Македонија
Share Macedonia – акција за промоција на Македонија преку социјалните медиуми

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во соработка со Владата на Република Македонија неодамна лансираше нов концепт на социјални медиуми кој ќе помогне да се рашири убавиот збор за Македонија низ светот.
Името на концептот е Share Macedonia и земјава за првпат лансира проект кој ќе помогне да се крене свесноста за постоењето на Република Македонија. Идеата е да се споделуваат слики, видеа и постови на блогови за Република Македонија, и истите тие да се споделат на сајтот Share Macedonia со употреба на хаштаг пред името.
За поуспешно развивање на овој концепт, на Македонија и е потребна помош од буквално сите оние кои што се активни на социјалните медиуми.
Има неколку начини на кои сите можат да дадат придонес за оваа акција, а тие е преку постирањето на Фејсбук, Твитер или Инстаграм со хаштагот #sharemacedonia
Share Macedonia е за споделување, грижа и обединување на Македонците и Македонската култура низ светот, а вака сите заедно ќе прошириме зборот за најубавата земја во светот и воедно ќе успееме да ги запознаеме сите оние што не знаат за постоењето на Република Македонија, порачуваат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
МВР најави засилени мерки против непрописното паркирање

Вчера во периодот од 17:00 до 20:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје преземени се зајакнати мерки за санкционирање на непрописно паркираните возила низ централното градско подрачје за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
МВР информира дека се преземени вкупно 20 мерки од кои изречени се шест прекршочни платни налози за непрописно паркирани возила, 12 возила се подигнати со специјалното возило “пајак” и 2 мерки по останати прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР.
Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Македонија
Облачно време со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Во понеделник ќе има повремен локален дожд, а од вторник стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на ул 100 и ул 21 во Волково (Општина Ѓорче Петров)
-во периодот од 12.00 до 14.00 часот дел од ул.3 во Ракотинци (општина Сопиште)