Свет
Десетмина убиени во американски ракетен напад во Пакистан
Во осмиот по ред напад за две седмици на американско беспилотно летало убиени се најмалку десет милитантни, соопштија пакистанските власти
Нападот се случил во пакистанската племенска област Северен Вазиристан крај границата со Авганистан, при што цел бил објект на исламско верско училиште за кои разузнавачите имале информации дека им служи како засолниште на исламистичките бунтовници. За дел од ликвидираните постојат сомневања дека биле вмешани во нападот на американската база во Авганистан од крајот на декември, кога беа убиени седум агенти на CIA.Идентитетот на загинатите во последниот напад на американско беспилотно летало, се’ уште не е соопштен.Американските медиуми забележуваат дека нападот доаѓа откако американскиот специјален претставник за Пакистан и Авганистан, Ричард Холбрук, посети региони на пакистанска територија.Вашингтон најчесто ги премолчува овие ракетирања, иако официјални претставнци во минатото јавно изјавија дека тоа го сметаат за успешна тактика напоменувајќи дека во нападите досега се ликвидирани неколку врвни оперативци на Ал Каеда, како и лидерот на пакистанските талибани, Бејтула Мехсуд. Исламабад, формално се противи на тајните операции во кои се вклучени американските беспилотни летала, протестирајќи дека со тоа се крши неговиот суверенитет и дека тоа ќе го поттикне антиамериканско расположение во државата што ќе претставува голем притисок врз владата. Сепак, повеќето аналитичари сметаат дека пакистанските власти премолчено даваат одобрение за ваквите американски акции, бидејќи САД притиска заради страхувањата воениот нуклеарен потенцијал на државата да не падне во рацете на исламистичките бунтовници.Во средата, на заедничката прес-конференција со Холбрук, пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Махмуд Куреш не ги отфрли сосема прашањата за одобрение на неговата влада за ракетни напади, но нагласи дека постојат „црвени линии“ кои Вашингтон не смее да мине.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Либанците да останат во својата земја, повика папата Лав Четиринаесетти
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти денеска ги повика Либанците да „останат“ во својата земја, каде што економскиот колапс ја засили масовната емиграција, и повика на „помирување“ за надминување на длабоките поделби во Либан.
Папата, кој дојде во Бејрут од Турција, донесе порака за мир во Либан, земја која стравува од враќање на отворениот конфликт со Израел.
Во говорот во претседателската палата кратко по неговото пристигнување, папата ја нагласи потребата да се работи за „мир“ без да ги спомне регионалните тензии или неодамнешните израелски бомбардирања.
Тој, исто така, ја нагласи потребата властите и институциите да препознаат дека „општото добро е поголемо од доброто на која било група“ и ја повика владејачката класа да „му служи на народот со посветеност и преданост“.
Свет
Зеленски: Ова се важни денови за Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски објави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
„Разговарав со Марк Руте и ќе разговараме повторно во наредните денови. Ова се важни денови и многу работи можат да се променат. Тесно се координираме и во нашите активности и во активностите на сите партнери, заедничките акции, заедничките позиции ќе бидат исклучително ефикасни. Ви благодарам за вашата поддршка“, напиша Зеленски на Телеграм.
Тој наведе дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Продолжуваме да бидеме во целосна координација со Европската комисија, благодарен сум за поддршката. Разговаравме за ситуацијата во дипломатијата и имаме заеднички став за клучните прашања. Исто така е важно што Урсула е многу внимателна кон потребата од зајакнување на нашата отпорност во услови на постојани руски напади врз инфраструктурата и енергијата. Ја ценам подготвеноста да ѝ се помогне на Украина!, напиша Зеленски.
Свет
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан
Папата Лав Четиринаесетти пристигна во Либан во рамки на неговата прва турнеја во странство, објави ДПА.
Светиот Отец пристигна попладнево во либанскиот главен град Бејрут, по посетата на Турција.
Посетата на папата се смета за причина за надеж за мир и стабилност во земјата загрозена од воени конфликти и зафатена од кризи.
Тој ќе се сретне со либанските лидери, ќе посети христијански објекти и ќе одржи литургија. Околу 30 отсто од населението на Либан се христијани, додека мнозинството жители се муслимани.

