Свет
Чешкиот премиер Нечас поднесе оставка
Чешкиот премиер Петр Нечас во понеделник поднесе оставка, по корупцискиот скандал во кој е вмешана и неговата најблиска соработничка и шефица на неговиот кабинет.
Со ова Чешка влегува во периодот на несигурност за тоа кој ќе ја состави следната влада. Според чешкиот уста, оставката на премиерот, во случајот Петр Нечас подразбира оставка на целиот негов владин кабинет од десниот центар, а аналитичарите очекуваат дека изборот на новиот мандата нема да биде едноставен.
Нечас ја поднесе оставката откако полицијата ја уапси влијателната шефица на неговиот кабинет и негова блиска соработничка Јана Нагиова под обвинение дека ги поткупувала пратениците и за своите лични интереси ја злоупотребувала воено-разузнавачката служба. Според чешките медиуми, една од жртвите на нелегалното шпионирање била и сопругата на чешкиот премиер, од којашто тој во моментов се разведува.
Премиерот Нечас изјави дека не знае ништо за тоа шпионирање, меѓутоа обвинувањата се премногу сериозни и коалициските партнери му сугерираа дека веќе не можат да го поддржуваат. „Утре ќе поднесам оставка“, изјави Нечас во неделата, по долгиот состанок на раководството на ODS.
Додал дека неговата партија ќе се обиде да создаде нова влада со друг мандатар, како би останала на власт до редовните избори коишто треба да се одржат пролетта 2014 година. Сепак, засега не е сигурно дека тоа ќе го поддржат коалициските партнери на ODS и претседателот Милош Земан.
Чешкото правосудство објави претходно во саботата дека одредило притвор за Јана Нагилова, околу која се врти корупцискиот скандал кој од четвртокот ја потресува земјата.
Чешките таблоиди подолг период наназад нагаѓаат за односите меѓу Нечас и Нагилова. Премиерот во вторникот објави дека се разведува од сопругата. Нагилова, пак, според полицијата, вршела „притисок врз Петр Нечас за да постигне да се разведе од сопругата Радка“. Обвиненијата се подигнати и против двајца генерала и еден полковникот од чешкото воено разузнавање.
Нагиова, исто така, е осомничена дека во ноември 2012 година го организирала сменувањето на тројца „бунтовни“ пратеници на партијата ODS во замена за влијателни позиции во јавната администрација. Двајцата од нив, поранешниот министер з аземјоделие Иван Фукша и поранешниот претседател на пратеничката група на партијата Петр Тлухор, исто така, во саботата беа задржани во притвор.
„Корупцијата сигурно може да биде во облик на важно работно место или услуги од нематеријален карактер“, изјави обвинителот Иво Иштван. Доколку се докаже ова дело, на Нагиова ѝ се закануваат пет години затвор.
Цел на полициските рации ноќта кон четвртокот беа и неколку чешки бизнисмени и контроверзни лобисти поврзани со градските власти на чешката престолнина прага, исто така, осомничени за многу малверзации. Меѓутоа, тие во последен час успеале да побегнат од земјата. Полицијата во 31 рација запленила меѓу 4,7, и 5,8 милиони евра, како и десетици килограми злато. Се смета дека токму Нагиова е вмешана во сите тие афери./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.
Свет
Украински министер: Не е реално војната да се заврши без Трамп
Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, извести за напредокот на преговорите со Русија за прекин на инвазијата, истакнувајќи дека три од 20-те точки од мировниот план остануваат контроверзни. Тој потврди дека претходните две рунди разговори се одржаа во Абу Даби, а следната ќе се одржи следната недела во Женева.
Сибиха оцени дека преговорите „напредуваат“, пофалувајќи го лидерството на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој експлицитно изјави дека „нереално е да се заврши оваа војна без Трамп“. И покрај ова, тој предупреди дека Русија не покажува „никакви знаци на подготвеност за сериозни преговори“.
„Паралелно, мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија и, мора да признаеме, сè уште имаме инструменти на влијание“, рече Сибиха.
Украинскиот министер откри дека сè уште има несогласување за три точки во мировниот план, кој содржи 20 точки. „Имаме изводливи предлози, па затоа во следната рунда навистина се надеваме дека нема да слушаме дополнителни историски предавања. Сега е време за акција, за дела и за конкретни, решителни чекори“, нагласи тој.
На неговите зборови се надоврза и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, кој рече дека војната мора да заврши.
„Јасно е дека треба да ја запреме оваа војна, а со нашите сојузници и пријатели сè уште имаме механизми за да го постигнеме тоа“, рече тој.
Тој откри дека Франција и Обединетото Кралство „отишле многу далеку“ за да ги блокираат бродовите на руската „флота во сенка“, додека „користеле воени средства“.
Баро, исто така, ја нагласи важноста на претстојниот, 20-ти пакет санкции на Европската Унија, кој се очекува да биде усвоен на 24 февруари, на четвртата годишнина од почетокот на тоталната агресија. Тој, исто така, ја спомена улогата на таканаречената Коалиција на волјата во обезбедувањето идни безбедносни гаранции за Украина.
фото/Depositphotos

