Македонија
Меѓународниот ПЕН реагира за притворот на Кежаровски
Преседателот на Комитетот за писатели во затвор при Меѓународниот ПЕН Мариан Ботсфорд му испрати писмо на македонскиот министер за правда Блерим Беџети, во кое изразува загриженост за причините поради кои е уапсен, а воедно и продолжен притворот на новинарот на Нова Македонија, Томислав Кежаровски.
„Ние сме исто така вознемирени од извештаите дека некој судија извршувал притисок врз Кежаровски да го открие името на неговиот извор на информациите во неговата статија од 2008 година, и ќе го цениме вашиот одговор дали тоа е всушност случајот. Како што сте запознаени, Европскиот суд за човекови права во неколку наврати нагласи дека членот 10 од Европската конвенција за човекови права, ги заштитува не само суштината и содржината на информациите и идеите, туку и средствата за пренесување на истата“ пишува во писмото до Беџети.
Според нив, ако Кежаровски бил под притисок да го открие својот извор, со ова е прекршен членот 10 од Европската конвенција за човекови права..
„Меѓународниот ПЕН смета дека ако – како што излегува дека тоа е точно – единствена причина за продолжениот притвор без судење на Кежаровски е неговата работа како новинар, тогаш тој е задржан со повреда на неговото право на слободно изразување, кое е гарантирано со член 19 на Меѓународната конвенција за граѓански и политички права (ICCPR), која Македонија ја ратификуваше во 1994 година, членот 10 од Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП), која Македонија ја ратификуваше во 1997 година, и со членот 16 од Уставот на Република Македонија. Неговиот продолжен притвор, исто така, може да претставува повреда на неговото право да не биде судски притворен и изложен на фер судење, како што гарантираат членовите 9 и 14 од МКГПП и членовите 5 и 6 од ЕКЧП“ с евели во писмото/
Тој ги повикува македонските власти да работат во согласност со нивната законска обврска за да му гарантираат право на Томислав Кежаровски за слободно да се изрази, со тоа што веднаш ќе го ослободат од притвор и ќе му дозволат да продолжи со неговото новинарство без понатамошно неоправдано мешање.
„Би сакал да ја изразам загриженоста на Меѓународниот ПЕН во врска со нацрт-законот за медиуми за кој расправата е во тек, а за кој новинарите и медиумските работници во земјата се спротиставуваат. Ние разбираме дека тие се плашат дека предложеното регулаторно тело нема да биде ниту транспарентно ниту одговорно, додека се овластени да наметнат значителни парични казни и ќе имаат можност да цензурираат новинари. ОБСЕ коментираше „Делот за програмки и експертски мониторинг е ризик за постоење на застрашувачки ефект врз радиодифузерите“. Повторно, Ве поттикнувам да се осигурате дека нацрт-законот се разгледува, така што крајната форма нема незаконски да го ограничува правото на слобода на изразување“, се вели во писмото.
Томислав Кежаровски беше уапсен во акцијата Ликвидација, под сомнение дека во текст што ги објавил пред пет години во магазинот „Репортер 92“, наводно го открил идентитетот на заштитениот сведок./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“
Поголема минимална плата? Нема да има. Нема пари ниту за минимална плата, ниту за земјоделците, ниту за пензионерите, велат од СДСМ.
„Очигледно сите ќе мора да се навикнеме дека поголеми плати нема да има.
Ни доаѓаат „економски работници“. Според договорот кој го објавија британски медиуми треба да им се обезбедат плати, сместување, пензии. Ако нема работа мора да им се плати, што значи нема да има ниту за плати ниту за пензии. Така вели договорот.
Не, тоа не се мигранти. Економски работници. Затоа и Законот за странци го сменија.
Може да ги нарекуваме економски работници додека Мицкоски не им даде пасоши, а потоа ќе станат рамноправни граѓани на Македонија.
Што да се прави, договор си е договорот“.
Како што нагласуваат од СДСМ, засега во буџетот недостига само една милијарда евра.
„Само ВМРО-ДПННЕ не се грижи. Има пари до крајот на мандатот за уште криминални тендери“.
Македонија
Сиљановска-Давкова ја прими албанската министерка Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност
Регионот како целина треба да се интегрира во Европската Унија без натамошно одложување, заклучија на денешната средба претседателката Гордана-Сиљановска Давкова и министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во официјална посета.
Сиљановска-Давкова го поздрави напредокот на Албанија во пристапниот процес, укажувајќи дека во актуелниот геополитички контекст, напредокот на секоја земја има позитивен ефект врз регионалната евроинтеграциска динамика.
Претседателката потсети дека, по 20 години кандидатски статус, македонскиот пристапен процес станува исцрпувачки маратон, со постојано одложување на целта.
Таа потенцираше дека Копенхагенските критериуми мора да бидат единствените услови за членство и дека билатерализацијата создава опасен преседан, овозможувајќи блокирање на европскиот пат и на други земји кандидатки.
Албанската министерка искажа силна поддршка за македонските евроинтеграции и уверување дека земјите од Западниот Балкан споделуваат идентични цели и вредности и треба заеднички да чекорат кон европското семејство.
Обете се согласија дека регионалната соработка е клучна за стабилноста, добрососедските односи и
инфраструктурното поврзување, а особено за реформски процеси неопходни за членството во ЕУ.
Во трилатералниот меморандум потпишан меѓу нас, Бугарија и Албанија, препознаваме јасно дефинирана временска рамка и динамика за реализирање на активностите врзани за Коридорот 8.
Воспоставувањето на систем со едно застанување „One Stop Shop“ на сите гранични премини меѓу двете земји, сметаат дека ќе придонесе за брза заедничка контрола и јакнење на меѓусебната соработка.
Соговорничките укажаа на потребата од засилена економска соработка и се заложија за продолжување на одличната соработка во НАТО.
Почитувањето на правата на малцинските заедници е додадена вредност за пријателските македонско-албански односи.
Македонија
МЗШВ: Исплатени се 335.963.096 денари кон 1.211 сточари
Денеска е извршена исплата на средства во вкупен износ од 335.963.096 денари кон 1.211 сточари, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
„Во однос на корисниците на кои не им се исплатени средства по основ на субвенции за 2023 година, информираме дека е потребно истите да се обратат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со цел да се изврши детална проверка и разгледување на секој поединечен случај. Грижата за земјоделците продолжува“, велат од таму.

