Контакт

Македонија

Акција за крпење на улиците низ Скопје

Објавено пред

Еднодневна акција за крпење на ударните дупки на коловозите низ Скопје ќе се одржи во недела, а ќе се одвива истовремено во сите скопски општини.

dobivaj vesti na viber

Еднодневна акција за крпење на ударните дупки на коловозите низ Скопје ќе се одржи во недела, а ќе се одвива истовремено во сите скопски општини. Екипите на фирмата „Изолација“ в недела ќе работат на улиците Лазар Личеновски и Самоилова, како и на булеварот Илинден, од Зоолошката градина до улицата Никола Парапунов, на булеварот Никола Карев, од улицата Скупи до излезот на Скопје кај Хиподром и на булеварот 8 Септември. Работниците на фирмата „Бауер“ ќе пополнуваат ударни дупки на булеварите Џон Кенеди и Македонско-косовска бригада и на улиците Лазо Трповски и Шуто Оризари. Градежната фирма „Пелагонија – Гостивар“ ќе работи на улиците Ѓорче Петров, 4 Јули и на Социјалистичка зора. Екипите на ЈП „Улици и патишта“ ќе асфалтираат ударни дупки на булеварот Партизански одреди, од Соборната црква до крстосницата со булеварот 8 Септември, на улиците Маџари, Мариовска, Атанас Митрев и на Инџиковски пат, како и на булеварот Свети Климент Охридски. Во големата еднодневна акција на Градот Скопје за крпење ударни дупки на коловозите на градските улици ќе бидат вградени околу 130 тони асфалт и закрпени околу 1.000 квадратни метри коловоз. За крпење на ударните дупки во оваа акција Градот Скопје ќе потроши 6 (шест) милиони денари. Големата акција за асфалтирање на ударните дупки на коловозите се спроведува во недела заради намалениот обем на сообраќај во градот. На улиците на кои што ќе се асфалтира ќе се воведува привремен режим на одвивање на сообраќајот. Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон привремениот сообраќаен режим и да ја почитуваат поставената патна сигнализација. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Коцевски тврди дека истрагата за Кочани не е селективна, а можно е да биде проширена

Објавено пред

Jавниот обвинител Љупчо Коцевски, тврди дека нема никаква селективност во истрагата што се води за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

dobivaj vesti na viber

Најави дека е можно евентуално дополнително проширување на истрагата, но тоа би зависело и од доказите што ќе бидат обезбедени. Коцевски соопшти дека обвинителите во Скопје и во Кочани се’ уште вршат распити, се сослушуваат сведоци, но не би требало да дојде до пролонгирање на рокот за завршување на истрагата и подигнување обвинение.

Прашан дали се истражува рацијатата во дискотеката и дали ќе бидат опфатени тогашниот началник на ОВР Кочани и СВР Штип кои се разрешени, Коцевски одговори дека истрагата што се води е во исклучително важна фаза сега и не може да изнесат повеќе детали.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за Кочани и да не ја политизира трагедијата

Објавено пред

Пратеничката група на СДСМ денеска до Собранието ќе го достави Законот за Кочани со кој се предвидува финансиски надоместок и поддршка за семејствата што загубија своите најблиски во трагедијата во Кочани, како и за семејствата што имаат свој член повреден во стравотниот пожар во дискотеката „Пулс“.

dobivaj vesti na viber

Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање. Тој јавно го повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи законот, потенцирајќи дека неговата цел не е политизација на трагедијата, туку заедничка работа за доброто на граѓаните.

„Имаше еден коментар од ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го поддржат законот и искрено верувам дека тоа не е знак дека не сакаат да им се помогне на семејствата. Јавно повикувам да седнеме заедно и да го разгледаме и да го поддржиме законот. Подготвени сме, ако треба и да се модифицира“, истакна Филипче.

Филипче нагласи дека партиите треба да покажат обединување по трагедијата во Кочани и дека треба да работат заедно на унапредување на системот за во иднина ваквите трагедии да не се повторуваат.

„Предлог законот нема за цел да ја политизира трагедијата. Ги повикувам заедно да го донесеме законот, и не сметам дека таа изјава дека нема да го поддржат, е во насока на политичка конфронтација“, повтори Филипче.

Претседателот на СДСМ појасни дека подготвеното законско решение е квалитетно и во него се предвидени финансиски надоместок за семејствата коишто изгубија членови на семејствата, финансиски надоместок за сите кои коишто имаат трошоци за лекување, поволности за децата коишто сега губат настава од училиштата и друго.

Законот ќе биде поднесен во редовна собраниска процедура со цел да има простор да се вклучат повеќе чинители со свои коментари што ќе придонесат за унапредување на законското решение.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ како најбрзорастечка партија во Македонија

Објавено пред

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска одржа прес-конференција.

dobivaj vesti na viber

„Од моментот на влез во политиката до крај ќе работам врз база на основни лични принципи на работа, засновани на начелата за чесност отчетност и одговорност. Во континуитет со години, а интензивно од локалните избори до денеска од страна на поединци, менаџирани и мотивирани од луѓе заглавени до гуша во криминал, поранешни премиери, министри и актуелни самопрогласени лидери на опозицијата, јас и тимот околу мене сме напаѓани со неосновани клевети и лаги за наводни злоупотреби. Целта на оваа кампања на СДСМ не сум лично јас, туку преку мене политичкиот субјект кој е најбрзорастечка партија во Македонија, а тоа е Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.
За да биде иронијата поголема тоа го прави СДСМ – партијата на неспособноста, криминалот и националното предавство“, рече Димитриевски.

СДСМ, според него, нема кредибилитет да зборува за правда.

Паниката, додава тој, го прави своето.

„Еве ја вистината: Земјиштето за кое што ме обвинуваат е сопственост на моето семејство кое е наследство од моите предци со турска тапија. Тогашната парцела изнесувала 18 илјади м2, државата по пат на денационализација на членовите од моето семејство им вратила само 1200 м2 земјиште и 4800 м2 коишто се платени со државни обврзници по цена од 800 ден/м2, што значи дека мојата фамилија загубила 12000м2 сопствен имот. Актуелниот ДУП е донесен во 2010 година, во времето на поранешниот градоначалник Зоран Дамјановски-ЦИЦ од СДСМ. Со новиот ДУП постоечката парцела и габарити не се менуваат. Предметното земјиште за кое сега неосновано ме обвинува СДСМ е со вкупна површина од 1200 м2, тоа било во сопственост на членови на моето семејство и изнесува само 2,8 проценти од вкупната површина на парцелата во ДУП-от“.

Димитриевски појасни дека инвеститорот ЛИДЛ МК направил преддоговор за откуп на имотот од таа парцела во ДУП -от на 23.02.2024 година и договор за купопродажба на земјиште од 1200м2 на 26.01.2024 година. Врз база на тој преддоговор инвеститорот ЛИДЛ МК на 27.02.2024 година покренал иницијатива за усогласување на номенклатурата на постоечкиот ДУП согласно со новиот закон за урбанистичко планирање од 2020 година донесен од СДСМ.

Советот на општина Куманово донесе Одлука за усвојување на Нацрт ДУП-от и постапката е во тек, посочи Димитриевски.

„СДСМ веќе не е партија, тоа е остаток на мафија на кои им се тресе фотељата. Денеска сакам да им порачам, колку повеќе лажете, толку посилен ќе биде нашиот одговор. Времето на Заев, Спасовски и Филипче е завршено. Доаѓа време на одговорност за сите што ја злоупотребија државата“.

Во однос на ДУИ, тој потенцира: „Ставот на ЗНАМ е конзистентен. Нема соработка со нереформиран ДУИ. Јас не им должам ништо, ниту на ДУИ, ниту на СДСМ, ниту пак на нивните тајкуни. Токму затоа им пречам, затоа што не можат да ме купат, уценат, ниту пак да ме заплашат“.

Димитриевски ги повика институциите да го испитаат овој предмет. „Ги повикувам сите надлжени институции да го испитаат овој предмет до крај. Да ја испитаат целата фактичка состојба.
Доколку се утврди било каква кривична одговорност да поднесат кривични пријави против сите засегнати лица“, рече претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 минути

Коцевски тврди дека истрагата за Кочани не е селективна, а можно е да биде проширена

Jавниот обвинител Љупчо Коцевски, тврди дека нема никаква селективност во истрагата што се води за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во...

Економија18 минути

Дурмиши ги предупреди трговците: Ако има енормно зголемување на цените, ќе има поригорозни мерки

Нови поригорозни мерки ќе бидат воведени доколку државниот пазарен инспекторат утврди енормно зголемување на цените на производите откако се укинаа...

Македонија28 минути

Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ како најбрзорастечка партија во Македонија

Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска одржа прес-конференција. „Од моментот на влез во политиката до...

Македонија56 минути

Апасиев од Москва: „Нашите дедовци, партизаните, се бореа рамо до рамо со народите на Советскиот Сојуз“

На покана на претседателот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ) Генадиј Зјуганов, претседателот на Левица, Димитар Апасиев заедно со...

Македонија2 часа

Филипче за можната коалиција со ДУИ и со Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Лидерот на опозицискиот Социјадемократски сојуз (СДСМ) не ја исклучи можноста за коалиција со Демократската унија за интеграција (ДУИ) и со...

Македонија3 часа

30-годишник призна вина за ширење омраза: коментирал објави за Парадата на гордоста во Скопје и повикувал на насилство

Постапувајќи по поднесен обвинителен предлог од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која осуди едно...

Топ3 часа

Изгоре стан во Кичево, загина жена

Жена загина синоќа во пожар во својот стан. Пожарот избил на улицата 4 Јули во Кичево, а починатата е 72-годишна...

Македонија4 часа

„Влен“: Таравари украде пратенички мандати на граѓаните во име на промената, а сега се обидува да ги фрли во казанот на ДУИ

ДУИ не може да се дефинира поинаку освен како казан во кој вријат кражби, криминал и корупција. Токму во тој...

Македонија5 часа

ДУИ разочарана: Преку самопонижување албанските партнери од коалицијата „Влен“ ги понижија сите Албанци

„Демократската Унија за Интеграција изразува длабоко разочарување од однесувањето на албанските коалициски партнери на ЛЕН во власта. На јавна сцена...

Свет6 часа

(Видео) Речиси 80 студенти уапсени на пропалестински протест во САД

Полицијата, на барање на службеници на Универзитетот Колумбија, вчера уапси десетици студенти кои окупираа дел од главната библиотека на колеџот...

Регион6 часа

Вучиќ објасни по кој пат стигнал во Русија: Наместо да ја разберат позицијата на Србија, некои западни претставници испраќаат закани

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера пристигна во Москва. Вучиќ утре ќе присуствува на одбележувањето на Денот на победата во руската...

Свет6 часа

„Њујорк тајмс“: Трамп денес ќе го објави трговскиот договор со Велика Британија

Американскиот претседател Доналд Трамп денес треба да објави дека САД ќе се согласат на трговски договор со Обединетото Кралство, изјавија...

Европа7 часа

Студент со секира упаднал во универзитет во Варшава, убил вработена

Жена е убиена со секира на универзитет во Варшава, соопштија полските власти. Инцидентот се случил вчера околу 18:40 часот. по...

Свет7 часа

Нетанјаху: Со сигурност знаеме дека 21 заложник се живи, за тројца постои сомнеж

Израел со сигурност знае дека 21 заложник што ги држи Хамас во Појасот Газа се живи, објави израелскиот премиер Бенјамин...

Европа7 часа

Зеленски: „Украина стои зад својата понуда за 30-дневен прекин на огнот“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина стои зад својот предлог за 30-дневен прекин на огнот со Русија, иако официјална...

Македонија20 часа

Македонија да не биде жртва на притисоци и да не трпи изнуди за ЕУ, порача Милановиќ

Македонија да не биде жртва на притисоци и да не трпи изнуди кога е во пршање членството во Европската Унија,...

Македонија22 часа

Движењето ЗНАМ до СДСМ: Крадецот вели – држете го крадецот, ние сме дома и градиме за нашите граѓани, а не во Дубаи

Ја разбираме очајната состојба во која се наоѓа СДСМ, во својата безидејност, во својот слободен пад како партија на македонската...

Македонија22 часа

Сиљановска – Давкова со Милановиќ: Ветото ќе предизвикува проблеми, ние инсистираме и си го бараме местото во ЕУ, да речам дека се надевам утре да наидеме на разбирање – ќе згрешам

Во рамки на официјалната посета на хрватскиот претседател на нашата земја беше одржана заедничка прес-конференција на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и...

Економија23 часа

Со 90 отсто сигурност кај нас нема да се случи прекин на струјата како во Шпанија и Португалија, вели министерката Божиновска

Прекин на струјата како оној што ги парализира Шпанија и Португалија минатата недела со 90 отсто сигурност нема да се...

Македонија1 ден

Крупен град, силен ветер и пороен дожд: невреме го зафати Дојран

Пред 20-ина минути Дојран беше зафатен од невреме проследено со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и крупен град, информираат...