Македонија
Грчката заедница со писмо до Клинтон реагира за текстот за Македонија
Грчката Пан-македонска асоцијација од САД со писмо адресирано до државниот секретар Хилари Клинтон реагира за текстот „Скопје, Античка Македонија гради модерна демократија“, објавен во априлскиот број на списанието на Стејт Департментот.
Грчката Пан-македонска асоцијација од САД со писмо адресирано до државниот секретар Хилари Клинтон реагира за текстот „Скопје, Античка Македонија гради модерна демократија“, објавен во априлскиот број на списанието на Стејт Департментот.Во писмото испратено до Клинтон на 13-ти април, грчката организација се противи на претставувањето на денешна Република Македонија како наследник на Античка Македонија, што го оценуваат како навредливо и провоцирачко. „Дали Стејт Департментот имплицира дека ПЈРМ е наследник на историска Македонија? Сакаме да знаеме дали Соединетите Држави го доведуваат во прашање суверенитетот на Грција врз нејзините граници. Историска Македонија е во Грција и е неделив дел од грчката историја“, се вели во писмото. За оваа организација е спорно што текстот се нашол на насловната страница со слика од Охрид под наслов „Бисер Балкански“ „Иако разбираме дека локалните жители така го нарекуваат Охридското Езеро, сепак ‘Бисер Балкански’ е наслов на иредентистичка песна во ПЈРМ. Во краен случај, ова е несреќно избран наслов“, констатираат од Пан-македонската организација. „Доколку Соединетите Држави сакаат да градат нација во ПЈРМ, тие можат да го сторат тоа, но не на сметка на грчката историја и чуства“, се вели во писмото. /крај/со/ач
Охрид на насловната страна на „Стејт Магазин“>>
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски со претседателот на републиканците ја следеше инаугирацијата во Вашингтон
Премиерот Христијан Мицкоски ја следеше инаугирацијата на Трамп заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли.
„Заедно со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Ватли во ВИП ложата во Вашингтон ги следиме инаугуративните активности на новиот американски претседател, Доналд Трамп“, објави Мицкоски на Фејсбук.
Премиерот денеска присуствуваше на балот во Вашингтон, кој се одржа пред назначувањето на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, и на кој присуствуваа видни политички личности од повеќе земји од светот, како и познати бизнисмени.
Скопје
Нормализиран сообраќајот од средно Водно до св. Пантелејмон
Сообраќајот на патниот правец Р 2138 од средно Водно до св. Пантелејмон од 11.00ч. е нормализиран.
Регионалниот ЦУК (РЦУК) Скопје извести претходно дека од Општина Карпош вчера добиле информација дека патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно не беше безбеден за движење со моторни возило и апелираа истиот да не се користи поради голомразица.
Од 15.11.2024 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопштија од АМСМ.
Македонија
Мицкоски со Гренел: Се бориме за секој интерес на Македонија
За време на посетата на САД, во Вашингтон, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари повеќе активности и средби со истакнати личности од американскиот политички, општествен и економски живот.
Тој се сретна и со Ричард Гренел, нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.
За средбата Мицкоски истакна:
„Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија. Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план. Се бориме за секој интерес на државата.“, посочи Мицкоски.