Контакт

Свет

Русија уништила 70 отсто од хемиското оружје

Објавено пред

Русија досега уништила 70 отсто од своето хемиско оружје од периодот на Студената војна, иако беше предвидено до април 2012 година, исто како и САД, да го уништи целокупниот арсенал.

dobivaj vesti na viber

Ова во среда го изјави Виктор Холстов, директор во руското министерствоз а индустрија и трговија.

„До денеска уништивме…повеќе од 29 илјади тони оружје, што изнесува 73 отсто од рускиот арсенал”, изјави Холстов за агенцијата Интерфакс, задолжен за спроведување на преземените меѓународни обврски на Русија од тоа подрачје.

Русија и САД, кои во времето на Студената војна создадоа огромни количества хемиско оружје, се обврзаа на негово целосно уништување до април 2012 година, но обете земји соопштија дека не се во состојба да го испочитуваат зададениот рок.

САД, кои досега уништиле околу 90 отсто од вкупните залихи, си поставија рок целата постапка на уништување да ја довршат до 2023 година, додека Русија минатата година вети дека својот арсенал со хемиско оружје ќе го уништи до декември 2012 година. /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

(Видео) Трамп во пресрет на одлуката за Украина: „Имав добри односи со Владимир. Многу сум разочаран“

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е „многу разочаран“ од рускиот претседател Владимир Путин, неколку дена пред посетата на украинскиот лидер Володимир Зеленски на Вашингтон.

dobivaj vesti na viber

„Многу сум разочаран, бидејќи Владимир и јас имавме многу добри односи. Веројатно сè уште имаме“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа, додавајќи: „Не знам зошто тој ја продолжува таа војна“.

Трамп рече дека Путин не сака да го заврши конфликтот, што остава „многу лош“ впечаток, според новинската агенција ДПА.

„Тој може да го заврши. Може да го заврши многу брзо“, рече тој.

Американскиот претседател, исто така, ја пофали Украина за нејзиниот отпор кон Русија и зборуваше за посетата на украинскиот претседател Зеленски на Вашингтон во петок.

„Тој сака оружје. Би сакал Томахавки“, рече Трамп, кој не ја исклучува можноста за снабдување на Украина со овие моќни американски крстосувачки ракети со дострел до 2,5 илјади километри.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Прекини во снабдувањето со електрична енергија во дел од Украина, вклучително и во Киев

Објавено пред

Преоптоварувањето на електричната мрежа и последиците од претходните руски напади доведоа до прекини во снабдувањето со електрична енергија во Киев и други украински региони доцна синоќа.

dobivaj vesti na viber

Проблеми со притисокот на водата беа пријавени и во делови од украинскиот главен град, објави Ројтерс. Градската администрација на Киев соопшти на платформата Телеграм дека преоптоварувањето предизвикало проблеми во една од главните електрани во градот.

Три централни области на Киев на западниот брег на реката Днепар останаа без електрична енергија. Како резултат на тоа, метрото во Киев мораше привремено да се потпира на резервна електрична енергија за да продолжи со работа, објави Ројтерс.

Градската власт подоцна објави дека службите за итни случаи ја вратиле струјата во погодените области, иако сè уште се пријавуваат прекини на електричната енергија во некои области. Администрацијата додаде дека притисокот на водата ќе се врати на нормално ниво во рок од два до три часа.

Укренерго, компанијата што управува со високонапонските далноводи во Украина, соопшти дека проблемите предизвикани од руските напади врз електроенергетскиот систем предизвикале прекини во електричната енергија низ северна, централна и југоисточна Украина.

Русија ги фокусираше своите напади врз енергетски цели во Украина во последните недели. Серија напади врз Киев и други области оставија милион домаќинства и бизниси привремено без електрична енергија минатата недела.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп го одликува Чарли Кирк

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера му го додели на убиениот конзервативен активист Чарли Кирк Претседателскиот медал за слобода, највисокото цивилно одликување во Соединетите Американски Држави.

dobivaj vesti na viber

„Денес сме тука да му оддадеме почит и да се сетиме на неуморниот борец за слобода, на сакан лидер кој ги инспирираше идните генерации како никој друг“, рече Трамп на церемонијата во Белата куќа одржана на денот на роденденот на Кирк.

Кирк, основач на Turning Point USA, беше застрелан и убиен на 10 септември за време на дебата на Универзитетот во Јута Вали. Неговото убиство ја шокираше нацијата и повторно ги разгоре дебатите за политичкото насилство.

Републиканскиот претседател оттогаш се зафати со она што го нарече „радикален левичарски екстремизам“, испраќајќи владини агенции, вклучувајќи ги ФБИ, Министерството за внатрешни работи и Службата за внатрешни приходи, да истражат групи обвинети за финансирање и поттикнување политичко насилство.

На вчерашната церемонија во Белата куќа присуствуваа потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и сенаторите Тед Круз, Мајк Ли и Рик Скот, како и мноштво медиумски личности и други сојузници на Трамп.

Кирк, познат по своите дебати на кампусите за прашања како што се абортусот, имиграцијата и расната еднаквост, одигра голема улога во мобилизирањето на младите гласачи за Трамп во 2024 година.

Американскиот претседател го нарекува „маченик за американската слобода“, а двата дома на американскиот Конгрес во септември донесоа резолуции со кои го прогласија 14 октомври за „Национален ден на сеќавање на Чарли Кирк“.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Свет37 минути

(Видео) Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во Индија

Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во индиската држава Раџастан, објавија локалните медиуми. Автобусот превезувал повеќе од 50...

Свет12 часа

Трамп ги третира европските лидери како марионети во својот „куклен театар“, вели Карпович

Претседателот на САД, Доналд Трамп, гледа дека европските лидери му се целосно потчинети и се подготвени да реагираат на секој...

Македонија17 часа

„Пренеси им поздрав и порака на нашите ангели“ – родителите од Кочани сочувствуваат со смртта на Панчо

Здружението на граѓани „16 март“, формирано од некои од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“...

Македонија18 часа

Железничката станица не може да биде турбофолк-хаб, Ивановски ќе отстранува сѐ што не е во проектот од Кензо Танге

Железничката станица во најкус рок ќе биде исчистена од билборди, паноа и графити и ќе биде забрането да се поставуваат...

Македонија18 часа

Андоновски: Македонија добива национален центар за вештачка интелигенција – почнува проектот „Везилка“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска официјално го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, капитален проект...

Македонија20 часа

Почина Панчо од ДНК

Владимир Блажев-Панчо од дуото ДНК почина речиси седум месеци по трагедијата во Кочани во дискотеката „Пулс“, каде што доби сериозни...

Македонија21 час

Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од учесниците во изборната кампања

Во согласност со Изборниот законик, учесниците во изборната кампања за локалните избори 2025 година имаат обврска да поднесат извештаи за...

Македонија21 час

„Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните...

Македонија22 часа

„ЈО и Коцевски да одговорат дали дискотеката „Пулс“ платила 40.000 евра, дали Спасовски ја спасил од казна“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„ЈО и Коцевски да не молчат и да кажат на јавноста дали дискотеката Пулс платила казна од 40.000 евра или...

Свет23 часа

Трамп постигна прекин на огнот во Газа, но сега се појавуваат три големи прашања

Американскиот претседател Доналд Трамп успеа да ги донесе Израел и Хамас на преговарачка маса и да постигне прекин на огнот,...

Свет1 ден

(Видео) Трамп по враќањето од Израел: „Ова беше историски ден за светот“

На летот за Вашингтон од Израел и Египет, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите во авионот „Ер Форс Уан“....

Свет1 ден

Кина одговори на мерките на САД: специјални пристанишни такси за американските бродови

Кина официјално почна да наплаќа посебни пристанишни такси за бродови во сопственост, управувани, изградени или кои го пловат американското знаме,...

Свет1 ден

(Видео) Се урна рудник во Венецуела, најмалку 14 мртви

Најмалку 14 лица загинаа откако рудник за злато се урна во општината Ел Калао во јужна Венецуела по обилните дождови...

Свет1 ден

(Видео) „Спејс икс“ на Маск ја лансира единаесеттата ракета „Старшип“

„Спејс Икс“ на Илон Маск вчера ја лансираше својата единаесетта ракета „Старшип“ од „Старбејс“ во Тексас. Starship's eleventh flight test...

Европа1 ден

(Видео) Жесток руски напад врз Харков, погодена болница: 30.000 луѓе останаа без струја

Руските сили го нападнаа Харков со наведувани бомби, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија на 30.000 корисници во три области,...

Свет1 ден

Трамп го потпиша мировниот договор за Газа: „Поминаа 3.000 години за да се стигне до ова“

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша првиот мировен план за Газа, изјавувајќи при потпишувањето: „Поминаа 3.000 години за да се...

Македонија2 дена

ЕУ отвора центри за вештачка интелигенција во Македонија и Србија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска најави дека Европската унија ќе отвори две „ВИ фабрики“ (центри за...

Топ2 дена

Поранешен дечко со оружје дошол пред домот на девојка во Гевгелија, полицијата го спречила

Полицијата во Гевгелија денеска спречи обид за убиство на девојка од нејзиниот поранешен партнер. Според информациите на Министерството за внатрешни...

Македонија2 дена

Алиу лично е за токсиколошка проверка да биде законска за сите лекари, но не знае дали правно може да се дефинира

Министерот за здравство Азир Алиу лично смета дека треба да се додаде законска обврска за токсиколошки анализи на сите лекари...

Македонија2 дена

Јован Божиновски назначен за нов директор на Клиникaта за неврологија, соопшти Алиу

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција информираше дека за нов в.д. директор на Клиниката за неврологија е назначен...