азил во Австрија. Барателите на азил кои доаѓаат од Македонија во било која земја во ЕУ нема да добијат азил, со оглед на тоа што Македонија се оценува како држава во која не постојат ризици за кои би се добивало право на азил“ изјави Јанкулоска.
По визната либерализација се зголеми бројот на баратели на азил во западноевропските земји.Голем број баратели на азил, непосредно по визната либерализација беа вратени од Брисел во Македонија./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

