Македонија
Дебата: Младите да учествуваат во донесувањето на предлог-Законот за млади
Во изготвувањето на Предлог- Законот за млади треба да учествуваат што поголем број млади, предлог-законот има многу слабости и недоречености.
Во изготвувањето на Предлог- Законот за млади треба да учествуваат што поголем број млади, предлог-законот има многу слабости и недоречености.
На денешната прва двочасовна трибина организирана од 39 младински организации на иста маса седнаа и дискутираа пратеници, претставници на невладини организации и млади.„Покрај дебатата која се случува во Собранието на Македонија истата сакаме да ја прошириме на повисоко ниво и во неа да се вклучат голем број на млади и младински организации. Креирањето на закон е голем чекор напред кон позиционирањето на младите во општеството но истиот неможе да биде превземен без вклучување на младите во процесот“ рече Дона Костуранова, Претседател на Младински образовен форум.
Пратеникот од Демократскиот сојуз, Павле Трајанов смета дека Законот треба да воведе основи за младинско организирање, а на младите да им биде оставено да бираат како да се организираат.
„Законот има крупни недостатоци. Владата има интенции да стави стеги на младинското организирање“ рече Трајанов.
„Она што ние сметаме дека е потребно за младите во Македонија е да се направи стратегија за млади која ќе ги решава проблемите на младите. Сметаме дека е потребно Националната стратегија за млади или да се ревидира или пак да се направат акциони планови со чија помош ќе се решаваат младинските проблеми“ изјави Тања Томиќ, пратеник од СДСМ.
„Она што треба да го разбере нашата Влада е дека ова се невладини организации, младинското здружување е партнер но не и дел од Владата, како партнер но не и како дел од законодавниот процес или производ на законодавен дом“ рече Ивон Величковски од Либералната партија.
Претставникот од владејачката ВМРО- ДПМНЕ смета дека организираноста на младите не значи исполитизираност.
„Организираност на младите не значи исполитизираност или искористување на младината како што гледавме неодамна, досега во Парламентот се зборуваше за пропадната штедилници, но никогаш не отвори дискусија за Закон за млади“ смета Стојан Лазаров, Член на Извршен комитет и Унија на млади сили ВМРО ДПМНЕ.
Дел од учесниците ја идентификуваа потребата од вклученост на средношколци и студенти во советите кои ги предлага овој закон поради загриженоста од вечна партизација на Унија на средношколци и Сојуз на студенти. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: Техничката влада не се укина за изборите во 2024 година за ДУИ да добие премиер
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, вечерва беше гостин во Тема на денот на Сител телевизија, каде се осврна и на актуелната тема за укинување на техничката влада за што истакна дека истата била воведена како привремено решение за кризата во 2015 година. Тој вели дека нејзиното укинување во 2024 година било спречено поради договор меѓу СДС и ДУИ со цел ДУИ да добие премиер, како што и се случи, и како што вели тој, беше спротивно на изборните правила и волјата на граѓаните.
„Во 2015 година оваа техничка влада беше договорена во еден сосема друг политички контекст и беше решение на една политичка криза. До следните редовни парламентарни избори ќе поминат 12 и пол години од таа политичка криза и од договорите кои што тогаш се правеа. Оваа техничка влада го надмина времето и причините за кои што беше создадена и ние сме единствена држава од нормалните демократии во Европа, која што го прави, и на ова треба да се стави точка и да заврши затоа што ни треба нормално функционирање на државата“, вели Николоски.
„Ние го инициравме тоа, но единствената причина зошто не се укина техничката влада за изборите во 2024 година беше договорот помеѓу СДС и ДУИ, да ДУИ добие премиер, и тоа се случи, Талат Џафери стана премиер, што беше вон сите изборни правила, и вон волјата на народот, и затоа завршија на избори како што завршија“, рече Николоски.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.

