Свет
Пекинг по 60 години повторно го слави роденденот на Конфучие
По првпат откако комунистите дојдоа на власт во Кина, денеска во Пекинг се одбележува годишнината од раѓањето на филозофот Конфучие.
По првпат откако комунистите дојдоа на власт во Кина, денеска во Пекинг се одбележува годишнината од раѓањето на филозофот Конфучие.
Конфучие е роден 28 септември 551 година пред Христа. Свеченоста за одбележување на годишнината од раѓањето се одржа во Конфучиевиот храм, во историскиот пекиншки дел Гуозијан.
Оваа традиција долго време била забранета во комунистичкиот режим, бидејќи конфучионизмот се сметал за феудално верување. Дури од деведесетите години повторно почна да се одбележува во неговиот роден град, но никогаш до сега во Пекинг.
Свеченото одбележување се одржа под надзор на властите и под забрана за јавноста, единствено за новинарите. На свеченоста имаше околу 500 млади волонтери повеќето студенти, облечени во традиционална кинеска облека кои ги читаа неговите текстови.
Конфучиевиот храм во Пекинг е изграден во 1302 година, и е втор по големина храм во Кина посветен на филозофот.
Конфучиевата доктрина денеска повторно се цени во Народна Република Кина, бидејќи владата настојува да ги смири конфучионизмот и социјализмот со што би го исполнила моралниот вакуум кој секогаш ја следел модернизацијата на општеството.крај /хина/кс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025
Свет
Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови
Руската воздушна одбрана соборила 79 украински дронови во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана.
– Во текот на изминатата ноќ, силите на воздушната одбрана на должност пресретнаа и уништија 79 украински беспилотни летала од авионски тип. Вкупно 36 беа над територијата на Ростовскиот регион, 10 над територијата на Брјанскиот регион, 9 над територијата на Курскиот регион, се вели во соопштението на министерството.
Свет
САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател
САД денес ги укинаа санкциите врз сирискиот претседател Ахмед ал-Шариа, само неколку дена пред неговата средба со американскиот претседател Доналд Трамп.
Според белешката на веб-страницата на американското Министерство за финансии, САД ги отстранија ознаките за глобални терористи од ал-Шариа и сирискиот министер за внатрешни работи Анас Хатаб. Велика Британија, исто така, денес ги укина санкциите врз сирискиот претседател, еден ден откако Советот за безбедност на ОН го стори истото.
Портпаролот на Европската унија денес изјави дека одлуката на ОН ќе влијае и врз мерките на ЕУ. Ал-Шариа и Хатаб претходно беа под финансиски санкции кои беа насочени кон Исламска држава и Ал Каеда.
фотo: принтскрин

