Македонија
Припадници на МВР затекнати во алкохолизирана состојба
Вкупно 11 припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) биле затекнати во алкохолизирана состојба, при внатрешна контрола спроведена во 20 п
Вкупно 11 припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) биле затекнати во алкохолизирана состојба, при внатрешна контрола спроведена во 20 полициски станици.
Како што соопшти денеска МВР, извршено е алкотестирање на вкупно 175 полициски службеници, при што кај 11 службени лица е утврдено присуство на алкохол во крвта од 0.15 до 2.36 промили.
За сите полициски службеници кај кои е утврдено присуство на алкохол во крвта до непосредните старешини ќе бидат предложени соодветни мерки., се вели во соопштението, во кое се додава дека контролите ќе продолжат во континуитет и во иднина. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски предновогодишно со македонските мировници и нивните семејства: горди сме на нашата Армија
Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска (28 декември) во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец преку видео-конференциска врска разговараа со македонските мировници ангажирани во мировни мисии и операции во странство.
Во присуство на стотина членови на семејствата на мировниците, претседателката Сиљановска-Давкова истакна дека е горда на припадниците на Армијата кои се во миротворни мисии, но дека е уште погорда на нивните семејства и дечиња.
„Навистина, многу му благодарам на министерот за одбрана, бидејќи ова што се случува овде нè спојува со нивните родители и мислам дека нема да има погорди од нив на своите татковци во мисиите“, рече претседателката.
Сиљановска-Давкова им порача на мировниците да ја завршат работата професионално и дисциплинирано и да се вратат здрави и живи.
„Бидете во постојан контакт со нас и со вашите семејства и бидете сигурни дека во ваше отсуство ние ќе се грижиме за нив. Нашите мисли се со вас. Она што го правите навистина е за огромен респект. Од срце ви посакувам најубава 2025 година, вам, на вашите дечиња, на вашите семејства“, рече претседателката.
Началникот на Генералштабот, генералот Лафчиски порача дека на овој традиционален настан семејствата на мировниците имаат можност да видат како Армијата се грижи за своите мировници.
Преку видео конференциската врска говореа и претставниците на македонската Армија кои извршуваат задачи во мисијата на НАТО на Косово, КФОР, ЕУ операцијата во Босна и Херцеговина, АЛТЕА, мисијата на ООН во Либан, УНИФИЛ и мултинационалните сили на НАТО во Бугарија и Романија.
По неформалното дружење на семејствата на мировниците со претседателката Сиљановска-Давкова, министерот Мисајловски и генералот Лафчиски, на децата им беа поделени новогодишни пакетчиња.
Предновогодишната активност беше заокружена со традиционалното пристигнување на Дедо Мраз со хеликоптер и поделба на пакетчиња на децата на припадниците на Армијата и вработените во Министерството за одбрана.
Македонија
Седум години СДСМ не успеа ни 1 oтсто да го намали загадувањето, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Седум години СДСМ не успеа ни 1 oтсто да го намали загадувањето, реагира ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на која Катја Шукова од опозициската партија ја обвини власта дека не презема ништо за загадениот воздух.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивните прес-конференции каде што критикуваат за загадувањето на воздухот, се крајно лицемерни.
„СДС со нивниот криминален партнер ДУИ, наместо да се занимаваа со намалување на загадувањето на воздухот, тие гледаа како повеќе да го наполнат својот џеб. За разлика од нив, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку конкретни чекори ќе се бори против загадувањето на воздухот. Некои од мерките се, субвенции за инвертер клими, финансиска поддршка за еколошки технологии, пошумување и забрзана гасификација, како и иновативни решенија за одржлива иднина“, се вели во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ дополнително уверува дека се грижи за граѓаните и работи во нивен интерес.
Македонија
(Видео) Шукова: Најавите за корекција на цените се манипулација
Политиките на власта со така наречени кошнички доживеа дебакл и сите најави сега за некакви корекции се само уште една манипулација, рече потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова, одговарајќи на новинарско прашање.
Како што одговори, наместо намалување на цените и достапни производи, милиони евра се извлечени од џебовите на народот преку таканаречените „кошнички“.
„Основните производи поскапеа наместо да поевтинат и станаа луксуз за граѓаните, власта дозволи буквално грабеж. Оваа политика на Мицкоски ги турка семејствата во уште поголема економска несигурност, токму пред новогодишните празници. Прашањето е – што им должеше Мицкоски на трговците за да дозволи ваква пљачка врз грбот граѓаните? Само за шест месеци од оваа влада, животот на граѓаните се влоши драматично. Мицкоски се грижи за елитата и бизнис интересите, додека народот плаќа висока цена“, додаде Шукова.