Македонија
Рамадани ќе собира потписи за смена на поглаварот на ИВЗ
Распуштениот оџа Рамадан Рамадани од петок започнува со собирање потписи за смена на поглаварот на Исламската верска заедница(ИВЗ) Сулејман Реџепи.
Распуштениот оџа Рамадан Рамадани од петок започнува со собирање потписи за смена на поглаварот на Исламската верска заедница(ИВЗ) Сулејман Реџепи.
Тој најави дека доколку не успее оваа легална процедура, ќе организира протести пред ИВЗ.
“Јас како член на ИВЗ изјавувам дека не се согласувам и не сум задоволен од претставувањето на Сулејман Реџепи и барам од оџите и верските авторитети на ИВЗ веднаш да преземат мерки за разрешување на Сулејман Реџепи“ стои во декларацијата, која од петок ќе им биде достапна на места низ централното градско подрачје на верниците од Скопје. За смена на поглаварот Рамадани имал поддршка од верниците од 20 џамии.
„Значи ова е директно враќање на легитимитетот од базата, сè со цел да престане ова нелегитимно претставување кое се состои од неговиот нелегитимен избор во 2006 година, што беше под крајно сомнителни и многу милитантни околности и второ, промената на уставот на ИВЗ што се случи во 2008 година без претходно да биде во согласност со процедурата на стариот устав“ изјави Рамадани.
Тој негира формирање на паралелна исламска верска институција.
„Ние муслиманите немаме друга ИВЗ за да може да му ја препуштиме на некој човек да нè застапува нелегитимно и затоа е и оваа борба околу нашето претставување. Ние немаме друго освен да се вратиме кај базата и кај верниците и од таму да го црпиме легитимитетот“ вели тој.
Не сака споредувања со Јован Вранишковски и за него ова е внатре-муслиманска работа.
„Но ако има некој тука кој е под српско влијание се знае тие кои учеле во школи во Кумровец и на факултети во Белград. Тоа не важи за мене“ вели Рамадани.
Исламската верска заедница утрово пак, го обвини Рамадани за ширење на вахабизам, радикализам и за неговата нелегална функција.
„Тешко на тој народ кој би останал во рацете на еден насилник, расколник, како што е профилот на Рамадан Рамадани, како бивш колега кој што никогаш не заслужил да го повикуваме како колега“ рече Рифат Вуисљанин од Здружението на улемаи при муфтивството на Исламската верска заедница.
Според нив, изборот Рамадани за оџа бил нелегитимен.
„Рамадани во 2003. година со употреба на насилство и оружје, заедно со радикална вехабистичка група, влегол во институцијата на ИВЗ и присилно го натера тогашниот муфтија да го предложи за оџа и со ’калашњикови’ зеде декрет без никакво право и легална процедура од тогашниот поглавар на ИВЗ“, изјави Вуисљанин.
Рамадан Рамадани беше обвинет од ИВЗ дека шири вахабизам и му беше забрането да одржува молитви.
Жестоките превирања на релација ИВЗ и приврзаниците на Рамадан Рамадани пред неколку недели прераснаа во инцидент од кој најдебелиот крај го извлекоа верниците. Наместо петочна молитва, скопскиот муфтија беше избркан со клоци и тупаници./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Битола-Државна граница со Грција
Во 20:00 часот на крак А-3 Битола – Државна Граница со Р.Грција во близина на крстосница за с.Бистрица и с.Оптичари, случена е сообраќајна незгода, поради што сообраќајот на патниот правец Битола – Држ. граница е во прекин и истиот ќе се пренасочи низ.с.Бистрица и с.Породин соопшти АМСМ.
Македонија
Сиљановска-Давкова со Ахмет бин Мохамед Ал Џарван: мирот и толеранцијата се императивни претпоставки за демократија
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ахмет бин Мохамед Ал Џарван, претседател на „Глобалниот совет за толеранција и мир“, во придружба на неговите соработници.
Информирајќи дека семејството на пријателите на „Глобалниот совет“ постојано се проширува, Ал Џарван потенцираше дека стотина парламенти, ширум светот, потпишале меморандуми за соработка со оваа препознатлива и почитувана институција.
Тој, во парламентарната демократија и во меѓукултурниот дијалог препознава мировни механизми за промоција и гаранција на мирот и толеранцијата на сите нивоа и во сите средини.
Претседателката ја поздрави хуманата мисија на Глобалниот совет, истакнувајќи дека е добредојдена и делотворна во амбиент на сериозни безбедносни закани.
За неа, Меморандумот за соработка, којшто деновиве го потпиша Глобалниот совет со македонското собрание е чекор напред во одбраната и поттикнувањето на хуманите цели на човештвото, без оглед на разликите по било кој основ.
Таа особено се радува на потпишаниот договор за стипендии на студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“, нејзината матична институција, како охрабрувачки за најдобрите студенти, но и оние со лоша материјална положба и неопходна потреба од финансиска помош.
За соговорниците, мирот и толеранцијата се императивни претпоставки за демократија, развој и просперитет во национални, регионални и меѓународни рамки.
Македонија
(Видео) Во Ресенско поплавени над 50 куќи, магацински простори и земјоделско земјиште, состојбата се следи во сите засегнати региони, соопшти ЦУК
Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште, соопшти Центарот за управување со кризи.
„Поплави се евидентирани и кај с. Долна Бела Црква од излевањето на Голема Река, чиј моментален водостој изнесува 210 см.
Ангажирани се екипи на јавните претпријатија, „Македонија пат“, ЈКП „Пролетер“, како и приватни машини – вкупно 7 пумпи за испумпување вода и повеќе багери за расчистување и интервенции. Во населбата Црквиште се користат сите расположливи пумпи за санација на поплавените објекти.
ЈП “Македонија пат“ информира дека на повеќе делници има наноси од земја, кои се расчистуваат по приоритет“.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, нагласуваат од ЦУК, е во постојана координација со градоначалниците на засегнатите општини.
„Поради обилните врнежи во повеќе региони низ државата се зголемени водостоите на реките, а има и поплавени терени, подруми и земјоделски површини. На терен се ангажирани екипи на јавните претпријатија, механизација и приватни компании за испумпување вода, расчистување и интервенции.
Состојбата, според ЦУК се следи во сите засегнати региони: Ресен, Битола, Демир Хисар, Охрид, Крива Паланка и околината.
„Дежурни екипи остануваат на терен и во текот на ноќта, а Центарот за управување со кризи будно ја следи состојбата и за понатамошни интервенции“.
Фото: принтскрин

