Македонија
Студија за Положбата на жените во вооружените сили на државите од Западен Балкан
Министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, во вторникот во Домот на АРМ презентираше студија за континуирано унапредување на родовата рамноправност и перспектива во Армијата и положбата на жената во вооружените сили, а со цел да се променат досегашните стереотипите дека војската е машка професија.
Ова е процес со кој ќе се обезбеди отстранување на сите бариери за талентираните и квалификувани жени во однос на нивната желба, потреба и подготвеност за припадност на воената служба, истакна министерот за одбрана.
„Во изминатиот период моите претходници и јас вложивме значителни напори во јакнењето на капацитетите на механизмите за родова рамноправност, подобрување на условите за поефикасно привлекување, вработување и задржување на жените, што подразбира сензитивизација на припадниците и припадничките на вооружените сили за прашања од областа на родовата рамноправност“, рече министерот пред претставниците на УНДП, на Клирингхаусот на Југоисточна и Источна Европа за контрола на лесното вооружување, како и членови на регионалната работна група.
Воедно министерот Џафери посочи дека и покрај тоа што е постигнат голем напредок, министерствата и вооружените сили сè уште се соочуваат со низа предизвици, кои постепено ќе се надминуваат во периодот кој претстои. Токму студијата, додаде министерот, ќе ни послужи како одлична основа при донесувањето на одлуките во однос на целосната примена на Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ООН.
Според заменикот на постојаниот претставник на УНДП во Скопје, Алесандро Фрачасети, застапеноста на жените во рамки на армиите на државите во Западен Балкан се движи од 6 до 9 проценти, и тоа главно на цивилни, медицински и административни позиции.
Иван Звержановски, координаторот на Клирингхаусот на Југоисточна и Источна Европа за контрола на лесното вооружување, пак, посочи дека сè уште постојат скриени бариери за развој на кариерите на жените во вооружените сили, но нивното детектирање овозможува и изнаоѓање на соодветни ефикасни решенија.
Целта на проектот од кој произлегува студијата е интегрирање на прашањата од областа на родовата рамноправност во процесот на реформа на секторот безбедност, со што ќе се придонесе кон негова поголема ефикасност, особено во овој регион./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

