Свет
Шест жени убиени во протестен марш во Брегот на слоновата коска
Силите за безбедност во Брегот на слоновата коска убиле најмалку шест жени кои марширале во поддршка на легално избраниот претседател Аласан Куатара во престолнината Абиџан, пренесува BBC
Убиствата се случиле во населбата Абобо, кое е упориште на поддржувачите на Куатара и каде што цела недела траат жестоки насилства. ОН и меѓународната заедница ја признаа победата на Аласан Куатара на ноемвриските претседателски избори, но долгогодишниот претседател Лорент Гбагбо одбива да ја предаде функцијата. Според ОН, преку 200.000 луѓе ги напуштиле своите домови откако започнаа насилствата.Жените учествувале во маршот организиран од политичката алијанса на Куатара РХДП, наречен „Операција чистење на Гбагбо“. Организаторите тврдат дека имале намера да организираат мирни протести, но во центарот на престолнината силите за безбедност најпрвин на нив стрелале со солзавец, а потоа во Абобо отвориле и оган врз нив со боева муниција.И покрај супериорното вооружување, силите за безбедност во Абобо претрпеле тешки загуби во борбите со вооружените луѓе кои тврдат дека ја бранат населбата.Вчера сите меѓународни радио станици беа исклучени, без никакво објаснување. Исто така, во северниот дел на земјата, кој силно го поддржува Куатара, исклучени се и струјата и водата, исто така без никакво објаснување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

