Контакт

Македонија

МИМ:Отпуштањето на Чаусидис е меѓународен преседан

Објавено пред

Отпуштањето на Синдикалниот лидер на новинарите или нејзиното „откажување на договорот“ е невиден преседан во европски и меѓународни рамки, реагираат од Македонскиот институт за медиуми.

dobivaj vesti na viber

Отпуштањето на Синдикалниот лидер на новинарите или нејзиното „откажување на договорот“ е невиден преседан во европски и меѓународни рамки, реагираат од Македонскиот институт за медиуми. Тамара Чаусидис, претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, инаку вработена во Алсат М телевизија, денеска соопшти дека вчера била информирана за прекинување на нејзиниот договор за вработување, односно дека е одјавена од работа врз основа на „спогодбен договор за отказ“.„Станува збор за злоупотреба, манипулација или уцена на работниците, да потпишат или да се злоупотреби нивниот потпис врз основа на нешто што се вика согласност за отказ. Оваа појава е сериозен проблем затоа што ги суспендира сите закони и сите права кои ги имаат работниците. Како е дојдено до тоа јас да ставам потпис на спогодбен отказ, тоа допрва ќе се докажува во судска постапка и ве уверувам дека ќе биде добиена. Ова е појава која мора да биде генерално адресирана, бидејќи ги суспендира сите закони и ги држи колегите во една заложничка позиција од која не можат да излезат“, рече Чаусидис. Таа додаде дека отказот е директен атак врз Синдикатот, поттикнат и охрабрен и од други инситутиции кои сакаат да се сосече во корен обидот за солидаризирање и обединување на новинарите. „Во европски и меѓународни рамки ова е еден сериозен преседан на функционирањето на правната држава, и правата и слободите на новинарите и верувам дека не постои држава во развиениот свет во која преку ноќ се носат решенија за откажување на договорот за работа на првиот синдикалец на новинарите и на медиумските работници“, порача Биљана Петковска, извршен директор на Македонскиот институт за медиуми.Новинарот Боби Христов, кој во слични услови исто така беше отпуштен од телевизијата Алсат М, тврди дека на удар се активистите во синдикатот на новинарите.„Заедничко со мојот и случајот на Тамара е тоа што и двајцата бевме вработени во Алсат М, и станува збор за идентичен случај, за отпуштање од работа од денес за утре, со наводно потпишани претходни спогодби за прекин на работниот однос. Специфично е тоа што станува збор за синдикални активисти, Тамара е претседател, а и јас бев претставник на Синдикатот во Алсат М“, изјави тој. Чаусидис на прес конференција порача дека нејзиниот отказ е токму она што на  Синдикатот му било потребно. „Доказ повеќе, мотив повеќе дека сме на вистинскиот пат, дека се плашат од нас и дека ја доживуваат нашата сила многу повеќе отколку ние самите сме свесни, затоа не напаѓаат и затоа сакаат да го сосечат во корен обидот да се организираме. Ве уверувам и во име на тие шестотини наши членови но и во име на оние кои ќе бидат, дека допрва почнуваме да се организираме. Сега имаме и слободно време и тоа ќе го искористиме токму на синдикалното организирање“, рече таа.Отказот на синдикалната лидерка на новинарите и медиумските работници го осуди и Насер Селмани, Претседател на Здружението на новинари на Македонија и упати апел до сите државни инспекции и трудовата инспекција да превземат мерки против ваквите незаконски отпуштања на медиумски работници. „Ова е јасна порака, да се убие обидот синдикално да се организираме уште на почеток и е неодговорна одлука на сопственикот и на менаџментот на Алсат телевизија и не знам зошто тие се одлучија да бидат први кои ќе дадат отказ на синдикалниот лидер во време кога тој има законска заштита. Тоа не смеат да го прават“, рече Селмани. Од Синдикатот на новинарите информираа дека за ваквите отпуштања е информирана Меѓународната федерација на новинари, која во свое име ќе реагира до Меѓународната организација на трудот, бидејќи не се работи за еден случај, туку за повеќе откази потпишани од самите вработени по пат на измама или принудно. „Како што е идеална сега ситуацијата за работодавачите така е идеална и за синдикатот. Ние почнуваме да го воведуваме редот. Ова е борба, а во борбата мора да има жртви. Тој кој не е подготвен да загуби нема ни да добие. Од есен очекувам уште подобра почва за вистинско синдикално организирање и активизам и ве уверувам дека тоа ќе се случи. Постои една точка до кој човекот можете да го плашите потоа тој престанува да се плаши, кога гледа дека веќе нема што да загуби. Апелирам до работодавачите да не ја дотераат фелата до таа точка, но имам впечаток дека апелот ми е залуден, така што ќе го добијат одговорот“, порача денеска Чаусидис.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Тополова-Исајловска: Криминалот врз културното наследство остава трајни последици

Објавено пред

Јавното обвинителство е една од клучните институции-потписнички на двата меморандуми за разбирање, чија цел е зајакнување на институционалните капацитети за справување со кривични дела против културното наследство и животната средина.

dobivaj vesti na viber

Настанот го означи успешното завршување на твининг проектот помеѓу Италија и Република Северна Македонија,финансиран од Европската Унија со средства од Инструментот за претпристапна помош – ИПА.

“Кривичните дела во овие области се карактеризираат со високо ниво на сложеност. Тие често вклучуваат организирани структури, прекугранични активности, финансиски интереси и значителна материјална штета. Последиците од ваквите дела, за разлика од други форми на криминал, во голем дел се трајни – уништеното културно добро или деградираната животна средина речиси никогаш не можат целосно да се обноват. Затоа, покрај националните механизми, од суштинско значење се и инструментите на меѓународна правна помош, размената на информации и оперативната соработка, како со институциите од регионот, така и со институциите од Европската Унија”, истакна при потпишувањето на меморандумите В.Д. Јавниот обвинител, Анита Тополова Исајловска.

Целта на проектот, во чија реализација беа вклучени италијанските Карабинери со специјална експертиза, беше зајакнување на националните капацитети за спречување, истражување и борба против кривични дела поврзани со културното наследство и животната средина во согласност со стандардите и најдобрите практики на ЕУ.

Меѓуинституционалната соработка беше зајакната преку структурирани механизми за координација, што резултираше со потпишување на двата Меморандуми за разбирање со кои се воспоставуваат национални мултиинституционални платформи за заедничко дејствување против криминалот со културното наследство и животната средина.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија на ниво на Буркина Фасо и Танзанија според Транспаренси

Објавено пред

СДСМ обвини дека корупцијата во Македонија „цвета“, повикувајќи се на Извештајот на Транспаренси за 2025 година, според кој, како што наведуваат, земјата е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија.

dobivaj vesti na viber

Од партијата тврдат дека граѓаните „секој ден гледаат дека во Македонија цвета корупцијата поради криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ“.

Во соопштението се наведува дека „161 тендер се доделени на една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините, 9 милиони евра за фирма само со двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта“.

СДСМ ги споменува и петте тони дрога преку граница, оценувајќи дека се случил „најголемиот нарко-скандал во регионот со дрога од Македонија која била шверцувана во Србија“.

Според партијата, „наместо реформи во правосудството, власта презема целосна контрола врз судството и обвинителството и носи закони кои не се согласно препораките на ЕУ“.

„Нема борба против криминалот и корупцијата туку има обиди за заштита на криминалците од врвот на власта“, наведуваат од СДСМ.

Во соопштението се додава дека „сè тоа ја става Македонија во групата на земји како Буркина Фасо и Танзанија, според Извештајот на Транспаренси за 2025 година“.

 

„Македонија го има својот Мадуро кој ја води земјата кон намерна изолација од ЕУ за може слободно да се спроведува грабежот зад грбот на граѓаните“, додава СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) СДСМ ја напушти седницата откако предлогот за минимална плата од 600 евра не се најде на дневен ред

Објавено пред

Пратениците на СДСМ ја напуштија седницата во Собранието откако владејачкото мнозинство одби предлог-законот за минимална плата да биде ставен на дневен ред. Во меѓувреме пред Собранието се одвиваше блокадата организирана од Сојузот на синдикати за зголемување на минималната плата на 600 евра и на другите плати за 100 евра.

dobivaj vesti na viber

„Не може моето право како координатор или пратеник од опозицијата да е послабо од правото на кој било пратеник на власта“, нагласи координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, повикувајќи го претседателот на Собранието, Африм Гаши, да образложи зошто предлогот за зголемување на минималната плата не се стави на гласање, и пред пратениците, и пред граѓаните кои го блокираа Собранието.

Спасовски појасни дека СДСМ го поднел предлогот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата на 31 јануари, со што бил исполнет условот точките поднесени до крајот на минатиот месец да бидат ставени на седницата.

„Дополнувањето односно поправањето на текстот, според собранискиот Деловник, не значи повторно поднесување“, рече Спсовски. Според него, барањето на синдикатите минималната плата да се зголеми на 600 евра или 36.960 денари е реална основа и постои можност за обезбедување финансиски средства.

„Има можност, само треба политичка волја да се излезе на барањето на работниците“, додаде Спасовски, потсетувајќи дека кога владата на СДСМ го почнала мандатот, минималната плата била 8.600 денари, а кога завршил 22.400 денари.

СДСМ остро реагираше на одлуката на претседателот на Собранието, истакнувајќи дека постапката создава двојни стандарди.

„Не може да имате двојни стандарди во однос на поднесување на законски текстови. Ако ги извадите стенограмите, ќе видите на колку седници реагирам дека се ставаат на дневен ред предлози доставени до почетокот на седницата, но само ако предлогот е од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Спасовски.

По едночасовната пауза, пратеничката група на СДСМ одлучи да не учествува во продолжението на седницата, нагласувајќи дека „оваа пракса уште повеќе го руши дигнитетот на Собранието и ги става пратениците во подредена улога едни наспроти други“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија5 часа

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија6 часа

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија7 часа

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...

Македонија8 часа

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки...

Македонија8 часа

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок...

Македонија9 часа

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува...

Македонија9 часа

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет10 часа

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија11 часа

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија11 часа

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени...

Македонија12 часа

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...

Свет12 часа

Вознемирувачки епизоди и морничави детали од новите документи за Епстин

Јавноста во голема мера се фокусираше на откритијата за Доналд Трамп, Бил Гејтс, Илон Маск и други познати личности во...

Свет13 часа

(Видео) Објавена снимка од пронаоѓањето на телото на Џефри Епстин

Британскиот „Телеграф“ објави досега невидени снимки од надзорни камери кои го прикажуваат моментот кога затворските чувари го пронашле телото на...

Свет13 часа

Американски конгресмен: Аферата Епстин може да биде крај на монархијата

Член на американскиот конгресен комитет што ја истражува аферата Епстин изјави дека скандалот би можел да означи „крај на монархијата“....

Свет14 часа

(Видео) Насилни протести во Сиднеј: Демонстрантите се судрија со полицијата

Триесет лица се уапсени, а десетици демонстранти побарале медицинска помош во Сиднеј откако избувнаа судири со полицијата поради посетата на...

Европа14 часа

(Видео) Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

Организиран и вооружен напад врз возило за трансфер на пари беше извршен вчера утрото на автопатот SS613 што ги поврзува...

Свет14 часа

Мета и Гугл обвинети за намерно предизвикување зависност кај млади корисници

Судењето против Мета и Гугл започна во понеделник во граѓанскиот суд во Лос Анџелес, а адвокатите на тужителите ги обвинија...

Свет14 часа

(Видео) Американската војска нападна уште еден брод во Пацификот, двајца мртви

Американската војска објави на социјалната мрежа X дека извршила напад врз брод во источниот Пацифик ноќеска по централноевропско време, при...

Македонија24 часа

ВМРО-ДПМНЕ избра нови претседатели на повеќе партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесени се одлуки за кадровски освежувања и распишување...