Свет
Судиите се боси да коментираат пресуди
За многу прашања и проблеми од
областа на правото, на законите, врховните судии кај нас молчат, иако во
Законот за судовите им се дадени тие надлежности, тие може се тата-мата за
решавање на предмети, но се боси да коментираат правни пробле
ПРОФЕСОРОТ ГОРДАН КАЛАЈЏИЕВ ОД
ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ЗА СТРУЧНОСТА ВО СУДСТВОТО
За многу прашања и проблеми од
областа на правото, на законите, врховните судии кај нас молчат, иако во
Законот за судовите им се дадени тие надлежности, тие може се тата-мата за
решавање на предмети, но се боси да коментираат правни пробле
За
местото судија во повисоките судови во Македонија од сега натаму ќе може да
смета само оној судија кој има највисоки стручни и професионални квалитети, што
ќе значи воведување на систем на кариера. Строгите критериуми за избор на судии
за апелационите, Врховниот и за Уставниот суд се предвидени со новиот Закон за
Судскиот совет и, според правните експерти, тоа ќе значи елиминација на критериумот
докажување пред партијата, што беше досегашниот услов за напредок во судството.
Во Врховниот суд на Македонија во моментов има само една докторска титула – на
судијата Драган Томановски, и неколку магистерски. Студентите на правните
факултети не ги знаат судии од највисокиот суд во Македонија, затоа што никој
од нив не дошол да им држи предавања. За научни трудови од областа на судството
или за објавена книга од автор врховен судија кај нас ретко кој чул.
Вистински раритет се титулите и во апелационите судови. "Не случајно се
воведени новите критериуми во Законот за Судскиот совет при изборот на судија
во повисоките судови. Меѓу судиите има многумина кои се на постдипломски студии
и кои на своја рака инвестираат во својата стручност и едукација. Треба магистрите
од судската фела да се мотивираат да одат нагоре", порачуваат професорите
од Правниот факултет во Скопје.
"Добро е да се има вреднување, особено во судиската фела. Она што ми пречи
е што за многу прашања и проблеми од областа на правото, на законите, врховните
судии кај нас молчат, иако во Законот за судовите им се дадени тие надлежности.
Тие може се тата-мата за решавање предмети, но се боси да коментираат правни
проблеми и ситуации и да изнесуваат лични ставови за нив, што е недопустливо за
врховен судија", смета професорот Гордан Калајџиев од Правниот факултет.
Тој додава дека и судиите и обвинителите уште се водат од некоја комунистичка
свест. "Во странство дури и мислењата од пресудите ги објавуваат во книги.
Судиите од повисоките судови развиваат доктрина", посочува професорот
Калајџиев.
Судскиот совет судии во повисоките судови во иднина ќе избира врз следниве
критериуми: стручно знаење во струката, при што се земаат предвид
специјалистичките, постдипломските студии и учеството во континуирана
едукација, способност за разрешување на правните прашања, потоа ќе се зема
предвид постигнатиот однос меѓу преземениот и очекуваниот обем и ажурност во
извршувањето на работата на судијата, способност за писмено изразување, преку
подготвените одлуки и чувањето на угледот на судијата и на судот, што се
утврдува од начинот на водење на постапката, комуникацијата со странките.
Подобрување на квалитетот на судиите со примена на новите критериуми реално
веднаш не може да се очекува оти Уставот на избраните судии им ја гарантира
функцијата доживотно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон: Расте непријателството кон Евреите, сите мораме да се мобилизираме
Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на зајакнати напори во борбата против антисемитизмот во Франција, откако нови владини податоци покажале дека непријателството кон Евреите останува на високо ниво, и покрај падот на регистрираните инциденти во 2025 година.
Франција, која има најголема еврејска заедница во Европа, минатата година евидентирала 1320 антисемитски дела, што претставува 53 отсто од сите инциденти поврзани со религија, според извештајот на Министерството за внатрешни работи објавен денеска.
Иако бројот на инциденти се намалил за 16 проценти во однос на претходната година, Министерството соопшти дека тие остануваат на „историски високо ниво трета година по ред“. Зголемувањето е забележано особено по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователниот конфликт во Газа.
„Училиштата, правосудниот систем, избраните претставници – сите мора да се мобилизираат“, порача Макрон на церемонија по повод 20 години од смртта на Илан Халими, 23-годишен Евреин кој беше киднапиран и држен во заложништво 24 дена, пред да биде убиен. Водачот на бандата беше осуден на доживотен затвор во 2009 година.
Макрон го осуди, како што го нарече, „отровот на омразата на интернет“, и побара од Европската комисија да ги повика големите онлајн платформи на одговорност.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.

