Економија
Катарците ќе градат луксузни хотели низ целиот свет

Катар, земја богата со природен гас ќе гради луксузни хотели од синџирот „Харoдс“ во Малезија, Париз, Лондон и Кина, пишува британскиот печат.
Според планот за 636 милиони долари, Катар холдинг ќе биде партнер на Малајската фирма „Џерантас“ при изградбата на хотел во т.н. “Златен триаголник“ на Куала Лумпур – шопинг областа Букит Бинтанг.
Градежните активности ќе започнат во следната година. Зградата ќе има 300 хотелски соби, апартмани и површини за комерцијални објекти, како целата површина ќе надмине 2,2 хектари.
“Ќе инвестираме повеќе во Малезија, бидејќи веруваме дека локалната економија ќе расте со околу 5 отсто во наредните две години“, објасни потпретседателот на Катар Холдинг, Хусеин Али ал Абдула.
Освен Лондон, каде што исто така ќе биде отворен хотел, компанијата планира да гради и во други клучни светски градови, како Куала Лумпур, Њујорк, Париз и кинеските мегаполиси./крај/бгнес/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
УЈП: Издавање кодови за идентификација за поднесување на МПИН

„Со наближување на рокот за поднесување на МПИН пресметките, Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност чии кодови за идентификација за потпишување на МПИН пресметките кои се изготвуваат преку Клиентскиот софтвер, а се издадени пред 5 март 2025 година, независно од нивната важност, да поднесат барање за обнова на истите преку системот е-Даночни услуги“, велат од УЈП.
За повеќе информации во врска со постапката на поднесување на барањата и превземање на кодовите преземете го Корисничко упатство за поднесување на Барање за издавање на клуч за спремање на плата, кое е објавено на веб страницата на УЈП.
Дополнително, УЈП напоменува дека обврзниците кои имаат помал број на вработени (до 5 вработени), може МПИН пресметките да ги изготвуваат преку системот е-Даночни услуги согласно соопштението од 6 март 2025 година немаат потреба да поднесуваат барање за издавање на клуч за пресметка на плати.
Економија
Нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,29 % во однос на одлуката од 10.03.2025 година.
Од 18.3.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,345 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,916 ден/кг и сега ќе изнесува 41,345 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,592%, кај дизелот намалувањето е во просек за 1,513%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 1,550% и кај мазутот зголемувањето е за 0,172%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 2,5506%.
Економија
Мицкоски: Се работи на проекти во образованието вредни две милијарди денари

Во моментот имаме инвестициска активност од околу две милијарди денари за проекти во образованието, повеќе од 30 капитални инвестиции, седум комплетно нови училишни згради, дваесетина се реновираат, спортски сали во Струга и во Битола, отпочнуваме со спортските сали – Кисела Вода и Аеродром, во план е продолжување на проектот за реконструкција на универзитетите, односно зградите на факултетите ФИНКИ и ФФК, отпочнуваме со кампусот „Мајка Тереза“, изјави попладнево премиерот Христијан Мицкоски.
„Истовремено, ќе продолжи и инспекцискиот надзор на оние високообразовни институции, но и оние други образовни институции, што не ги исполнуваат стандардите. Ќе бидат опоменати. Доколку не преземат ништо во насока на исполнување на стандардите, ќе мора да бидат затворени“, рече премиерот.
Тој кажа дека децата треба да добијат европско знаење, а „тоа може да го даваат институции што ги почитуваат законите и што нудат таков тип на пренос на знаење“.
„Реформата во образованието е навистина опсежна. Оваа година, нешто што не е за фалење, учениците ги добија книгите на 1 септември. Исто ќе биде и во следната година. Ние пред 10 – 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, денеска сме среќни ако секое дете има учебник. Но, за жал, имавме цунами седум години што и тоа не можеше да го направи онаа влада на СДСМ и ДУИ, па оваа влада мора буквално сите тие елементарни работи да ги прави“, додаде премиерот.