Македонија
Ребалансот на буџетот во собраниска процедура
Владиниот предлог за измена и дополнување на Буџетот за годинава денеска ќе биде разгледуван од собраниската комисија за финансирање и буџет
Владиниот предлог за измена и дополнување на Буџетот за годинава денеска ќе биде разгледуван од собраниската комисија за финансирање и буџет.
Ребалансот на буџетот предвидува значително намалување на вкупните расходи, преку замрзнување на вработувањата и платите во администрацијата, како и пакет антикризни мерки.
Владата ја ревидираше претходната прогноза за раст од 5,5 отсто, истакнувајќи дека се очекува годинава да биде остварен раст на БДП од еден процент, а се предвидува инфлацијата исто така да биде еден отсто.
Проектираниот буџетски дефицит и со ребалансот останува во планираните 2,8 отсто од БДП.
Буџетските расходи се намалуваат за 10,6 милијарди денари, (173 милиони евра) односно за околу девет отсто.Најголемиот дел од буџетските расходи се намалуваат преку забраната за вработувања во државната администрација и јавниот сектор, одлагање на 10%-тното зголемување на платите во државната администрација и јавниот сектор, намалување на ставката за тековни расходи кај сите буџетски корисници во просек за 16%, како и намалување на бројот на патувања, трошоци за репрезентација, забрана за купување на мебел, возила и друго, намалување на лимитот на користење на мобилен телефон, укинување на бонуси, забрана за исплаќање на хонорари и слично. /крај/со/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Андоновски на МАСИТ: Владата е партнер на приватниот сектор, да ја изградиме најмодерната дигитална администрација во регионот
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска учествуваше на 20. годишната конференција по повод 25 години МАСИТ. Андоновски во своето oбраќање на една од дискусиите истакна дека дигитализацијата не е само технолошки процес, туку системска промена која го подобрува начинот на кој институциите работат и комуницираат со граѓаните и бизнисите.
„Веруваме во силата на домашните ИКТ компании. Затоа им даваме простор да бидат носители на проекти, пристап до инфраструктура преку Везилка AI и можности за иновации и развој преку ЕДИХ INNOFEIT. Нашата цел е едноставна: технологија создадена во Македонија да стане технологија што ја користи регионот и Европа“, изјави министерот.
Во изјава за медиумите, Андоновски ја истакна важноста на приватниот сектор и појасни дека соработката меѓу Владата и компаниите ја гради дигиталната трансформација на државата.
„Ја испратив пораката дека потребно е заедно да соработуваме, Владата уште во минатото одлучила да се потпре на приватниот сектор во дигитализацијата и дигиталната трансформација на општеството, а сега треба заедно да градиме проекти кои ќе значат реализација во државата, но и на извоз на овие продукти во Европа. Мислам дека имаме одлични кадри кои излегуваат од универзитети, сега е шансата тие да ги искористиме во приватниот сектор, а да и помогнат и на државата’’, соопшти Андоновски.
Македонија
Oтстранети 𝟣𝟧𝟢𝟢 кубни метри отпад од диви депонии и изготвени 𝟣𝟩𝟫 записници за правилно одлагање на отпадот во текот на ноември
Во текот на месец ноември 2025 година, Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше вкупно 179 едукативни разговори со претставници на стопанските субјекти, како и со лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Претставниците на Еко-патролата ги информираа и едуцираа граѓаните на кој начин, каде и во кои термини, согласно законските одредби, треба да го одлагаат комуналниот отпад и отпадот од пакувања, со цел – заштита на животната средина и јавното здравје, известуваат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

„Во текот на минатиот месец, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 1500 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Интервенирано е во речиси сите скопски општини, како и на таканаречените „црни точки“ каде што е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и на сообраќајни површини“, велат од ЈП Комунална хигиена-Скопје и додаваат дека во наведените месечни податоци, не се пресметани отстранетите количини непрописно одложен отпад во рамките на масовната акција за чистење на градот што се одвиваше во периодот од 6-9 ноември.


Македонија
„РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирање конечна цена на водата“, порака од тркалезната маса
РКЕ да ја преземе во целост надлежноста во формирање на конечна цена на водата – е пораката од тркалезна маса „Иницијатива за промена на постапката за утврдување на тарифите за водни услуги и влијанието на соодветните тарифи врз најгорливите проблеми со кои се соочуваат комуналните претпријатија“ во организација на Здружение на даватели на комунални услуги – АДКОМ.
Податоците покажуваат дека актуелниот начин на определување на цената е сложен, финансиски неодржлив, а услугата несоодветна поради што загубите на вода на национално ниво се искачија на 64%. Анализите на РКЕ покажуваат дека од 79 претпријатија што обезбедуваат водни услуги, за 20 од нив се донесени регулаторни одлуки, при што за 11 од нив советите на општините не дале согласност, а додека девет Јавни комунални претпријатија воопшто не ни поднеле барање за нова цена.
„Целта на ова иницијатива е преку интервенции во законските решенија да се создаде поедноставен, транспарентен и стабилен систем за утврдување на тарифите за водни услуги. Нудиме јасен и едноставен процес во формирање на конечната цена. Предлагаме кратење на бирократскиот процес, од шест во два чекори, со доставување на барање и утврдување на конечна цена . РКЕ подолго време алармира дека сегашниот начин на утврдување на цена е неефикасен: се доведува во прашање квалитетот на услугата, дефектите се зголемуваат, а јавните комунални претпријатија се борат за ликвидност“, изјави Лирим Сулејмани, заменик претседател на РКЕ.
Анализите покажуваат дека од година во година трошиме поголеми количини на вода, а наплата се намалува и бројот на вработени се зголемува.
„Актуелните тарифи за вода не ги покриваат реалните трошоци и затоа јавните комунални претпријатија работат со загуба, па општините се приморани да ги субвенционираат. Последиците се мултидимензионални, а она што е најзагрижувачки е дека поради недостаток на средства, инвестиции нема и процентот на загуба на вода од година во година расте и сето тоа е резултат на старата водоводна мрежа. Со реализација на оваа иницијатива – ќе се создадат предуслови РКЕ да спроведе регулаторни одлуки и мерки со што ќе се обезбеди самоодржливост на ЈКП на долг рок. Ние дефинираме конечна цена, но предвидуваме и задолжителни средства за инвестиции и го ограничуваме бројот на вработени“, посочи Фатон Амбари член на РКЕ.

