Македонија
Франција ќе поддржи укинување на визите за Македонија

Франција ќе поддржи укинување на визите за македонските граѓани и подготвена е да помогне земјата да го добие местото во ЕУ, кое го заслужува
Франција ќе поддржи укинување на визите за македонските граѓани и подготвена е да помогне земјата да го добие местото во ЕУ, кое го заслужува.
Ова го истакна францускиот министер за миграција, интеграција и национален идентитет Ерик Бесон на средба со македонскиот премиер Никола Груевски, денеска во Париз, јави македонската телевизија.
Според истиот извор, францускиот министер посочил дека официјален Париз ќе поддржи безвизен режим за Македонија кога за тоа ќе дојде соодветен момент.
– Не можам да кажам кога точно ќе се случи тоа, бидејќи ние не сме тие кои ги поставуваат роковите. Сите информации велат дека Европската комисија (ЕК) ќе даде позитивен извештај за укинување на визите, изјавил Бесон.
Франција дефинитивно застана зад визната либерализација за Македонија. За тоа направиме многу реформи, исполнување на стандарди и сите три оценки мисии на ЕК дадоа позитивни извештаи, изјавил премиерот Груевски.
Договорено е Македонија и Франција да потпишат договор за миграција, во октомври кога во Скопје треба да пристигне францускиот министер за миграција, интеграција и национален идентитет Ерик Бесон.
Оценувајќи дека Македонија го заслужува своето место во ЕУ, Бесон посочил дека Франција е подготвена да и помогне на земјата во процесот на вроинтеграција.
Поддршката на Париз ни е од исклучително значење и особено ја цениме, бидејќи Франција е голема и значајна држава во Европа“, укажал Груевски.
Македонскиот премиер Никола Груевски, кој е во официјална посета на Париз, попладнево треба да биде примен од претседателот на Франција Никола Саркози. /крај/мтв/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу половина час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата изнесува околу 40 минути, додека на граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути.
На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Незгода на патниот правец Бошков мост – Дебар, сообраќајот во прекин

На патниот правец Р1202 Бошков мост – Дебар поради случена сообраќајна незгода сообраќајот е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Македонија
СДСМ: Мицкоски да каже за парите од осомничени од Кочани кои завршиле во ВМРО-ДПМНЕ, да не се секира за нашата стратегија

„Кога наместо да деде одговор на конкретно поставено прашање во врска со донации кои неговата партија ги добивала од сега осомничен за трагедијата во Кочани, Мицкоски би требало да одговори на тоа прашање наместо да се секира за нашата стратегија“, велат од СДСМ.
„За нас најважна е вистината и разобличувањето на обидот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да ја затскријат вистината за трагедијата во Кочани, но и обидот да ги сокријат нивните партиски функционери од одговорност.
Дополнително, апелираме до Христијан Мицкоски да не се секира за нашата стратегија премногу. Се оптеретува, и тоа е очигледно. А никој не сака премиер кој наместо да е оптеретен со подобрување на животот на граѓаните е оптеретен со СДСМ.
Еве и еден бесплатен совет до Мицкоски – најлоша комуникациска стратегија е стратегијата на лажење, манипулација и бегање од одговори. Реалноста Мицкоски не се поврзува со твоите пораки.
На пример, се уште никој не може да ги почувствува ефектите од четвртата најдобра економија во светот.
Никој се уште не може да ги почувствува придобивките од наводното зголемување на платата.
Сите ги чувствуваат ефектите од рекордните задолжувања, инфлацијата и безочното трошење на пари за папаја, манго, бејби биф, приватни авиони и скапи хотели. Парите на граѓаните се потрошени на луксуз за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ додека граѓаните живеат во најсиромашната и економски најслабата држава во Европската Унија.
Никој ги нема видено туристите за кои Мицкоски зборува дека биле за 20% повеќе. Дотолку што Охрид се соочува со најлошата туристичка сезона со години.
Мицкоски, нека не те лажат дека ти поминуваат пораките. Никој не го чувствува тоа што го зборуваш.
Уште еднаш да повториме, нема поголем предавник на Македонската идеја од врховизмот. Врховизмот е авторитарност“, соопшти СДСМ.