Економија
Грузија демантира дека дала согласност за членство на Русија во СТО
Грузија не отстапува од своите барања кон Русија и кога Москва ќе ги исполни е подготвена да го одбори нејзиното членство во Светската трговска организација (СТО), изјави заменичката министер за надворешни работи на Грузија, Нина Каладѕе.
Грузија не отстапува од своите барања кон Русија и кога Москва ќе ги исполни е подготвена да го одбори нејзиното членство во Светската трговска организација (СТО), изјави заменичката министер за надворешни работи на Грузија, Нина Каладѕе.„Имаме одредени барања кон Русија, пред се’ по прашањето на отвореноста на грузиско-руската граница во Абхазија и Јужна Осетија кои нема да бидат изменети, со што нашите партнери се одлично запознаени“, изјавила Нина Каладѕе, според руската агенција Интерфакс. Заменичката на министерот за надворешни работи на Грузија додава е неточна информацијата според која претседателот на земјата, Михаил Саакашвили дал согласност за пристапување на Русија кон СТО без никакви условувања.Русија не може да стане членка на СТО се’ додека Грузија не го одобри тоа, на што има право на вето како членка на организацијата да за пристапувањето на Руската Федерација. Во полза на властите во Тбилиси оди и неколкупати повторената изјава на американските функционери дека САД нема да вршат притисок врз Грузија и дека Москва самата мора да ги надмине недоразбирањата за да добие согласност за членство во СТО. Преговорите за пристапување на Русија кон СТО се водат веќе 17 години. За зачленување во оваа организација којашто придонесува за либерализација на меѓународната трговија, потребна е согласноста од сите 153 нејзини членки./крај/иф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

