Македонија
Потенцијалот на руско-македонската соработка да се искористи во целост
Постепениот развој на билатералната соработка меѓу Русија и Република Македонија во повеќе правци го одбележа почетокот на 2012 година.
Постепениот развој на билатералната соработка меѓу Русија и Република Македонија во повеќе правци го одбележа почетокот на 2012 година. Македонското раководството повеќе пати истакнуваше дека потенцијалот на руско-македонските односи продолжува да се зацврстува во интерес на народите на двете земји, пишува во вторникот руската агенција ИТАР-ТАСС во опсежниот текст за македонско-руските економски односи. Министерот за надворешни работи на РМ Никола Попоски изрази задоволство од „постојаното проширување на контактите меѓу владите на нашите држави “. Тој ја подвлече „динамичната соработка во областа на образованието, културата и туризмот“. Според него, Македонија му придава особено значење на градењето, развојот и зацврстувањето на пријателските односи со Руската Федерација и “тоа е поврзано не само со улогата што ја игра РФ на меѓународната арена, туку и со тоа што Русија претставува традиционален партнер на РМ“.„Во периодот што претстои ние планираме да го концентрираме своето внимание кон интензивирањето на економската соработка со РФ и кон привлекување на руски инвеститори во Македонија“ посочи Попоски. Тој додава дека потенцијалот на билатералните односи со Русија сé уште докрај не е реализиран. „Ние имаме намера да вложиме напори за зацврстување на трговските односи со РФ“, рече Попоски.Шефот на македонската дипломатија изјави дека годинава се планирани посети на највисокото раководството на Македонија во Русија „во текот на кои, покрај политичките прашања, детално ќе бидат разгледани и перспективите на економската соработка меѓу двете земји“. „Планирани се исто така и посети на ниво на министерства и други владини институции, како резултат на кои треба да бидат потпишани договори за отворање на културно-информативни центри во Москва и во Скопје, а исто така и за меѓусебно признавање на дипломите од високите образовни институции“, додаде тој.Лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија /ДПСМ/, кој е и претседател на македонската парламентарна група за врски со руската државна ДУМА, Иван Стоиљковиќ, смета дека „треба поактивно да се искористат контактите меѓу законодавните органи на двете земји, зацврстувајќи го нивото на билатерална соработка и разменувајќи го насобраното искуство“. „Во 2012 година јас планирам да ги вложам сите свои усилби во воспоставувањето на одржлива соработка со колегите од РФ“, рече тој.Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ, Љупчо Димовски, кој ја предводеше македонската делегација на московскиот саем “ПРОДЕКСПО-2012“ во средината на февруари годинава, разговараше со својата руска колешка Елена Скриник. Соговорниците се договорија да создадат работна група во сферата на земјоделството која ќе биде дел од Меѓувладината руско -македонска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка .Димовски подвлече дека „македонските земјоделци се заинтересирани за пласман на своите стоки на руските пазари, и наша задача претставува да им укажеме соодветна помош“. “Потоа исто така да привлечеме руски капитал во РМ со цел создавање на големи трговски центри за купување, сортирање и транспорт на земјоделски производи во РФ, –продолжи министерот. – Ако ги заинтересираме руските инвеститори, ние ќе им обезбедиме транспарентност на целиот циклус на производство на стоките, што ќе стане гаранција на неговиот квалитет и еколошка исправност“.Според мислењето на директорот на Македонско-руската стопанска комора, Дејан Бешлиев за активирање на билатералната соработка во областа на земјоделството „треба поактивно да се рекламираат македонските достигнувања во оваа сфера, користејќи ги притоа сите механизми кои ги поседува државата“. Според него тоа се „спроведување на маркетиншки истражувања, целисходни посети на специјализираните саеми во Русија, покана во Македонија на специјалисти и заинтересирани лица од Русија, објавување на рекламни материјали на руски јазик“.„Македонско руската стопанска комора игра значајна улога во поставувањето и развојот на економските односи со Руската Федерација – подвлече Бешлиев. – Потврда на моите зборови може да служи и тоа што ние бевме вклучени во составот на Меѓувладината руско-македонска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка. Ние имаме договор за соработка со Стопанската комора на Македонија, а исто така и со коморите од Москва, Самара, Ростов, Липецк, Воронеж и Сочи. Со наше директно учество, македонските производители ја претставија својата продукција и изменија искуство со руските колеги за многубројните саеми, кои се одржуваа во различни региони на Русија. Затоа и можам со сигурност да изјавам дека Македонско-руската комора претставува катализатор на развојот на двостраната трговска соработка меѓу нашите пријателски земји“.Позитивен момент во билатералните односи стана и наградата што на 17 февруари годинава и беше доделена на почесниот конзул на РФ во Македонија, Даринка Крстанова – Орденот на пријателство. Претседателот на РФ Дмитриј Медведев и го врачи ова престижно признание во Кремљ за нејзиниот голем придонес во развојот на руско-македонската соработка./крај/итар-тасс/аб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради појава на магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 70 метри има на патниот правец Дебар – Струга, од 100 – 150 метри на патниот правец Куманово – Крива Паланка и од 50 – 100 метри на патниот правец Велес – Катланово.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Фото: депозитфотос
Македонија
СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“
Поголема минимална плата? Нема да има. Нема пари ниту за минимална плата, ниту за земјоделците, ниту за пензионерите, велат од СДСМ.
„Очигледно сите ќе мора да се навикнеме дека поголеми плати нема да има.
Ни доаѓаат „економски работници“. Според договорот кој го објавија британски медиуми треба да им се обезбедат плати, сместување, пензии. Ако нема работа мора да им се плати, што значи нема да има ниту за плати ниту за пензии. Така вели договорот.
Не, тоа не се мигранти. Економски работници. Затоа и Законот за странци го сменија.
Може да ги нарекуваме економски работници додека Мицкоски не им даде пасоши, а потоа ќе станат рамноправни граѓани на Македонија.
Што да се прави, договор си е договорот“.
Како што нагласуваат од СДСМ, засега во буџетот недостига само една милијарда евра.
„Само ВМРО-ДПННЕ не се грижи. Има пари до крајот на мандатот за уште криминални тендери“.
Македонија
Сиљановска-Давкова ја прими албанската министерка Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност
Регионот како целина треба да се интегрира во Европската Унија без натамошно одложување, заклучија на денешната средба претседателката Гордана-Сиљановска Давкова и министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали, која престојува во официјална посета.
Сиљановска-Давкова го поздрави напредокот на Албанија во пристапниот процес, укажувајќи дека во актуелниот геополитички контекст, напредокот на секоја земја има позитивен ефект врз регионалната евроинтеграциска динамика.
Претседателката потсети дека, по 20 години кандидатски статус, македонскиот пристапен процес станува исцрпувачки маратон, со постојано одложување на целта.
Таа потенцираше дека Копенхагенските критериуми мора да бидат единствените услови за членство и дека билатерализацијата создава опасен преседан, овозможувајќи блокирање на европскиот пат и на други земји кандидатки.
Албанската министерка искажа силна поддршка за македонските евроинтеграции и уверување дека земјите од Западниот Балкан споделуваат идентични цели и вредности и треба заеднички да чекорат кон европското семејство.
Обете се согласија дека регионалната соработка е клучна за стабилноста, добрососедските односи и
инфраструктурното поврзување, а особено за реформски процеси неопходни за членството во ЕУ.
Во трилатералниот меморандум потпишан меѓу нас, Бугарија и Албанија, препознаваме јасно дефинирана временска рамка и динамика за реализирање на активностите врзани за Коридорот 8.
Воспоставувањето на систем со едно застанување „One Stop Shop“ на сите гранични премини меѓу двете земји, сметаат дека ќе придонесе за брза заедничка контрола и јакнење на меѓусебната соработка.
Соговорничките укажаа на потребата од засилена економска соработка и се заложија за продолжување на одличната соработка во НАТО.
Почитувањето на правата на малцинските заедници е додадена вредност за пријателските македонско-албански односи.

