Свет
Куранот сепак запален
Освен сеќавањето на жртвите од терористичкиот напад на Њујорк и Вашингтон, деветгодишнината од нападот на Светскиот трговски центар, беше одбележана и со протест против изградба на исламски
Освен сеќавањето на жртвите од терористичкиот напад на Њујорк и Вашингтон, деветгодишнината од нападот на Светскиот трговски центар, беше одбележана и со протест против изградба на исламски центар во близина на местото на тажниот настан, а еден од учесниците во протестот ги палел страниците од Куранот.
Отакако пасторот Тери Џонс се откажа од спалување на Куранот, вчера еден од демонстранитите кинел страници од Куранот и ги палел.
Видеото е објавено на Јутјуб со предупредување дека се работи за потенцијално навредлива и непримерна содржина.
Стотици лица учествувале на вчерашниот протест, а бројот на демонстрантите бил приближно колку бројот на оние граѓани кои минатата недела излегле во знак на поддршка на изградба на исламски центар, кој воедно го поддржа и американскиот претседател Барак Обама.
Њујоршката полиција во непосредна близина на некогашниот СТЦ раздвојувала две групи на демонстранти, кои застапувале спротивни ставови. Иако ситуацијата била на работ на ескалација, до физички судири не дошло.
Холандскиот десничарски политичар Герт Вилдерс, на топлата демонстранти и се обратил велејќи дека исламот е ист со фашизмот и дека не смее да се случи изградба на исламски културен центар.
Демонстрантите од спротивната страна пак, тврделе дека протестите против изградбата на исламски центар е дел од кампањата која има за цел да шири омраза кон муслиманите.
„Навистина ми е страв од ова ширење на омраза во нашата земја. Дел од христијаните застануваат против другите вери и тоа е многу тажно. Муслиманите се Американци исто како нас и имаат право да си ја негуваат својата вера во САД, како и другите“, рекла 51-годишната Американка, Елизабет Михан, пренесува АП.
На свеченоста која претходно се одвивала роднините на загинатите од терористичките напади, гласно ги читале нивните имиња. Некои од нив рекле дека протестите за изградба на исламски центар на тој ден покажуваат непочитување на роднините на загинатите, а други пак дека тоа е вистинскиот ден за протести против изградбата./крај/ихр/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

