Економија
Посета на Американската стопанска Комора од Бугарија во Македонија
Брошурите, спотовите и добрите регулативи можат да привлечат странски инвеститори, ама ако се остане само на документ и не се работи постојано со инвеститорите, тие можат да си отидат
Брошурите, спотовите и добрите регулативи можат да привлечат странски инвеститори, ама ако се остане само на документ и не се работи постојано со инвеститорите, тие можат да си отидат.
Ова на денешната прес-конференција во Скопје го порача извршниот директор на Американската стопанска Комора од Бугарија Валентин Георгиев, пренесувајќи ги искуствата на сопствената земја посочи дека инвеститорите треба и да се задржат.
„Може многу лесно да ги изгубите потенцијалните инвеститори, ако не сте со нив уште од самиот почеток. Затоа велам дека на хартија тука се изгледа дека е во ред, би рекол дека во некои области дури имате и подобри регулатива од многу земји членки во ЕУ, но имплементацијата е многу поважна“, рече Георгиев.
Горгиев вели дека и покрај тоа што земјите се соседи тие посетата на Македонија ја планирале со години, бидејќи досега Македонија повеќе била насочена кон соработка со прекуокеанските земји.
Тој порача дека треба да има дијалог меѓу Владата и бизнис секторот.
„Ваквиот дијалог е најдоброто решение за економијата посебно во вакви кризни времиња. Дијалогот е клучен и за успехот на Скопје на патот кон Брисел и за идното членство во НАТО“, додаде Георгиев.
Од Американската стопанска комора во Македонија најавија проширување на соработката и со Американските стопански комори во другите соседни земји.
„Имавме многу успешни средби на кои разменивме идеи за понатамошна подобра соработка. Состаноците со членовите на Американската Комора во Бугарија се дел од серијата на соработки со коморите од регионот, освен со Американската Комора во Косово, ќе соработуваме и со Коморите од Унгарија и од Албанија“ истакна Георгиев.
Заменик амбасадорот на САД во Македонија, Том Навратил вели дека Соединетите држави ја поддржуваат соработката меѓу стопанските комори .
„Ние сметаме дека ваквите средби може да донесат многу бенефиции во подобрување на бизнисот, и се надеваме дека со присуството на економската размена и присуството на американскиот бизнис во македонија ќе ја се подобри односите меѓу двете земји“, истакна Навратил.
Секторот за енергетика, ИТ секторот, секторот за туризам, банкарство и финансии се потенцијалните области во кои може да се развива соработка меѓу македонките и бугарските компании. /крај/ир/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

