Македонија
Загина легионер од Македонија на Корзика
Легионерот Стојмир Тодоровски, кој служел во француската Легија на странци, завчера загинал во сообраќајна несреќа на Корзика, јавува електронското издание на весникот „Корсматин“.
Легионерот Стојмир Тодоровски, кој служел во француската Легија на странци, завчера загинал во сообраќајна несреќа на Корзика, јавува електронското издание на весникот „Корсматин“.
Дваесет и тригодишниот Тодоровски починал во сообраќајна несреќа што се случила во неделата во 18 часот на патот од Понте Лекиа кон Пиетралба, кога автомобилот во кој бил Тодоровски удрил во дива свиња.
Од силниот удар дивата свиња удрила во шофершајбната на возилото кое доаѓало од спротивна насока и во кое што се наоѓале Тодоровски и уште еден легионер.
Возачот на автомобилот бил повреден на вилицата, додека Тодоровски имал сериозни повреди на главата и вратот. Тодоровски починал еден час подоцна во болницата „Бастиа“, откако бил итно евакуиран со хеликоптер. На возачот му била укажана помош во базата во Рафали.
Стојмир Тодоровски бил легионер прва класа и служел во рамките на 3-та чета на 2-от падобрански полк на Легијата на странците од мај 2010 година.
Денеска во воената база во Рафали на Корзика се очекува да пристигнат родителите и сестрата на загинатиот, по што неговото тело ќе биде пренесено во Македонија./крај/км/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

