Свет
Иран осуден на уште 800 млн долари за жртвите во Бејрут
Судијата од сојузниот суд во Вашингтон пресуди дека Иран мора да плати уште повеќе од 813 милиони долари отштета на семејствата на жртвите на нападите во Либан во 1983 година, кога загинаа 241 американски војник.
По оваа судска одлука донесена во петокот, амриканските судови го осудија Иран на вкупно повеќе од 8,8 милијарди долари во предметите во врска со бомбашкиот напад од 1983 година во главниот либански град Бејрут.
Во Бејрут на 23-ти октомври 1983 година загинаа 241 американски војник, меѓу кои 220 маринци кога камион натоварен со 19 тони експлозив се залета во зградата на главниот штаб на американската војска во близината на меѓународниот аеродром во либанската престолнина.
За тој напад, најтежок врз американски цели до 11-ти септември 2011 година, обвинето е либанското фундаменталистичко шиитско движење Хезболах кое има поддршка од Иран.
Истиот ден во сличен напад во Бејрит загинаа и 58 француски падобранци.
На оваа ниова пресуда на вкупно 813,77 милиони долари, претходеа седум пресуди меѓу кои последната е донесена на 7-ми септември 2007 година, според којашто Иран мора да плати 2,65 милијарди долари врз основа на законот кој овозможува казнување на странски земји – FISA./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

