Црна хроника
Старец паднал од височина додека разговарал, се наоѓа во животна опасност

Старец од пробиштипското село Добево во саботата паднал од патот од височина од околу 2,5-3 метри додека разговарал со лица кои растоварале вреќи од камион.
Несреќата се случила околу 10.30 часот, кога седумдесет и деветгодишниот старец во еден момент додека разговарал паднал од патот и се здобил со повреди на главата.
Повредениот со медицинско возило на рудникот Злетово, кое минувало случајно, бил однесен во брза помош во Пробиштип, од каде во неконтактибилна состојба, бил пренесен во Клиничка болница во Штип.
Таму му била констатирана тешка телесна повреда –скршеница на черепот со крварење на мозокот и истиот е во животна опасност, и ќе биде задржан во Клиничка болница-Штип на понатамошно лекување./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.