Македонија
Повторно одложено судското рочиште за А2
Судското рочиште за поведување на стечајна постапка за А2 телевизија повторно се одложи за 17 октомври.
Судското рочиште за поведување на стечајна постапка за А2 телевизија повторно се одложи за 17 октомври.
Причина за одложувањето на рочиштето беше тоа што сè уште не бил готов вештиот наод за сметката на телевизијата, кој што судот го побара на минатото рочиште.
Адвокатот телевизијата, Дончо Наков смета дека процесот за отворање на стечајна постапка треба веднаш да сопре бидејќи телевизијата ги подмирила сите долгови.
Но претставниците од УЈП велат дека се прави контрола, дали А2 освен овие има и други долгови.
„Се прави контрола, ќе се констатира точно, дали има и колкави се“ изјави државниот правобранител, Саша Станчевски.
За управителот на телевизијата, Тони Николовски во случајот со А2 се постапувало тенденциозно.
„Ова е прв случај на фирма во Македонија, која што има функционална сметка да не и биде дозволено да функционира нормално. Мислам дека е ова тенденциозно, сè со една цел, да се оневозможи еден медиум нормално да функционира“ изјави Николовски.
На минатото рочиште, претставникот на УЈП побара да се направи вештачење на сметките на телевизијата бидејќи за нив била спорна законитоста на позајмицата со која е извршено плаќањето на долгот на телевизијата.
Тврдеа дека, ниту тие, ниту претстечајниот управник, немаат добиено известување за извршените плаќања и затоа бараат да се изврши вештачење на сметките и да се провери законитоста на позајмицата.
За нив е спорно тоа што, плаќањето е извршено на 25 август, а од 24 август, должникот или „А2“ имала забрана за располагање со сметките и имотот.
Адвокатот на А2 пак изнесе докази дека долгот од над 5 милиони денари е платен.
За претстечаен управник на „А2“ телевизија беше назначен стечајниот управник на А1, Ацо Петров.
По еден ден откако беше отворена претстечајната постапка за „А2“, во јавноста излезе информација дека долгот на телевизијата го платил братот на пратеникот Фијат Цаноски, кој е близок до сопственикот на А1, Велија Рамковски. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајна несреќа на патот Кочани – Штип, сообраќајот во прекин
Од 20:30 часот сообраќајот на магистралниот пат А-3 Кочани – Штип (с.Долни Подлог – с.Тркање) е во прекин, поради сообраќајна незгода.
Сообраќајот се пренасочува преку с.Тркање кон екпресен пат Кочани – Штип, соопшти АМСМ.
Македонија
Ѓорѓиевски: Доста беше мрак, време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, со покана до скопјани и гостите на главниот град за како што вели, незаборавен дочек на Новата 2026 година на плоштадот „Македонија“.
По подолг период, Скопје повторно ќе пулсира во знакот на радоста и врвната музичка забава, со богата програма што ги обединува сите генерации и ја враќа празничната магија во срцето на градот, истакнуваат од Град Скопје.
„Скопје, дали сме подготвени за најдобрата забава?
Со голема чест и искрена радост, ве поканувам на плоштадот „Македонија“ на незаборавен дочек на Новата 2026 година, ноќ која повторно ќе го сплоти градот.
Програмата започнува во 19:45 часот со моќниот вокал на Миле Кузмановски, а продолжува со Огнен Здравковски.
Следуваат Дина Јашари, легендарните Куку Леле и неповторливата Тамара Тодевска.
Кулминацијата ја носат милениците на младата публика Пајак, Лара и Два Бона, додека магичниот момент на пречекот на Новата година ќе го одбележи настапот на Каролина Гочева.
Почитувани скопјани, доста беше мрак.
Време е за заедништво и за радост.
Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, знае да обединува и знае да биде лидер во културните настани.
Со домашни изведувачи, љубени од публиката, создадовме програма што ги поврзува сите генерации.
Ова е наш подарок за градот убав – за повторно да живее, да пулсира и да сонува.
Ве поканувам сите, драги скопјани, да ни се придружите и заедно да ја пречекаме 2026 година со насмевки, музика и незаборавни мигови.
Сите сте добредојдени да бидете дел од оваа новогодишна приказна, исполнета со позитивна енергија и врвна забава.
Се гледаме“, напиша на социјалните мрежи скопскиот градоначалник.
Македонија
Во прекин сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица), поради сообраќајна несреќа во прекин и сообраќајот кон ГП Ќафасан
Поради протест на грчките земјоделците, од 17:10 часот сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) е во прекин.
Поради сообраќајна незгода сообраќајот кон ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, соопшти АМСМ.
На 30.12.2025 (вторник), од 15:00 часот, ќе има измена на режимот на сообраќајот на Коридор 10, на делницата Прилеп–Битола, при што сообраќајот ќе биде пренасочен по регионалниот пат Р1101, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

