Контакт

Свет

Нова кривична пријава за ОРКА за даночно затајување

Објавено пред

Скопското Јавно обвинителство потврди дека работи на обемниот предмет доставен од УЈП
Неофицијално, за овој случај сигурно ќе се поведе истрага, што се очекува во почетокот на идната недела

dobivaj vesti na viber

Скопското Јавно обвинителство потврди дека работи на обемниот предмет доставен од УЈП

Неофицијално, за овој случај сигурно ќе се поведе истрага, што се очекува во почетокот на идната недела

НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА

Даночно затајување во износ од еден милион евра е најновото дело за кое се товари холдингот ОРКА, во кривичната пријава што ја заработија неговите сопственици од Управата за јавни приходи. Извори од скопското Јавно обвинителство вчера официјално потврдија дека против Орце Камчев и неговиот татко Илија Камчев, пред неколку дена е доставена кривична пријава по повеќе основи од страна на УЈП.

Веднаш по информацијата за кривичната пријава, вчера со свое соопштение до јавноста експресно излезе и холдингот ОРКА. Во дописот, кој е потпишан од извршниот директор Илија Камчев, се нагласува дека овие обвинувања што се пласираат во јавните гласила се чисти невистини, како и дека се тие продолжение на хајката која против компанијата се води веќе три години од поединци од Министерството за финансии.

Во Обвинителството единствено објаснуваат дека станува збор за обемен предмет, па ќе биде потребен извесен период додека се обработи. Случајот сега Ј е предаден на работа на една заменичка на обвинителот.

Сепак, неофицијални извори тврдат дека истрага за овој случај сигурно ќе биде поведена, со оглед што постојат доволно релевантни докази, што значи дека надлежните од ОРКА ќе мора да одговараат за даночно затајување. Како што се дознава, покрај пријавата, до Обвинителството била доставена и “огромна кутија со докази и материјали”, за стореното дело.

Се очекува дека одлуката за поведување истрага Обвинителството ќе ја донесе во почетокот на идната недела. Иако предметот е обемен, ќе се направат напори, во интерес на јавноста, тој што побргу да се обработи.

Како што неофицијално се дознава, во даночното затајување од еден милион евра, дел се однесува за неплатен данок, а помал износ е за неоснован поврат на ДДВ, за претходните години. Кај делот затајување даноци, УЈП наводно имала наоди дека при изградбата на некои објекти од страна на сопствениците на овој холдинг, не бил пресметуван и уплаќан данокот согласно со законските прописи. За сомневањата, пак, за неоснован поврат на ДДВ, тоа се вршело во соработка со други компании, со кои холдингот бил во деловни односи. Се зборува дека во случајот се вмешани дури 40-ина други фирми, кои се познати имиња, но засега не се објавуваат. Имено, бил баран поврат на ДДВ за стока фактурирана фиктивно на овие компании, иако тие фирми претходно не го платиле данокот на додадена вредност.

Управата за јавни приходи лаже. Против мене не е поднесена кривична пријава, туку има само записник на УЈП за плаќањето даноци. Инаку, јас не сум менаџер, туку само акционер во ОРКА”. Ова беше првата реакција на Орце Камчев за “Утрински”, на прашањето како ја коментира пријавата. Потоа следуваше и официјално соопштение, во кое се вели дека за оваа компанија континуирано се искажуваат невистинити податоци, кои се фрапантни за јавноста и имаат една единствена-цел да се дискредитира угледот на најголемата приватна компанија, која вработува 1.200 работници во сите свои деловни единици, како и менаџерскиот тим.

“Јавно ја прашуваме УЈП дали сите даночни записници на сите даночни обврзници се објавуваат во медиумите, пред да има правосилна судска одлука? Дали ова не е притисок врз Јавното обвинителство и независното судство? Дали некој во УЈП ќе одговара за шпекулантските изјави цитирани во медиумите? Зошто во Министерството за финансии никој не одговара на жалбата на ОРКА од 10 јануари 2005 година, врз основа на записникот и зошто за неа молчи 90 дена, кога законскиот рок за одговор е 60 дена”, потенцираат во холдингот. Оттаму уште и енергично додаваат дека ниту ресорот за финансии, ниту УЈП, нема да можат да ја уништат нивната компанија. Сите медиуми, пак, се покануваат да дојдат во фирмата и да ги погледнат записниците, решенијата и бројките, пред да ги објават во јавноста.

Инаку, ова е втор пат да биде поднесена кривична пријава за даночно затајување против оваа компанија. Првиот пат се работеше за незаконски поврат на ДДВ преку фирми-ќерки кои потоа се ставале намерно во стечај, за износ од околу два милиона евра. За тој случај “падна” тогашниот директор на скопската УЈП, Сезаир Реџепаѓик. Сега тие пријави се наоѓаат во судовите и се работи на истрага за нивно целосно расветлување.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка

Објавено пред

Од

Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.

dobivaj vesti na viber

Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.

„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.

„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Свет

Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск

Објавено пред

Од

Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.

dobivaj vesti na viber

„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.

Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.

„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.

Прикажи повеќе...

Свет

Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран

Објавено пред

Од

Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.

dobivaj vesti na viber

„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.

Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.

„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.

„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.

 

фото/депозитфотос

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот....

Топ9 часа

Уапсен жител на Богданци за убиство на сопствената мајка

Полицијата уапси 39-годишен жител на Богданци, осомничен за убиство на сопствената мајка. Според информациите од МВР,  денеска во Полициската канцеларија...

Македонија10 часа

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија12 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура12 часа

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија14 часа

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија14 часа

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија16 часа

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија16 часа

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет18 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет18 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет18 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија18 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа18 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија1 ден

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет1 ден

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет1 ден

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет2 дена

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет2 дена

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...