Економија
Продолжува растот на МБИ10
Вкупниот промет на денешното тргување на македонската берза изнесуваше 11.815.694,01 денари, од кои 3.440.181,01 денари беа реализирани преку тргувањето со државни обврзници.
Вкупниот промет на денешното тргување на македонската берза изнесуваше 11.815.694,01 денари, од кои 3.440.181,01 денари беа реализирани преку тргувањето со државни обврзници.
Официјалниот пазар оствари промет од 9.239.742,01 денари при реализирани 95 трансакции, додека на редовниот пазар прометот изнесуваше 2.575.952,00 денари, а беше реализиран преку 38 трансакции. МБИ10 непрекинато расте во последните четири трговски дена, така што вчера оствари пораст од 0,25%, достигнувајќи вредност од 2.930,42 индексни поени. МБИД прикажа негативни тенденција и при намалување од 0,28% неговата вредност изнесуваше 3.165,73 индексни поени. ОМБ оствари минимално намалување од 0,02% при вредност од 110,03 индексни поени.
Имаше и тргување во вредност од 5.800,00 денари со приоритетните акции на Комерцијална Банка Скопје, при што беа истргувани две акции со вредност од 2.900,00 денари, резултирајќи со дневно намалување од 7,05%. Убедливо најтргувана хартија од вредност беше државната обврзница за денационализација од осмата емисија со промет од 3.440.181,01 денари, што претставуваше 29,1% од вкупниот промет. Просечната цена од 84,83% значеше намалување од 0,05% на дневна основа. Истргувани беа 65.937 обврзници кои се реализираа преку 8 трансакции. Втора со промет од 1.514.620,00 денари беше Алкалоид Скопје. Просечната цена од 4.949,74 денари беше доволна за умерен пораст од 0,25%. Ценовниот распон се движеше од 4.921,00 денари до 4.970,00 денари. Истргувани беа вкупно 306 акции кои се реализираа преку 24 трансакции. Трета според ликвидност од официјалниот пазар беше Гранит Скопје со промет од 1.108.260,00 денари. Просечната цена од 794,45 денари предизвика пораст од 0,95% на дневна основа. Распонот на цените се движеше од 790,00 денари до 800,00 денари. Истргувани беа 1.395 акции кои се реализираа преку 16 трансакции. Од редовниот промет најактивно се тргуваше со Тутунска Банка Скопје со промет од 1.222.645,00 денари. Просечната цена изнесуваше 4.949,98 денари, што допринесе само за минимален пораст од 0,01%. Истргувани беа 247 акции кои се реализираа преку 14 трансакции. Втора според ликвидност од редовниот пазар беше Македонски Телеком Скопје со промет од 873.210,00 денари. Просечната цена од 479,79 денари предизвика незначителен пад од 0,03%. Истргувани беа 1.820 акции кои се истргуваа преку 13 трансакции. Сопственикот на 91,71% од акциите на Статер Банка (групацијата Милестоне ЕХФ од Исланд) отпочна преговори со Централна Кооперативна Банка (групација ЦКБ од Р.Бугарија) за продажба на својот удел во Банката. Алкалоид АД Скопје континуирано вложува во освојување на поголемо пазарно учество на постојните и нови пазари во странство. За таа цел во 2010 година ќе изврши вложување во модернизација и автоматизација на постојното произовдодство во Република Србија. Вредноста на опремата и трошоците за набавка и инсталирање на истата во производниот погон во Земун ќе изнесува приближно 400 илјади евра. Вложувањето ќе се изврши во Алкалоид ДОО Белград, друштво кое е 100% сопственост на Алкалоид АД Скопје, по пат на зголемување на оснивачкиот влог. Со оваа инвестиција Алкалоид АД Скопје го зајакнува своето присуство на странските пазари со цел поголемо учество на извозот во вкупните продажби на друштвото. Пет најтргувани хартии од вредност1. Р.Македонија – Денационализација 08 2. Алкалоид Скопје3. Тутунска Банка Скопје4. Гранит Скопје 5. Стопанска Банка БитолаХартии од вредност со најголем раст1. Гранит Скопје 0,93% 2. Топлификација Скопје 0,45%3. Комерцијална Банка Скопје 0,34%4. Алкалоид Скопје 0,25%5. ОКТА Скопје 0,15%Хартии од вредност со најголем пад1. Бетон Штип 11,11%2. Жито Лукс Скопје 8,68% 3. Комерцијална Банка Скопје – Приоритетни 7,05%4. Македонијатурист Скопје 4,76%5. ФЗЦ 11 Октомври Куманово 2,63%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

