Свет
ИРА ги пере парите од грабежот, купувајќи куќи
Ирската републиканска армија (ИРА) ги пере парите од грабежот на Нортерн Банк во Белфаст, купувајќи куќи во Велика Британија, тврди весникот “Ајриш Тајмс”, повикувајќи се на ирски владини извори.
Ирската републиканска армија (ИРА) ги пере парите од грабежот на Нортерн Банк во Белфаст, купувајќи куќи во Велика Британија, тврди весникот “Ајриш Тајмс”, повикувајќи се на ирски владини извори. Според весникот, парите брзо биле распределени на “пет или шест пакети”, кои треба да бидат “испрани” одделно. Британските и ирските власти ја обвинуваат ИРА за грабежот на 20 декември, кога беа украдени околу 38 милиона евра. По грабежот ИРА почнала да купува имоти во Британија, а потпишувањето на нотарските акти го вршат трети лица. ИРА се ориентира на купување на куќи чии сопственици бараат кеш и брза продажба, за да ги заобиколат воведените мерки за борба со организираниот криминал./макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Вучиќ хит во Кина: 300 милиони луѓе го гледале интервјуто на претседателот на Србија за кинеската телевизија
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на српскиот претседател Александар Вучиќ за кинески CCTV.
Вучиќ во интервјуто посочи дека Србија може и треба да научи, како што наведе, „илјада работи од своите кинески пријатели“.
– Правиме големи подготовки за ЕКСПО. Кога управувате со земја имате високи цели. Секогаш мора да ги ставате новите цели на прво место. Ако сакаме да го постигнеме тоа, најдобар можен партнер за тоа отсекогаш била, и секогаш ќе биде, Народна Република Кина. Тука е и претседателот Кси, бидејќи тој секогаш го држи зборот. Го гледам како обичен, скромен човек, кога ќе вети нешто, го исполнува. Не можам да ви кажам дали имаме големи работи во железничкиот сектор, целокупната инфраструктура или индустрискиот сектор, економијата, туризмот, културата, но секако има илјадници работи што можеме и мораме да ги научиме од нашите кинески пријатели – рече Вучиќ во интервјуто за кинеската телевизија.
Свет
Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда во Турција
Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, во северозападна Турција.
Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ, најверојатно е дека експлодирала плинска боца.
Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.
Регион
Данка денес ќе правеше две години: тажната судбина на девојчето за кое плачеше цел регион
Малата Данка Илиќ, денеска, 6 мај, ќе наполнеше две години.
Пред точно 40 дена исчезна Данка.
Тогаш за прв пат се активираше системот „Најди ме“ и започна потрагата. Покрај полицијата се вклучија и луѓе, па веќе првата вечер по девојчето трагаа повеќе од 100 луѓе. По неа трагаа жителите на Бањско поле, соседи, пријатели, противпожарна единица, како и припадници на Планинарската спасувачка служба и полицијата. Кучиња трагачи беа на пат, беспилотни летала летаа над теренот, вклучени беа хеликоптери, а теренот беше дури и прегледан со термални камери.
Мештаните тој ден рекоа дека околу куќата на Илиќ имало неколку дупки длабоки меѓу еден и два метри и дека се наполниле со подземна вода. Сите беа загрижени дека девојчето залутало и паднало со едно од нив.
Единиците на полицијата во раните утрински часови го пребараа теренот, а потрагата се уште беше отежната поради силниот дожд.
Неколку дена подоцна беше откриено дека Данка Илиќ е убиена. Осомничени за делото се Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од Злот, работници на Бор „Водовод“ кои се уште не ја откриваат локацијата на која го пренеле телото на девојчето од дивината. Во притвор е и таткото на Драгијевиќ, Радослав (73), осомничен дека му помагал на синот да го премести телото на девојчето. Под истрага бил и најмладиот Драгијевиќ – Далибор (40). Но, тој почина на 7 април во притвор на полицијата на Бор.