Свет
Нов биланс на Нов Зеланд – 145 загинати
Бројот на загинати во земјотресот во Нов Зеланд се зголеми на 145 лица, додека повеќе од 200 лица се водат како исчезнати, но мали се шансите да бидат пронајдени, соопштија властите
Земјотресот со јачина од 6,3 степени по Рихтеровата скала го погоди Крајстчерч на новозеландскиот Јужен остров во вторникот на 22 февруари.Премиерот на Нов Зеланд, Џон Ки изјави дека владата во понеделник ќе претстави пакет помош за околу 50 илјади лица кои ќе останат без работа поради ситуацијата во градот и повика на двеминутно молчење во спомен на загинатите и во чест на преживеаните.„Ова е најверојатно најтрагичниот настан во историјата на Нов Зеланд“, рече Ки.Боб Паркер, градоначалник на Крајстчерч, град со околу 400 илјади жители, додаде дека властите прават се за да бидат сите спасени.Дополнителни потреси ја отежнуваат работата на спасувачките екипи, 600 спасувачи кои дојдоа на помош од странство ноќта меѓу петокот и саботата не пронајдоа ниту еден преживеан,Од катастрофалниот земјотрес речиси е срамнет со земјата централниот дел на градот. Уништени се голем број згради, централната катедрала, а во неколку области нема ниту основни услови за. Според сеизмолозите, земјотресот со магнитуда од 6,3 степени по Рихтер имал епицентар во близина на градот, а бил на длабочина само од четири километри. Земјотресот е најсмртоносниот во последните 80 години што го погодил Нов Зеланд.Во Нов Зеланд е прогласена вонредна состојба, а во самиот град Кеајсчр е прогласен полициски час. Економска штета предизвикана од земјотресот, првично се проценува на 12 милијарди долари. Според локалните власти тоа бил „најцрниот ден во историјата на земјата“.Во земјотрес со магнитуда од 7,1 степен во септември минатата година што го погоди истиот град беше причинета само материјална штета, без човечки жртви.Нов Зеланд се наоѓа над место каде се судираат две тектонски плочи. Во оваа земја годишно се бележат повеќе од 14 илјади земјотреси, но само околу 150 од ги чувствуваат жителите, а помалку од десет прават некоја штета.Во Крајсчрч живеат само неколку македонски семејства, кои, според информациите на македонскиот амбасадор во Австралија, ниеден од нив не е загинат, повреден или се води како исчезнат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

