Македонија
Максимална температура од 39 степени
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена локална облачност и слаб до умерен северозападен ветер, а метеоролозите најавуваат максимална температура од 39 степени во Гевгелија.
Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена локална облачност и слаб до умерен северозападен ветер, а метеоролозите најавуваат максимална температура од 39 степени во Гевгелија.
Минималните температури во земјата ќе се движат од 11 до 21, а максималните во распон од 29 до 39 степени.
Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала локална облачност и со максимална температура од 35 степени.
УВ зрачењето ќе биде на високи 8 степени./крај/ухмр/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Цените останаа превисоки, граѓаните ги поминаа празниците потешко, велат од СДСМ
„Не гледаме дека има контроли и инспекции, власта и досега имаше време да го направи тоа“, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Повеќе пати СДСМ реагираше и ја известувавме јавноста за една класична манипулација со кошничката којашто ја воведе власта. Прво им дозволија на трговицте да ги покачат цените а потоа ги замрзнаа цените онакако како што беа покачени. Самите граѓани овие празници ги поминаа потешко, цените навистина беа повисоки. Дури и за основните производи кои што секој треба да ги има за овие празници на маса. Да видиме дали воопшто ќе има контроли. Дали власта ќе покаже дека е на страна на граѓаните или дефинитивно ќе се потврди фактот дека се на страна на трговите“, одговори Кузеска.
Македонија
(Видео) СДСМ нема да ги поддржи интереплациите на ДУИ: „Не се потребни нови етнички поделби“
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска кажа дека партијата нема да ги поддржи и нема да гласа за интерпелациите што се поднесени од ДУИ.
„Да. Остануваме на ставот, тоа е и одлука на Извршниот одбор на партијата, нема да ги поддржиме и нема да гласаме за интерпелациите што се поднесени од ДУИ. Не се потребни нови поделби по етничка основа, за поднесување на интерпелација потребно е да се видат критериумите и секако сите оние аргументи коишто се поврзани со лошото работење на некој министер за да може да бидат тие поднесени и да бидат поддржани а не по етничка линија. Пратеничката група на координација ќе ги усогласи настапот на седницата“, одговори Кузеска на новинарското прашање.
Македонија
Во ДУИ единствено се загрижени за спас од кривична одговорност на криминалците во нивните редови, реагира ВМРО-ДПМНЕ
„ДУИ се свесни дека со нив е завршено. Реториката на ДУИ е веќе видена и прочитана. Нашите сограѓани Албанци не паѓаат на таквите реторики на ДУИ, затоа што знаат дека ДУИ, единствено за што се загрижени е да ги спаси од одговорност пред правосудните органи криминалците во нивните редови“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на ДУИ.
„Тоа најдобро го отсликува случајот со нивниот, сега веќе поранешен, висок партиски и државен функционер во бегство, Артан Груби.
Македонските граѓани многу добро знаат дека додека ДУИ 22 години на власт овозможи привилегии и богатство на високите нејзини функционери и на нивните роднини и пријатели, обичните Македонци, Албанци, Турци, Роми егзистенцијата ја бараа по западно европските држави.
Реториката на ДУИ, со која се обидува да поттикне некаква политичка тензија и меѓуетничка нетрпеливост, нема да помине. Затоа што сите знаат, а најдобро албанските сограѓани, дека стекнатите колективни права во државата не се и никогаш не може да бидат загрозени.
Единствени кои се чувствуваат загрозени се поранешните државни функционери од редовите на ДУИ кои се огрешиле пред законот, затоа што знаат дека Македонија се трансформира и дека правна држава и одговорност за сите ќе има“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ