Македонија
ДИК ги отфрли приговорите за вториот круг
Државната изборна комисија (ДИК) прифати само еден од досега разгледаните 61 приговори за вториот круг на локалните избори
Државната изборна комисија (ДИК) прифати само еден од досега разгледаните 61 приговори за вториот круг на локалните избори.
На седницата што ја прекина доцна синоќа, ДИК го уважи само приговорот од ДУИ за избирачкото место 2327 во Арачиново, на кое се запишани 1921 избирачи.
Сите други приговори поднесени од ДУИ, ДПА, ВМРО – ДПМНЕ и група избирачи беа одбиени, соопшти ДИК.
Разгледувањето на преостанатите 34 приговори за вториот круг на изборите за градоначалници и советници ќе продолжи денеска.
Приговорите се поднесени од СДСМ, ВМРО – Народна, ПЕИ, СДУ и коалицијата „Заедно за Шуто Оризари“./крај/с/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без вода дел од општината Ѓорче Петров
ЈП Водовод и Канализација информира дека денеска поради уличен дефект од ф – 400 мм на улицата 1670 во Ново Село, дел од општината Ѓорче Петров ќе остане без вода.
Прекинот на водоснабдување ќе биде во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот. Без вода ќе останат корисниците од улицата Лука Геров, како и корисниците од населбите Ново Село, Стопански Двор, Кисела Јабука, Волково, Орман и Никиштани во општина Ѓорче Петров.
Македонија
Делови од Карпош и Кисела Вода без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош и Кисела Вода.
− во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од објектите со парни броеви од бр.2 до бр.14, на улицата Козле во општина Карпош.
− во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците Герника 2 и Герника 4, село Драчево од ТС село Драчево 8 во општина Кисела Вода.
Македонија
Црвена Младина со герила акција пред седиштето на СДСМ: Вратите на Левица се отворени за сите вистински левичари
Црвената Младина со герила акција пред седиштето на СДСМ за време на внатрепартиските избори за претседател.
„Во период кога партијата се соочува со криза на лидерство и членството е во бунило, ние, како авангарда на работничката класа, одлучивме да подадеме рака на малкумината искрени и чесни левичари кои веруваме дека ги има во СДСМ“, велат од Црвената Младина.
„Со акцијата, им порачавме на сите вистински левичари во СДСМ дека вратите на Левица се отворени за нив. Спремни сме да ги пречекаме сите кои се борат за праведно и солидарно општество. На присутните им поделивме пристапници за членство во политичката партија Левица. Црвена Младина ќе продолжи со своите активности и ќе стои на страната на работниците и ситр угнетени. Нашата борба е борба за социјална правда, еднаквост и слобода“, соопшти Црвената Младина.