Македонија
СРД ги усвои правилниците медиумското покривање на изборите
Советот за радиодифузија на денешната седница ги усвои правилниците медиумско претставување за време на изборите и однесувањето на радиодифузерите во периодот пред започнувањето на медиумската кампања.
Советот за радиодифузија на денешната седница ги усвои правилниците медиумско претставување за време на изборите и однесувањето на радиодифузерите во периодот пред започнувањето на медиумската кампања.
Правилниците биле усвоени со шест гласа „за“ и два гласа „против“. Советот констатирал дека и покрај побараното мислење од ДИК во документот што бил упатен до СРД, не било наведено мислењето на ДИК, туку информација дека ДИК ја тргнале точката од дневниот ред и дека бараат дополнителна јавна расправа.
„СРД смета дека ваквиот став на ДИК е мешање во неговите ингеренции и во независноста како регулаторно тело. На усвојувањето на правилниците им претходеше широка и транспарентна јавна расправа со сите чинители во областа на медиумското покривање на изборите: радиодифузерите, ЗНМ, невладиниот сектор, Центарот за развој на медиуми како и претставници од меѓународната заедница во земјава„ се вели во соопштението на СРД.
Државната изборна комисија на вчерашната седница на која требаше да даде мислење за прeдлог–правилниците, ја тргна точката од денвнио ред на предлог на членот Сашо Срцев и побара СРД да спроведе јавна расправа за прeдлог–правилниците за однесувањето на радиодифузерите во периодот пред започнувањето на изборната кампања.
Претседателот на ДИК, Борис Кондарко рече дека ДИК нема надлежност да му дава задолжение на СРД или да дискутира за забелешките на нивните правлиници.
„Ако ние како ДИК дискутирме за дадените поединечни сугестии, согласувања или несогласувања во таа претходна постапка за која е наделжен СРД, тогаш самата ДИК ќе се претвори во СРД, што е незаксонки и неуставно. Наша задаче е да дадеме мислење. Како потоа советот, како дошол до тој текст на правилник тоа воопшто не е ниту наша обврска ниту грижа и како ќе го спорведува СРД си има законски овластувања“ рече Кондарко. Но сепак и покрај тензичната атмосфера и несогласувањата предлогот на Срцев беше усвоен со 4 гласа „за„ и три „против“.
По реакциите на радиодифузерите и ЗНМ, Советоо направил коркции, со што на радијата и телевизиите им се дозволува да користат изјави на владини претставници, а не само снимки од настаните, што во првичната верзија не беше дозволено.
Освен ова дозволено е и организирање на дебати со политичари , но притоа да се има во предвид избалансираната застапеноста на уечсниците во вакви дебати./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски: Најчести жртви на сообраќајните незгоди се младите
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на првата Национална конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“, што се одржа во Скопје во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).
Пред претставници на Владата, општините, ЗЕЛС, РСБСП и експертската јавност, министерот ја истакна загрижувачката состојба со сообраќајната безбедност и потребата од системски и координиран пристап.
„Како и во светот, и кај нас најчести жртви на сообраќајните незгоди се младите. Минатата година имавме околу 78 жртви на милион жители, што е речиси двојно повеќе од европскиот просек од 40, а далеку над скандинавските земји, каде бројката е до 20 жртви на милион жители“, нагласи министерот.
Во своето обраќање тој посочи дека Македонија се приклучува кон европската стратегија „Safe System“, чија цел е до 2030 година бројот на жртви да се намали за половина, а до 2050 година да се постигне целосно нулта жртви.
Тошковски дефинираше дека клучните елементи на овој систем кој заеднички треба да го имплементираат институциите се: безбедна брзина, безбедни учесници во сообраќајот, безбедни патишта, безбедни возила и ефикасна институционална реакција по незгода.
Министерот ја поздрави иницијативата за потпишување на првата Декларација за сообраќајна безбедност, со која општините формално се обврзуваат дека ќе работат системски на подобрување на условите и инфраструктурата.
Посебен акцент беше ставен на започнатиот пробен период на системот „Безбеден град“, кој преку автоматско препознавање веќе детектира стотина илјади прекршоци. „Ова е значаен чекор кон современ, ефикасен и дисциплиниран сообраќајен амбиент“, истакна Тошковски.
Македонија
Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо
Министерството за социјална политика, демографија и млади ја информира јавноста дека исплатата на пензиите се одвива редовно и без промени. Сите пензии се исплаќаат согласно важечките законски одредби.
„Во врска со информациите за постапката во Уставниот суд, Министерството појаснува дека отворањето постапка не значи укинување или измена на мерките што во моментов важат. Сите законски решенија остануваат во сила до донесување конечна одлука од Судот“, се наведува во соопштението.
Министерството апелира до пензионерите да не подлегнуваат на дезинформации и шпекулации и додава дека каква било евентуална промена во законската рамка ќе биде навремено и транспарентно соопштена.
Македонија
Советот за реформа на јавната администрација го усвои ревидираниот акциски план 2023 – 2026
Денес се одржа третата седница на Советот за реформа на јавната администрација како највисоко координативно тело задолжено за управување со реформските процеси во јавната администрација, со која претседаваше премиерот Христијан Мицкоски.
На седницата членовите на Советот го разгледаа и усвоија ажурираниот акциски план 2023 – 2026 година од стратегијата за реформа на јавната администрација 2023 – 2030, кој е усогласен со приоритетите од програмата за работа на Владата 2024 – 2028, како и со документите од процесот на европската интеграција – Патоказот за РЈА и Реформската агенда.
Планот е во корелација и со измените во Законoт за организација и работа на органите на државната управа, со што се идентификувани водечките институции надлежни за реализација, како и другите органи вклучени во спроведувањето на активностите, дополнително интегрирани се и препораките од извештајот од оценската мисија на SIGMA за 2024 година, информираат надлежните.
Во рамките на дискусијата беше истакната важноста од планираното и навремено спроведување на реформските активности со цел унапредување на ефикасноста, професионалноста и на транспарентноста во работењето на јавната администрација.
Министерот за јавна администрација Горан Минчев во своето излагање ја нагласи значајната улога на Советот и континуитетот во неговата работа.
„Одржувањето вакви седници на Советот за реформа на јавната администрација е од исклучително значење бидејќи нивната редовност, транспарентност и конструктивност беа поздравени и нотирани во извештајот за напредокот на Европската комисија како позитивна практика во управувањето со реформските процеси“.
Тој додаде дека Министерството за јавна администрација ќе продолжи активно да го координира спроведувањето на реформските мерки и да обезбедува поддршка на институциите со крајна цел создавање модерна, услужна и професионална администрација во служба на граѓаните.

