Македонија
Советот на честа при ЗНМ даде колективна оставка
Сите членови на Советот на честа при Здружението на новинари на Македонија денеска си поднеле оставка, потврди за Макфакс, Идa Протуѓер, претседател на Советот.
Сите членови на Советот на честа при Здружението на новинари на Македонија денеска си поднеле оставка, потврди за Макфакс, Идa Протуѓер, претседател на Советот.Членови на Советот на честа при ЗНМ беа Ида Протуѓер – “Алфа” телевизија, Аднан Ајдари – “МТВ – Албанска редакција”, Александар Чомовски – “А1” телевизија, Иван Блажевски – “Алсат-М” телевизија, Катерина Блажевска – “Дневник”, Сања Васиќ – “Телма” ТВ, и новинарот Жарко Јордановски. „Советот на честа констатира дека нема на располагање други алатки за да може неговите препораки да го постигнат очекуваниот ефект. Колективната оставка на членовите на Советот на честа е и знак на протест за состојбата во која се најде македонското новинарство, кое стана целосен заложник на интересите на сопствениците на медиумите и на останатите центри на моќ, главно на политичките партии, наместо да и’ служи на јавноста и на вистината. Принципите на Кодексот бескрупулозно се кршат, а новинарите не покажуваат сила да се изборат за професијата која треба да биде дел од креирањето на демократскиот амбиент и јавното мислење. Довербата во медиумите падна на најниско можно ниво“, се вели во официјалното соопштение на Советот.Оттаму велат дека ЗНМ иницирала постапка за формирање ново тело Етички совет. „Сегашната ситуација нé поразува како луѓе и како новинари. Не гледаме можност во рамки на сегашните услови да го штитиме достоинството и принципите на новинарството“, велат членовите на Советот на честа по својата колективна оставка.Советот на честа е единственото саморегулативно тело на новинарите во Македонија. Неговата основна задача е да се грижи и да ги промовира етичките принципи, критериуми и стандарди на професионалното и одговорно новинарство набележани во Кодексот на новинарите на Македонија. /крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

