Свет
Повредени девет полицајци во Франција
Најмалку девет полицајци се повредени, а 49 лица се уапсени за време на протестите против француската Влада, соопшти полицијата
Најмалку девет полицајци се повредени, а 49 лица се уапсени за време на протестите против француската Влада, соопшти полицијата.
Според истите извори, неколку стотици младинци, главно членови на анархистичките групи, провоцирале полициски сили, кои го опколиле Плоштадот на нацијата, каде претходно завршија масовните демонстрации.
Стотици младинци, наводно, биле “вооружени“ со мотики и челични шипки и биле “исклучително насилни“.
Полицијата наведува дека девет полицајци се повредени откако врз нив биле фрлани разни предмети.
“Приведени се околу 300 демонстранти, а против 49 е започната судска постапка“, наведува полицијата.
Останатите се ослободени по проверката на идентитетот.
Околу три милиони Французи ширум државата, според синдикатот, протестираа во четвртокот против владините мерки за соочување со економската криза.
Полициската проценка е дека учествувале 1,2 милиони демонстранти./крај/ме/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија
Во судир меѓу два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба, Шпанија, загинаа најмалку 39 лица, а повеќе од 150 се повредени. Трагичната несреќа се случила кога еден од возовите излетал од шините и преминал на соседната пруга.
Несреќата се случила вчера околу 19:40 часот кога последните три вагони од возот Ирјо, кој превезувал 317 патници на линијата Малага-Мадрид, излетале од шините на влезот во Адамуз. Вагоните преминале на соседната пруга, на која во тој момент минувал возот Ренфе од Мадрид до Хуелва во спротивна насока, со брзина од околу 200 км/ч, што, исто така, предизвикало и негово излевање од шините.
Возот Ирјо бил произведен во 2022 година, и последен пат бил проверен на 15 јануари. Несреќата се случила на рамен дел од пругата, што го потврди и министерот за транспорт Оскар Пуенте.
Спасувачките операции за жртвите од железничката несреќа сè уште се во тек.
фото/епа
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.

