Свет
Младиќ пренесен во Специјалниот суд на испитување
Поранешниот воен командант на босанските Срби генералот и обвинет за воени злосторства во Хаг, Ратко Младиќ попладнево е превезен во зградата на Специјалниот суд во Белград, каде што ќе му биде прочитано обвинението и ќе биде испитан од истражен судија.
Поранешниот воен командант на босанските Срби генералот и обвинет за воени злосторства во Хаг, Ратко Младиќ попладнево е превезен во зградата на Специјалниот суд во Белград, каде што ќе му биде прочитано обвинението и ќе биде испитан од истражен судија.Најбараниот бегалец пред Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства на територијата на поранешна Југославија, генералот Ратко Младиќ откако беше утрово уапсен, во четвртокот попладне од централата на Безбедносната воена агенција (БИА) е пренесен во Специјалниот суд во Белград. По сослушувањето истражниот судија од Одделот за воени злосторства на Вишиот суд во Белград ќе донесе одлука дали се исполнети претпоставките тој да биде екстрадиран на Хашкиот трибунал. На оваа одлука Младиќ и неговата одбрана имаат право да се жалат,а конечната одлука во тој случај треба да ја донесе министерството за правда на Србија.Спротивно на очекувањата во центарот на Белград се собра помала група млади луѓе кои протестираа против апсењето на Младиќ. Десетината момчиња не носеа никакви транспаренти, туку извикуваа разни слогани од кои покрај името на уапсениот поранешен воен командант на Република Српска најчесто беше извикуван слоганот „Нож, жица, Сребреница“. Исто така, протестот беше обезбедуван од неколку полицајци. Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, на конференцијата за медиумите изјави дека при апсењето на Ратко Младиќ во селото Лазарево близу Зрењанин не било употребено огнено оружје бидејќи не бил пружен никаков отпор. А акцијата била спроведена заеднички од припадници на српското МВР и на разузнавачката агенција БИА.Апсењето на Ратко Младиќ во четвртокот попладне го поздравија и претседателот на Европскиот совет Херман ван Рампуј кој наведе дека станува збор за „пресвртница“ за Србија и за меѓународното право. Акцијата на Белград ја поздравија и претседателот на делегацијата на Европскиот парламент за југоисточна Европа, Едуард Кукан за кого апсењето на Младиќ е „позитивен развој за европските амбиции на Европа“. /крај/тан/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови израелски напади врз Техеран, експлозии одекнаа во центарот на градот
На социјалните мрежи се појавуваат нови снимки од израелски напади врз Техеран, откако израелската војска соопшти дека започнала дополнителен широк напад врз иранската престолнина.
Во Техеран се слушнале повеќе експлозии, јави иранската новинска агенција Тасним. Според извештаите, воздушен напад погодил област во близина на Плоштадот на револуцијата, каде што се одржувал собир на кој била осудувана, како што се наведува, агресијата.
#BREAKING 🔥🔥
Massive Israeli airstrikes on Tehran continue.#Iran #Teheran #Dubai #عاجل_الان #Israel pic.twitter.com/d91QjVz80A
— 🌐 Short Reports 🌐 (@ShortReportOnX) March 2, 2026
Во меѓувреме, иранската противвоздушна одбрана соопштила дека пресретнала напад над небото на централниот дел на Техеран.
Израелските одбранбени сили во ново соопштение навеле дека цел на нападите е иранскиот терористички режим.
Фото: Depositphotos
Свет
Шпанија го оцени нападот врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност
Шпанија го оцени американско-израелскиот напад врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност во употребата на сила, заземајќи став различен од Германија, Франција и Велика Британија, кои најавија соработка со САД во одбрана на своите интереси против Иран.
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека светот се наоѓа на раскрсница и предупреди на опасен преседан на системско прибегнување кон сила надвор од меѓународното право. Тој оцени дека САД и Израел еднострано го нападнале Иран, без поширока меѓународна поддршка.
„Ообезглавија страшен режим кој го угнетува своето општество, тоа е вистина“, рече тој. „Но го поткопаа меѓународното право и доведоа до невини жртви.“
Фото: ЕПА
Свет
Иран со ракети ја нападна канцеларијата на Нетанјаху
Иранската Револуционерна гарда објави дека нејзините последни ракетни напади биле насочени кон канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и седиштето на командантот на израелските воздухопловни сили.
Во соопштението објавено од новинската агенција „Фарс“, гардата објави: „Целите беа канцеларијата на криминалниот премиер на ционистичкиот режим и седиштето на командантот на воздухопловните сили на режимот“.
Се вели дека во нападот биле употребени ракети „Кејбар“.
Израел објави дека нема повредени во нападите.
фото/Depositphotos

