Македонија
Почина Гоце Арнаудов

Почина популарниот македонски пејач на фолклорна музика Гоце Арнаудов на 57-годишна возраст.
Почина популарниот македонски пејач на фолклорна музика Гоце Арнаудов на 57-годишна возраст.
Арнаудов е роден на 19 август 1954 година во Струмица. На десет годишна возраст почнува да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование формира групата „Крик“, со која се претставувале низ цела поранешна Југославија. Гоце се враќа во Македонија во 1993 година и за кратко време ги освојува симпатиите и признанијата на својата публика и на музичката критика и каде и да учествува предизвикува еуфорија, а на сите фестивали ги освојува првите места.
Во 1994 година на Фолк фест – Валандово со песната „Дали чекаш стара мајко“ ги освојува сите можни награди и веќе дваесет години е меѓу омилените песни во македонскиот фолклор. Гоце Арнаудов има запишани преку 200 песни, учествувал на сторина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место. Во рамките на пет години е прогласуван за најпопуларната личност на Македонија. Учествата на фестивалот Фолк-фест Валандово му донесоа 22 награди, а неговите песни многу пати ги имаат добиено наградите на публиката и на телевизискиот аудиториум.
Неколку пати станува сопственик на наградата за интерпретација на најголемиот пејач „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце Фест“. Редовно и гостува на публиката во Европа, Америка и Австралија. Учествува редовно и на добротворни концерти. Во 2000-та година во својот роден град Струмица , Арнаудов прави концерт на стадионот на кој присуствуваат над 10.000 гледачи, а доделена му е награда за пејач на деценијата и за почесен граѓанин. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК: 35 пожари низ државата во изминатото деноноќие – четири сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 35 пожари на отворен простор низ државата. Од нив 4 се активни, 4 се под контрола, а 27 изгаснати.
Како што известија од ЦУК, активни се пожарите во:
Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума)
Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и ниска вегетација)
Прилеп – помеѓу с. Царевиќ и с. Смолани (мешана шума и ниска вегетација)
Липково – с. Виштица (деградирана шума)
Под контрола се пожарите во:
Велес – с. Џидимирци – с. Крушје – с. Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)
Дојран – с. Николич (нискостеблеста шума)
Демир Хисар – градска депонија (депонија)
Македонски Брод – с. Црешнево, с. Локвица, с. Крапа (дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
Изгаснати пожари се евидентирани низ Ранковце, Куманово, Липково, Кратово, Тетово, Свети Николе, Битола, Штип, Делчево, Скопје (Аеродром, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Гази Баба, Илинден), Росоман и други општини.
Македонија
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, од утре многу топло време

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.
Под влијание на топла воздушна маса од југ, од утре следува период на сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Особено топло време се очекува во текот на следната работна седмица, кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, на повеќе места ќе надминува 35°C, а наместа ќе биде и над 40°C.
Македонија
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ да каже дали имаат сериозен план за одблокирање на европските интеграции

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, во врска со изјавата на премиерот Мицкоски за поднесување заедничка резолуција со Бугарија во Европскиот парламент за македонскиот јазик, посочи дека вакви сериозни прашања се дискутираат како предлог во Собранието, каде што учествуваат сите политички партии.
„Сметам дека е крајно несериозно такви сериозни предлози да се даваат од обични прес – конференции. Премногу е сериозно и важно прашањето да биде само предмет и обид за некаков дневно политички партиски интерес од страна на ВМРО ДПМНЕ. Сметам дека треба да се направи како предлог во Собранието бидејќи е нешто во што треба да учествуваат сите политички партии. Доколку има таков сериозен предлог ние апсолутно ќе го ќе го поддржиме“, рече Филипче.
Посочи дека ВМРО ДПМНЕ должат пред јавноста да образложат каков план имаат за одблокирање на евроинтеграциите.
„ВМРО-ДПМНЕ треба да каже дали имаат сериозен план, дали имаат сериозен план за дипломатска активност, дали имаат сериозен план за одблокирање на европските интеграции“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.